Па праша вчера нели? Симптомите се исти и пред добиено и пред бременост. На денот кога треба да добиеш направи тест и ќе знаеш.
Девојки здраво, денес 2 ден како ми доцни и сеуште немам направено тест. Од симптоми прв пат немам никакви апсолутно. Обично секој циклус буквално си ги имам стандардните со болка во стомак, болни градини сл. а овој месец ништо. Ниту градите, ниту стомакот што ми е многу чудно. Дали до сега некој имал вакво искуство каде се случила бременост и разликата од минатите циклуси и овој е тоа што немале никакви ПМС симптоми??
Само минимални боцкања во стомак имав, ништо друго. Може да немаш симптоми и да си трудна, покасно може да се појават други симптоми во наредни месеци, секоја жена е различна.
Мене ми беше така. Секој месец пред добиено ме болело стомак, гради.. месецот кога останав бремена ништо. Ни стомак ме болеше ни гради ништо. Знаев одма што е. Само со еден ден каснење направив тест жар црвена линија имав
Ништо, направив сабајле ама негативен. Секогаш добивам на 27-28 дена и еве денес ми е 30 ден односно 2-3 дена веќе ми доцни ама ништо. Претпоставувам дека нема надеж, само треба да си чекам за да добијам