1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Dream-Girl, 20 март 2020.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.307
    Пол:
    Женски
    Се почесто може да се забележат прашања од типот кои се симптомите на Корона вирусот и како да се препознае.
    Со таа цел, оваа тема е наменета за лесно да бидат достапни досегашните симптоми кои се типични за овој вирус.
    FB_IMG_1584723921797.jpg

    Како што може да се забележи на оваа табела, најчестите симптоми за Корона вирусот се: треска, замор и слабост, кашлање. Исто така и сувото грло е симптом којшто е често забележан.
    А, неодамна прочитав иако не е напишано во оваа табела, бидејќи е скоро забележано, тоа е и отсуството на мирис и вкус кај пациентите со Корона кои веќе подолго време биле заболени со овој вирус.

    Но, кај некои од заболените пак нема никакви симптоми, да не го изоставиме и тој податок. Како што веќе знаеме, нема многу податоци за овој вирус, бидејќи е сè уште нов и не толку познат за нас. Од тоа што досега се знае се овие симптоми.

    Секако, вака можеби и делува како обичен опис и симптоми за сезонски грип, но пациентите што прележале Корона велат дека кашлицата која што ја почуствувале била невообичаена и лесно забележале дека нешто не е во ред со нив. Сепак, со еден клик на гугл можеме да прочитаме многу искуства на луѓе кои прележале Корона и опишуваат како се чувствувале.
    Еве дел од нив, кои можеби би ви олесниле да препознаете дали станува збор за Корона или не.

    https://www.google.com/amp/s/www.bu...ohio-woman-with-covid-19-wrote-viral-facebook
    https://www.google.com/amp/s/news.s...itish-sufferers-describes-his-ordeal-11950631

    Но, секако, ова се само искуства и сепак секој различно го прележува овој вирус, кај некои е без симптоми, кај некои пак има доста изразени симптоми.

    Доколку имате дел од овие симптоми, живеете во земји со висок или среден ризик, неодамна сте биле во странство или сте имале контакт со некој што бил во странство или пак некој со слични симптоми и се сомневате дека сте заболени од Корона, тогаш најдобро е да се тестирате.
     
    На Miki4eca, senjorita-v, MrenaRiba и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Ajla al

    Ajla al Нов член

    Се зачлени на:
    28 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Mozno he da sum zarazena premnogu kashlam pred 3 dena imav visoka temperatura ama od infuzijata mi spadna se plasham mnogu
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Доколку си била во земји кои се означени со висок степен на ризик , или си била во близок контакт со заразено лице , можно е . Провери ги досегашните симптоми , и спореди ги со оние на табелата споделена од членката погоре . Доколку ги имаш , тестирај се . Само тестот ќе покаже со сигурност . И те молам почитувај препораки на МЗ и СЗО . Да се заштитиме што е можно повеќе . За себе и за нашите блиски . Во оваа криза никој не може да не заштити , освен самите ние . Знаеме каква е состојбата во нашето здравство , докторите и сиот персонал дава се од себе , но капацитетот не е доволен за да не прими сите ( доколку дојде до тоа ) и тогаш се лекуваат оние со поголеми шанси . Хронично болните , и повозрасните се оставаат на милост и немилост .. За жал секаде во светот е така , не само кај нас .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ajla al

    Ajla al Нов член

    Се зачлени на:
    28 јули 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ne sum bila vo nikakov kontakt so lica od stranstvo nonstop sme doma samo do prodavnica I doma
     
    На Osamena devojka и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.550
    Допаѓања:
    47.758
    Пол:
    Женски
    Ја веќе психички имам корона.
    Пред некоја вечер трипав дека имам температура.
    Станувам да мерам 36,8
    Наредниот ден глава ме болеше не знаев дали пошто треба да добијам, дали од корона дали од настинка.
    Нос ми тече, кивам, поткашлувам.
    Носов и кивањево ми се утеха дека немам корона.
    Не сум била во контакт со лица од странство.
    Од 10ти навака само со 2 другарки се имам видено.
    И они се затнати и они кашлаат и нив им тече нос.
    Удара на нервна база многу..бар кај мене
    Не знам веќе од што ми е
     
    На DojaCat, marlonbrando69, queen007 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Истоо, два - три патии мерев и ко ќе видев 36.7 ми олесвеше хахаха. И нос ми течит и си викам добро е не е корона :rofl::rofl:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Можеби е само обичен грип или настинка , не паничи . Се надевам дека брзо ќе ти помине , и ќе ти олесни . Еве и јас сум постојано дома , единствено движење ми е до дуќан што не е ни 10 метри од мојот дом , буквално во двор ми е , и повторно дома , но сепак настинав . Поткашлувам , и имам главоболка ..
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
  9. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    41.171
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, цела недела не можам да го сопрам кашлањето.
    Значи не се работи за сува кашлица, немам ни температура, ниту главоболка, ниту пак чувствувам замор.
    Пиев и Бронлекс, и АЦЦ, и сируп од тегавец, ќе попрестане малку и пак ќе започне.
    Да напоменам кога се разболев имав и дијареа, урината ми беше црвена а на моменти и повраќам и лачам секрет од кашлање.
    Веќе во психа ми удара.
     
  10. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Леле иста и јас, скроз исти симптоми, плус што сум малаксана, ама јас малаксана сум 24/7/365. Моиве дома почнаа да се сомневаат дека имам корона
     
    На thelittle17 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.187
    Допаѓања:
    40.633
    Пол:
    Женски
    Јас кажав дека пред некој ден(преку викедот) маж ми имаше температура, два дена, предходна недела јас имав два дена ама мислев дека е воспаление на синуси, среќа не одев на работа и немав контакт со луѓе, притоа имав суво грло, болка во носот, блага температура и треска, болки во мускулите, и тоа го имав два дена исто и маж ми. Сега и двајцата поткашлуваме ама со балгами, ама она што направи да се сомневам дека може сме заразени е што немаме апетит, изгубивме осет за мирис и вкус и имавме дијареа на почетокот на неделата. Мене ми се враќа осетот за вкус и мирис полека, нему не. Не знаеме дали е корона ама секако сме во изолација, јас бев до маркет ама со маска и ракавици и наплатив на машината. Со други немаме контакт цела недела и предходно имавме само понеделник и вторник, односно јас бев на работа немав симптоми тогаш, се осеќаме добро, не сме загрижени, не сме малаксани, јас си вршам работи по дома. Може е обичен грип, може и не, тука не тестираат вака, ќе седиме дома и оваа недела и наредната па ќе видиме. Не ми е ова да ве паничам ама сакам да кажам дека искусувам нешто што мислам дека реално може е корона. Инаку колегите ги прашав никој нема никакви симптоми.
     
    На Doozy, Biljarkata, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.356
    Допаѓања:
    38.139
    Пол:
    Женски
    Дали стегање, притисок на градите е симптом на вирусот?
     
  13. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски

    Леле и јас исто јас од стрес имам дијареа, се друго во ред е, не осеќам ништо, не сум била во контакт со никого дојден од странство, од дома работам, но многу сум испаничена дека прочитав дека и дијареата е симптом не знам што да правам, како да тргнам мисли и сл.
     
    На Angie1432 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.550
    Допаѓања:
    47.758
    Пол:
    Женски
    Не се замарај пошто може и од нервна база да е
    Ја два дена се тресев безвезе еве ништо не ми е.
    И да поткашлам и да кивнам гајле ми е.
    Не сум у контакт дури ни со моите (буквално се гледаме само за јадење и до кујна ако отидам) така да лабаво
     
  15. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена ми помогна многу :) Свесна сум дека ми е на нервна база... но посилно е од мене ... :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.955
    Пол:
    Женски
    Не знам мислам дека не е ,ама и јас исто чувствувам притисок во градите,мислам дека е од анксиозност. Инаку и јас кашлам н со шлајмови,ми тече нос ,грлото ме болеше ама мене ми е последица од алергија на полен. Е до ситуацијата го додавам и тоа чувство во градите и ете ти паничен напад:(
     
    На CarrieBradshow и kristina.k им се допаѓа ова.
  17. Iv.c

    Iv.c Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Simptomi....
    Sto povece gi citam povece gi imam :doh:
    Dali zabolenite od MS se rizicni od corona
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Еве наводно кивање и течење нос не се симптоми. Но што ако некој е настинат а е и заболен од вирусот, па и покрај симптомите за корона, ги има и првите два што ги споменав?
     
    На Korija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    17.453
    Пол:
    Женски
    А како кажуваат имало некои без симптоми а позитивни на корона? Страшно... :doh:
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    26.704
    Симптомите најчесто по колку дена се појавуваат?
    Знам дека период на инкубација е 14 дена. Ама, обично во поголем дел по колку дена се појавуваат?