1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. skovii

    skovii Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Девојки јас сум нова..имам еден проблем и се надевам дека ќе ми помогнете..Па вака на 8 мај ја имав мојата последна менструација истиот месец на 23 имав односи со мојот дечко првин со заштита и тој почуствува дека ќе сврши па престанавме но тој не сврши после некое време повторно пробавме без кондом но неколку секунди а потоа тој стави кондом и докрај беше се со кондом и тој сврши во кондомот..Но еве вече сме 18 а мене сеуште не ми дошло па имали мознот да сум бремена..Мојот дечко тврди дека не свршил во мене..но зошто тогаш ми доцни а имам некои болки во долниот дел од стомакот..ве молам казете ми нешто бидејќи мн сум исплашена :sweat:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.854
    Допаѓања:
    202.961
    Пол:
    Женски
    Па направи си тест и барем ќе знаеш на што си. Поминало доста време од ризичниот однос, па тестот ќе покаже точно. Или пак, оди на гинеколог.
     
  3. skovii

    skovii Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ДА и јас планирам утре да си земам тест но се плашам од резултатите, затоа сакав прво ваше мислење..Дали постои шанса да сум бремена :/
     
  4. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    екстремно се ретки шансите некоја да забремени од предсемена течност , но можни. Тестчето ке ти ги реши сите дилеми.Позз
     
    На skovii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hera.87

    Hera.87 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите...
    Дали има некој вакво или слично искуство...
    Откако за прв пат добив менструација пред 13 години па се до денес ми е нередовна...Порано пиев хормонски апчиња за регулирање, но по негативните последици престанав...Можно беше да не добијам и по неколку месеци 3-5-7-9....Но од пред една година, добивам скоро секој месец, од 30-43 ден... Но овој месец не добив, а пред точно една недела имав кафеав исцедок 2-3 дена и како мали кафени парталчиња.
    Имам редовни односи, без заштита но со „пазење“ :)
    Наредната недела ке одам на гинеколог, но до тогаш сакав да се консултирам со некоја од вас.
    Пред два месеци правев хормонски испитувања и во ред се, а немам ни полицистични јајници.
     
  6. juventina

    juventina Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Драги девојки јас имам една огромна дилема многу би ми помогнале вашите мислења- имав секс со дечко ми недела дена пред да добијам и сврши во мене ова се случи неколку пати. Бидејки беше недела дена пред да добијам мислам дека не ми биле плодни денови но знам дека секогаш постои мозност. Добив најнормално со 2дена каснење но менструацијата ми траеше 3 дена само и многу малце ми течеше освен 2иот ден си ми беше најнормално.
    Она што ме плаши е дека откакко ми заврши добиеното ги осеќам многу натечени градите ко за пред добивање а прочитав дека тоа е еден од симптомите за бременост. Мислите ли дека е мозно да сум трудна и покрај тоа што добив бидејќи сум слушала и за такви случаи демек ако ептен си пред добивање ке добиеш тој месец но мозно е да останеч трудна. Ве молам некој поискусен да сподели мислење со мене многу ме фаќа паника.Фала ви најмногу!!
     
  7. ana1111

    ana1111 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    дали е можно да сум бремена? имам редовни сексуални односи без заштита. Последен пат добив на 2 мај, денес сме веќе 20 јуни, минатата недела имав силна вртоглавица како да се движеше земјата под мене,мислев дека е од стрес и топлото време не обрнав внимание.Сега чувствувам само мачнина и болки во градите, како пред да добијам. Дали може да се забремени од предсемена течност?
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    :o ти доцни скоро 1 месец, имаш незаштитени односи и уште немаш тест направено? Трк во аптека. Се случува да се поремети циклусот од времево, приметувам и кај себе, ама тебе бааѓи ти доцни. Можно е да си бремена, направи си тест. Ако е негативен, појди на гинеколог и провери ја причината за доцнењето.
     
  9. ana1111

    ana1111 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    се случува често да ми доцни. долго време сум со дечкото, веќе сме верени, така што и да се случи ќе биде ненамерно, но сакано, сепак ме фаќа паника!!! денес сигурно ќе направам тест!
     
  10. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Па јас на времето знам една другарка што беше бремена, што се чудеше и тврдеше дека забременила од предсемена течност и дека со дечкото ниеднаш не направиле беља внатре. Тогаш бевме доста млади, и прилично не уплаши тој муабет. Теоретски може доколку во неа имало залутан сперматозоид и се совпаднало со овулацијата во идеални услови, но сепак во пракса мислам дека е многу потешко. Доволно време поминало,можеш веднаш да направиш тест, треба да ти даде веродостоен резултат.
     
  11. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    И јас си ги видов двете дооооолго очекувани цртки пред неколку денови...
    сега сум веке влезена во 7 недела
    да им даде господ на сите што си ги очекуваат
    и уште ова....дали вас ве боли стомак??????
    мене дури и бааааајги ме боли,особено на вечер,пијам и магнезиум,ама пак боли ;(
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Симонче, најпрво ЧЕСТИТКИ, уште не си освестена од изненадувањето ама со секое следно идење на гинеколог ќе бидеш се посреќна. Инаку за болките, да боли, јас сум 10 недела и уште ме боли. Дали те болат и јајници или само стомакот? Мене и јајниците ме болат. Поздрав и се најдобро
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Честитки и од мене, добро дојде во клубот на тазе трудници :)
    Јас имав болки до кај 5-6 недела, последниве 2-3 немам и тоа не можам да кажам дека беа болки, повеќе беше како некој да ми боцка во јајникот со игла. И тоа не беше долготрајно туку периодично, неколку пати во денот по неколку минути, колку да ме потсеќа дека нешто се случува во мојот стомак :)
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.854
    Допаѓања:
    202.961
    Пол:
    Женски

    Ако направиш тест, ќе знаеш дали си бремена или не. Поминало доволно време за да биде веродостоен резултатот, па трк во аптека. А инаку, можно е да си бремена, ама тука не можеме сигурно да ти кажеме, тоа само тест или лекар ќе ти кажат точно ;)
     
  15. LeahN

    LeahN Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Е и мене вака ми е. А за болката во стомакоѕ на претходниот пост може да биде и од бешиката, така ме болеше првата недела, ама многу увин чај и од брусница и сега сум супер.
     
  16. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Е да и јас имам грчеви во стомакот, ама тоа ми е од нередовна столица што ме мачи последниве 2 недели, што била честа појава при бременост, бидејќи под дејство на хормони се успорувал цел дигестивен систем.
     
  17. Hera.87

    Hera.87 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите...
    Дали има некој вакво или слично искуство...
    Откако за прв пат добив менструација пред 13 години па се до денес ми е нередовна...Порано пиев хормонски апчиња за регулирање, но по негативните последици престанав...Можно беше да не добијам и по неколку месеци 3-5-7-9....Но од пред една година, добивам скоро секој месец, од 30-43 ден... Но овој месец не добив, а пред точно една недела имав кафеав исцедок 2-3 дена и како мали кафени парталчиња.
    Имам редовни односи, без заштита но со „пазење“ :). имам симптоми како за добивање и плус многу мокрам.
    Наредната недела ке одам на гинеколог, но до тогаш сакав да се консултирам со некоја од вас.
    Пред два месеци правев хормонски испитувања и во ред се, а немам ни полицистични јајници
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    823
    Hera колку и да пазиме тоа не е 100 % заштита од бременост. Е сега фактот што си имала проблеми со менструацијата и порано некако ми се чини дека може да е причината и сега. Од симптоми за бременост честото мокрење е дел од нив, ама се јавува покасно (барем кај мене) мислам дека тоа е од што бебчето расте и притиска. Друг симптом кој можеш да го забележиш сама е зголемено бело прање, чувствителни гради, променливо расположение. Како и да е секако ќе одиш на гинеколог па ќе си бидеш на чисто. Вака е многу неодговорно ние да погодуваме за нечие здравје или бременост.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.912
    Допаѓања:
    108.160
    Пол:
    Женски

    Почекај уште една недела па направи тест. Ова со мокрењето точно е дека се јавува подоцна во бременоста , бидејки притиска бебето , така и кај мене беше. :) А јас пред да одкријам дека сум трудна , имав симптоми како за добивање и никако да добијам. Но , немора да значи дека си трудна можеби од др. причини ти доцни.
     
  20. AngelSoul

    AngelSoul Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    по колку време е најдобро да се направи тест??