Не само што си бремена, туку и бременоста оди со перфектен тек. Ќе ти објаснам и зошто. Во неделата имаше бледа розева на лабоквик тест. Со оглед на тоа што минималната концентрација која ја детектира тој тест е околу 30, тогаш hcg ти бил околу 40тина. За бременоста да се смета за нормална, потребно е бетата да се дуплира правилно во рок од 24-48 часа. Конкретно кај тебе: Недела: околу 50 пример Понеделник околу 100 пример Вторник: околу 200 пример Среда: 400 пример Денес: 600 Совршено. Јас бројките ти ги пишав ориентационо и точно на 24 часа а нормално е дуплирањето да се случи за подолго, односно за 48. Заклучок: Со лесно
Девојки, не знам прашањето дали е за тука, но ми треба хелп. Во понеделник сум на ехо, а воедно и треба да се вратам на работа(да напоменам тешка физичка работа е, останувам сама на смена). Е сега за боледување, дали може првично да ми даде општ матичен лекар(а да не и направам проблем и неа), пошто гинекологот ми рече дојди во понеделник,па ќе видиме дали ќе останеш на боледување.
Дека сум бремена и настината,валда може да ми даде. Ради тоа што се плашат и тие од инспекции, ама да се надеваме дека ќе ми отвори, барем 2 недели
Се слушнав со матичната(општ), една недела ќе ми даде таа, до среда ќе земам денови од работа, и веќе по Велигден ќе ми отвори гинекологот