Па треба да го пресечеш во корен и готово. Нема што да се објаснуваш или да го толерираш некого што ти соли памет и ти крои сметка за тоа кога треба да стапиш во сериозна врска или брак, па макар била и мајка ти. А посебно пак некој “другар/гругарка/познаник/школски/колешка итн. што јасно е колку очајнички брак или врска има па нашол неговите фрустрации да ги лечи со тоа што тебе ќе те “советува“. За таквите само сечење во корен- т.е. го напаѓаш, му кажуваш дека не е тој компетентен да те советува кога неговиот брак или врска е ххх хххххххх ххххх (овде ги наведувате причините). И ова не е простачко или спуштање на негово ниво или не ти знам што, затоа што само така ќе си го решите тоа солење памет од околината. Другата опција е да бидете фини, да си молчите и да ги толерирате тие што ви попуваат, ама како што гледам таа опција не ви е пријатна, така што останува првото- контра напад .
Се тоа ќе ти помине, и за неколку месеци/години ќе ти биде дури чудно како си можела да се замараш со такви ситници.
А да ја прашаш другарка ти да размисли за опцијата: сега го имаш, утре го немаш ( дечко, партнер и сл) ?? Нека си гледа свој живот, кажи и секој со своето ... И никогаш нека не рече никогаш, животот е непредвидлив. Ќе ти кажам да си уживаш во својата слобода, во младоста ... ако треба се со време ќе си дојде, не се форсира ништо во животов. Боже спаси не од ограничености и предрасуди!
А посебно ме нервира коа некој ќе ми каже фразава... ВОЗОТ ТИ ПОМИНУВА??? Кој воз бе? Оставете не на мира да си го живееме животот, а за возови ќе поминат уште многу,и тоа од најјака класа да се разбереме! Сеа за сеа ќеф ми е да си го чекам возот,као што го чекаа Годо!!! Ете баш така!
хахаха и јас ке го чекам возот ме изнасмеа значи а да и кажав еднаш нишо не е вечно вика ти сакаш да ми заврши тоа почнав да се смеам само мислам шта речи убави си викате да не спаси господ од ограничености ама уште многуу назад сме
За жал живееме во такво општество каде размислувањата на мнозинството се скоро исти, а нели се вели дека ако сите размислуваат исто значи дека никој не мисли. Нашите мајки/тетки/стрини сметаат дека ако не се омажиш до 25тата, после тоа “заминал возот“.... И јас сум под истиот притисок, за жал... Немаш дечко на 28 години????? Најверојатно сметаат дека нешто не е во ред со мене... Но како што вели Трендафилка “Луѓето во принцип не знаат никогаш за доста. И не научија да не си го пикаат носот како задолжителен зачин во туѓи манџи. Додека си сингл не сопираат прашањата – А кога дечко? Кога ќе го пронајдеш дечкото, те бомбардираат со нови недоумици околу свадба и заеднички живот.“ Сингл или не, притисокот од околината некако е неизбежен, само треба да се најде соодветен начин да се справиме со тоа...
Истата, буквално истата ситуација пред да се фатам со дечко ми јас. Немав врска мнооогу долго време, т.е. никогаш пред оваа, сето беше несериозни мувања и состаноци со машки, но никогаш немав официјална врска. Мајка ми се испозагрижи, баба ми почна дечковци да ми бара со стројници, сите беа испотресени како тоа Де- Ловли има 21(ееееееееееееееејјјјјјјјј) 21 година и нема дечко. И се се ајде ги игнорирав сите, само една насмевка ќе им фрлам, ќе речам моја работа не мешајте се и ќе заврши темата. Ама кога другарка ми најразузданата од сите фати дечко и по една недела, НЕ САМА, заедно со дечкото ме седнаа и разговараа со мене како јас сум многу несериозна, дека ми е време да се смирам, дека е доста од шетање, дека се загрижени за мене.... И јас WTF си викам овие се спобудалиле. И па почна другарка ми да ме избегнува, дечко не ја пушташе и кажуваше со кои другарки да се дружи со кои не. Ботом лајн таа е сега мажена и не излегува од дома, се слуша само со една другарка со која и е дозволено, а мене не ми се јави ни да ми кажи дека е трудна. Алал да им е на паметот. Можеби малку забегав од темата, само сакав да ти посочам пример за иста ситуација и да ти кажам да не се грижиш и како што ти рече сесилија или затни им ја муцката или игнорирај ги, тоа е. Зошто сите да си избегаат од проблемите ќе најдат проблем во тебе и ќе ти разглабаат филозофии за тоа. Твој живот-твоја работа. Толку.
NEMAM DECKO IMAM 28 PA STO????? NE SUM NI IMALA PODOLGA VRSKA NAJDOLGA VRSKA MI E 1 MESEC.....PRETEZNO KRATKI VRSKI BILE AMA TOA E....PRITISOK OD OKOLINA NEMAM BAS MOITE KAKO I DA NE SESVESNI KOLKU GODINI IMAM ME TRETIRAAT KAKO DETE....NO DRUGITE (BABI,,,,STRINI,,,TETKI) IMAM CUVSTVO DEKA ME SOZALUVAAT (ONA GADNO CUVSTVO) AMA GALJE MI E NE OBJASNUVAM NIKOME ZA TOA....MOJ PROBLEM KAJ MENE MI E TESKO USTE I OKOLU DA OBAJNUVAM!!!!! INACE PODOBRO MI E DA MI SE DESI NESTO NA KRATKO NEGO DA BIDAM SO NEKOJ OD NAVIKA ILI ZASTO SITE IMAAT NEKOJ...INACE IMA I DOSTA SINGL GLEDAM....BRZ ZIVOT NOSI SAMOTIJA VEROJATNO
Муабетот е шаблон, рамка... нормално, увек го праат луѓе ставени у рамка, ограничени. И оди вака... - Сингл си? Зашо немаш дечко? - Имаш дечко? Коа свадба? - Мажена си? Коа дете? - Имаш дете? Коа второ? - Имаш две деца? Аааа и ја имам, за твоја Теа, ќе го чуваме Лео, срциња се. - Леле колку пораснала Теаааа, пу пу, цела девојка, кога ќе ја мажиме? - Колку има Теа? 18? Па зошто не ја мажите, шо и` фали? - Шо бе, Теа се омажила? Се РАЗВЕЛА? Па шо и` фали? - Теа се омажила пак, па кој ја земал нејзе распуштеница? - Ај бе, ви пораснаа децата, коа ќе умирате? Луѓето увек знаат што е најдобро за вас.
Пред се се работи за тоа дали имаш цврст карактер и да дозволиш да ти се качат на глава. Мене лично никој не смее да се осмели да ми досадува зошто одма им покажувам кај им е местото. А, и нека си гледаат за себе, за дома, а не за други.
Токму и јас ова го потенцирав во мојот претходен пост кога реков сингл или не, притисок од околината секогаш ќе има од нашите мили тетки/стрини/вујни и братучедки до трето колено (а повеќе од половина од нив не те виделе последните 3-4 години), па секогаш знаат да испровоцираат со некое вакво прашање.
Леле, мразам вакви работи. Имам 12 (за помалку од два месеци ќе полнам13) години а некои се тетки и баби ме прашуваат дали имам дечко. Кога ќе го слушнам тоа ми доаѓа да се убијам и да ги убијам нив. Не треба да се паѓа под влијание на простата околина. Оние теткиците така си зборуваат. За да кажат нешто. Забоавете ги. Па не е работата да си најдеш некој идиот само за тетките да не ти збоуваат глупости. Важиот живот е само ваш и вие имате право да изберете што ќе правите во него и како ќе си го исполните. Кога ќе ја сретнете вистинската личност, тогаш.
Ептен се нервирам.Дома си одам,моите не ме прашуваат како на факултет туку си фати дечко? Баба ми-ајде фаќај си дечко на овие години се фаќа дечко,после стара мома ќе останиш.Абе бабооо?До каде со филозофиите? И јас сакам да си фатам дечко ама нормално нема првиот што ќе го сретнам,аман! Се прашувам дали и ние кога ќе остариме ќе бидеме такви,ке вршиме притисок оф леле.
Не сум под некоj голем притисок од околината,мегутоа сепак е присутен,Сериозна врска не сум имала,само пролазни работи,зошто тешко ми е да се врзам за некоj.Како што поминува времето притисокот е се поголем,дополнително допринесува тоа што сум уште невина Сум се изнасшушала секакви муабети и во какви се ситуации сум била...Имам мн.добри другари,со едниот коj има долга врска периодов се зблизив ептен поради сплет на околности,ама не е дека пред тоа не сум се друзела.Ама еве сега зенска му почнала да му мрчи за мене,иако добро стоjам со неа.Jа разбирам,фала богу,ама човекот го гледам ко брат далеку од тоа.Да имав дечко и jас ке беше сосема во ред.Понекогаш сама се обвинувам,и сериозен страв од осаменост добив.Небаре нема да се омазам или незнам што,а имам 20 години.Ама ете што ти прави притисокот од страна...
Хахаха и кај мене е истото..Имам 18 год. и единствено до сега е што сум се мувала само со еден. И сите ми викаа ајде време ти е да фатиш дечко, сите другарки твои имаат дечковци, само ти немаш...Кога ќе го слушнам ова, мака ми паѓа и им викам има време, сакам да уживам дур можем...не ми треба дечко моментално..! =)
Јас на12 години и кажував на баба ми дека сакам еден дечко и таа одма на свадба мисли вика немој да се одаваш рано ти е