Да не се лажеме, сите сме кваселе листови од споменари со солзи јадосници, пролеани за симпатијата што не не рецка Јас искрено, тоа го разбирам како нормален процес во тинејџерските години. Во времето кога се развиваш, учиш, вистински го спознаваш светот.... Мислам аман, не излеговме од карантин со штиклите од 12 цм, спремни да се забодуваат во машките срца, прибидејќи нема лабаво со кучка како нас Мене дури и ми се слатки кога сега слушам такви приказни, нормално од девојки за кои би сварила да се занимаваат со тоа. Пффф, јас на 14 год. на мојот симпатија, мојата непреболена љубов му имав напишано мал милион љубовни поеми, кои си ги читав само јас...дури во напливот на една јулска секирација, дека има шанси да се смири со неговата бивша девојка му нацртав портрет бре Па, тоа солзи, семинари со другарките и разглобување на секој негов потег со кој потенцијално ми дал надеж, прибирање од околу информации за неговите бивши девојки, кои се, со кој се дружат, колку дечковци имале....и вечното убедување дека јас сум сепак многу подобра од сите нив заедно Сакам да кажам, во ред е да се почуствуваш токму така....со потонати бродови. Ама да не дозволиш тоа да ти биде единствена преокупација и своите најубави години да ги поминуваш справувајќи се со некоја недефинирана депресија. Имаш другарки, имаш безброј смешни, глупави ситуации кои чекаат да ги соживееш, имаш и време и можност да шеташ, да флертуваш...се во свое време доаѓа. Овој пост се однесува да напоменам на девојки со возраст која соодвестува за такво однесување. За оние кои и понатаму продолжуваат да лупаат со главата во ѕид, наместо да го реализираат својот живот ќе се поштедам да го изнесам својот став баш сега иако веќе е повеќе од јасен! И да, да си сингл не е крај на свет. Имаш повеќе време за работи кои ќе го полнат твојот резервоар со спомени, кои ќе те смеат, ќе те прават среќна и ќе ти даваат чувство на способност да функционираш способно и без маж бре
Сингл сум ама без потонати бродови, не се замарам многу за тоа. Баба ми ми вика што е твое ќе си дојде, е сеа тоа баш и не е така, секако дека нема да клекне пред прозор и да ти пее серенада од нигде некаде, ама за секого ќе се најде нешто, немој да потонувате за некого колку и да ви значи тој некој, ако сте му значеле немало да дозволи да ви потонат бродовите, најдете друг или одложете го барањето се додека не го сретнете оној со кој заедно продолжувате понатаму.
јас не сум сингле али сите бродови ми се протонати...така да да си бес сингле ке имасе некоја санас и надес за поубаво утре али вака се катастрофа узувајте додека сте сингле најубаво е тогас тоа е слобода на својот зивот
Направи го првиот чекор до "синглизација" на состојбата ,после тоа новите бродови сами ќе ти дојдат ,непоканети.
Ги имам истите проблеми! Но за жал убавите момчиња се зафатени. Исто се чуствувам, знам како ти е.. Исто многу ме нервира таа лажна надеж што ни ја даваат. Но не биди тажна тоа сепак значи дека има чуства за тебе... билокакви. Каде и да е ќе помине и тој период. Само слушај си убава музика и уживај си.. Биди среќна со тоа што го имаш
Девојки девојки немојте да мислите дека само вие имате такви проблеми..........и кај нас машките се случува тоа......сите убави девојки се зафатени или пак се убави ама без мозок (навистина мразам такви типови на девојки) немојте премногу да очајувате и да паѓате во депресии што е ваше кога тогаш ќе си дојде на вистинското место а што не е можете сами да си го земете ..............животот е пред нас сеуште сме млади за такви мисли во главчината........немојте да дозволите негативната страна да завладее во вас.......мој совет до сите вас кои имаат вакви проблеми само уживајте и препуштетему ја работата на животот тој самиот најдобро знае што е добро а што лошо за вас......... *се извинувам ако написав некоја глупост или пак употребив вулгаризми, ова е мојот прво мислење се надевам нема да ми фатите кусур........
Зошто зборувате за потонати бродови на 20 години.Ај да сте сите околу 40-45 и да се жалите за потонати бродови и сингл сум,би сфатила,речиси сите ваши пријателки и роднини на тие години имаат веќе семејства а вие немате за кого да направите ручек... Ама на 20 години,па и 27,кога имате можност да излегувате со друштво,можности за дружење,за забава за се она што му доликува на млад човек без обврски,не би требало да сметате дека сите бродови ви се потонати.Допрва ќе доаѓаат вашите бродови,не очекувајте сите да си ја запознаете сродната душа и вашиот животен сопатник на 20 години.Животот си има своја убавина во тие години дури и кога само излегуваш со некого и се дружиш. Знаете што велат ''Во врска со слободата додека љубовта не не раздели''.И делумно е така,не дека ќе си ставите лисици на рацете кога ќе стапите во сериозна врска,ама тогаш нема да имате време како сега за вашите пријатели,а излегувањата со нив нема повеќе да ви бидат толку интересни.Сето тоа е убаво,ама уживајте додека сте сингл за потоа да имате зад себе оставено и журки и акања до сабајле и пијанки и седенки(ама со памет во глава )...и да не ви биде криво дека нешто сте пропуштиле,а сега веќе е доцна.
интересно е како тоа младината денес мисли дека животот им завршува со 20 години и 2 растурени врски...незнаат лугево што се вистински проблеми очигледно. патем...подморница си возам јас.
Да,сингл сум,го прекинав контактот со сите машки што сум била во таканаречена врска.Сфатив дека не секој може да ме има и да ме користи,не ми е потребно тоа.Подобро сама и среќна отколку со некој и несреќна.Сакам дечко но не било кој,туку некој што ке ме сака,но нема таков,сеуште не се појавил.А и нема ни да се појави,не постои и веке нема ни да го барам и затоа со потонати бродови.Имам живот пред мене,знам дека сеуште сум млада,ама и знам дека секогаш ке бидам сама,но не и несреќна.Ке го пребродам јас ова...
Сакам да ви кажам дека да си сингл не значи да си сам, а и не значи да си осамен. Статусот сингл има многу, многу предности (како и секоја друга работа, како и врската или бракот што има свои убавини). Мене многу ми е жал што не успеав да спасам една другарка со сите потонати бродови, која почна да пие и да оди од машко на машко. Спиеше и сеуште е таква со многу машки, понекогаш не се сеќава ни на имињата, ми раскажуваше со смеење како завршила со некој no name на паркинг сабајле во 5. Она бараше утеха и љубов по секоја цена и многу брзо и лесно ги премина границите. Пропагира слободен дух, а всушност е страшно несреќна длабоко во себе без да го признае тоа. Но, не можеш да помогнеш на некој кој не сака да му биде помогнато. После некое време и престанавме да се дружиме. Поентата ми е, никако потонати бродови. Ќе поминат деновите, месеците, ќе дојде вистинскиот и на крај на човек ќе му биде криво што не си поминувал убаво тој период. Главата горе, не знаеш што те чека на следниот агол
Бизарно е дете од 18 години да пишува за сингл и потонати бродови... па и од 20. Убаво кажа Acerola загрижете се ако имате 40 години ... не мора да значи дека ако имаш дечко на 20 години дека тој е правиот човек за тебе и дека со него ке останеш, ретко таквите врски се крунисуваат со брак. Додека сте млади шетајте и уживајте, менувајте момци, бидете сингл и бидете недостижни, ке дојде време кога ке треба да се смирите и да размислуват на фамилија.
порано повеке се секирав што немам дечко во депресија дури пагав ,а сега не се замарам си излегувам,си шетам,се дружам и супер ми е,ме фака криза ама ретко,гледам 18 годишни се секираат а јас 23 што да кажам,абе шетајте деца,уживајте за дечковци имате време допрва ке доагаат јас првиот си го фатив на 18,кога тогаш ке се најде за секој по некој,јаоо нешто почнав многу оптимистички да размислувам,изненадувам
Јас моментално се чувствувам слично. Прекинав врска заради некој со кој всушност не можам да бидам, сега ни едниот ни другиот ги имам. Сама сум и без многу надеж за нешто позитивно во иднина. Безнадежно сум затрескана во тој вториот и само сакам да најдам нешто слично барем како него. Има други убави момци но тој е единствен. Мислам дека долго време ќе остане вака.
Бев во 10 месечна врска,со која целата надеж за нова среќа ми ја снема.Бев толку многу емоционално сврзана кон личноста што му беше сеедно за мене.Бев во депресивна состојба но сватив дека животот е краток и треба да го иживееме.Секое лошо е шанса за уште подобро.
Се осеќам лошо и депресивно периодов, сеуште сум сингл 18 годишна девојка. Имав шанса, имав две - три и повеќе, ги изгубив сите, ги прокоцкав.. Барав нешто друго, нешто поинаку и поразлично од другите, барав нешто на мој начин некој што може да ме разбере без да ме искористи или без сарказам и лицемерие, сакам само искрена љубов. Тешко е да ја најдеш.. За сега ми потонаа бродовите, ќе видиме дали ќе има следна шанса.
18 години и дали ќе има следна шанса се прашуваш? ех, годините да ти ги имам, умот да ти го немам не е ова негативно кажано, баш напротив... ги живееш моментално најубавите години, не ти треба дечко, уживај во слободата, ќе ја бараш подоцна излегувај си, журкај се и флертувај...убавите моменти допрва доаѓаат