Како бре така на 18 години ви тонат бродовите оти сте сингл? Жити Бога. Абре оди шетај таму уживај. Кога ќе уживаш сама во животот, ќе си се наместат коцките. Вака жалење и чекање мажи за да сте среќни е патетично. Сфаќам дека сте љубопитни ама до депресии ако стигате заради фактот што сте сингл и тоа на 18.... Не знам. Затоа после се залажувате сите за првиот идиот што ќе ви посвети внимание, и после ќе заглавите во некоја безвеза врска и се само заради тоа што не можете да дочекате да си тече животот како што треба. Најубавите работи се случуваат непланирано кога најмалце очекуваш.
Потполно се согласувам со горниот пост - како бре во депресија на 18 -20 години, каде ви е животот, каде во е умот ?? ех годините да ви ги има, умот да ви го немам - велеше баба ми, и сега ја разбирам потполно
Ако некој ми речеше на 20 години што ќе ме снајди на 30 ич немаше да му верувам....сингл и со мало дете - многу убавоооо....и да сите бродови ми се потонати, мажите ме гледаат само како пријателка или како некоја за забава, никако за врска со мене или слично, нема тие мамини дечишта да му се спротистават на цел свет и да бидат во врска со мене...и упорно некако како дебилно, или не сваќам како, луѓето околу мене само ми напоменуваат како имам живот пред мене, како ќе најдам некој....седи ма не ме зезај во здрав мозок (ќе го кажев и поинаку да немаше бан од администратор хехе). Со кој, со вашите синчиња што не се тргаат од вас ни за избор на идна девојка или жена? Јас сум само за некој кој е разведен и има дете кај бившата жена.....толку. А колку од тие разведени се сосема нормални а? Не е некоја луда да се разведи од маж кој е нормален....Јбг. Па што ако ми се потонати бродовите? Пак јас морам да живеам и да се радувам на синот кој расти до мене. А сите зли коментари од луѓето, дури и од оние најблиските, ќе му се вратат во соодветен момент. Тогаш ќе бидат поинаку работите. Син ми ќе порасни и јас ќе се радувам со него. А маж? Тоа ќе видиме, треба уште многу работи да се променат за да можам во ова општество да имам маж
Ау опасен ти е постов, кој те изнервира толку? мм негова преморена сум денес ама за постов ќе се исправам пред мониторов. Ајде да одиме точка по точка : 1. тоа што сега си сингл е состојба која се менува и тоа во оној момент кога ТИ ЌЕ РЕШИШ ДА ЈА СМЕНИШ нема врска тоа што имаш детенце. 2. Имаат право тие што ти викаат имаш цел живот пред тебе и имаш прекрасен дар од бога, имаш огрома обврска ама и огромна радост и сама знаеш дека е така. 3. Мажите дефинитивно ќе те гледаат како забава тука и таму позади тоа можеби и ќе се крие и нешто многу повеќе ама додека да се срушат бариерите може да замине возот ако почеш да ги презираш и да си играш мајтап со нив зш во суштина ќе си го бараат тоа бре, и ич да не ти е гајле боље гази ги и играј ги, него да те играат. 4. Што им е на разведените мажи? Еден мал процент (надежта последна умира хаххаха) ваља не се вечити дебили и самоуништувачи на својот живот и на другите околу себе. 5. Мајките на денешните мажи точно тешко ќе те прифатат ама ние сега сме во транзиција (хаххаха прости на иронијата и хуморот) од брачно општество во разведено така што полесно ќе биде за идните генерации. А бе, ко Ентерпрајз у Старт Тек сме. Ама ако имаш среќа човек да ти го пресечете патот мајка му ќе биде средна препрека која се надминува. 6.А за маж? Те разбирам ама на карј краева ако не е судено некому да има маж / сопруг јбг дешава се. И немој да мислиш дека со тоа тука завршува се', млада си, бори се да бидеш среќна, среќата не почнува и не завршува со маж, не секој маж може да ти го пружи она што ти е потребно. Општеството не можеш да го смениш, можеш себе си да се смениш и да го кренеш бродот под пуна пареа напред !!!!!!!!!!!!!! Како е Бог никој не е, сите имаме некоја цел или задача на земјава, за секој воз има патници ако возот застане
Хехехе бившиот маж ме изнервира толку, али не го обвинувам толку многу....идиот е идиот, ма колку сакаш сакај го. а не се слагам само со првата точка, во мала средина живеам и нема шанси некој сингл и човек без обврски да сака да биди со некоја со обврски....инаку за другото си ок, само јас сум глупава и си давам надеж со еден друг кој апла не сака да биди со мене само заради детето....едно време беше позагреан и после опппп го снема....размисли и се повлече....и не го тормозам појке ниту пак јас се тормозам со муабети по фб нека шета, и јас имам некое достоинство
Друга е борбата за мажите. Па не сакаат нечие кузнај кое дете тие да гледаат. Домашните нема да им дозволат. Оти жената ќе го донеси и детето со неа ако еден ден сака да се жени со неа. Плус детето ми е машко што би се рекло - ќе наследи се, ако јас немам друго дете. И тоа од очувот кој нема три чисти со него
Не ми беше тоа муабетот. Во тој дел што го цитирав изгледа ко да одбегнуваш разведени мажи затоа што сметаш дека нешто им фали. Не секогаш мажот е ненормалниот поради кој некој брак пропаѓа. Може и двајцата да се супер луѓе, но ете не одело. Не се концентрирај само на слободни мажи без бракови зад себе, тоа сакав да кажам. Има и жени со дете што нашле партнер и супер функционираат. Не си ги потонувај бродовите сама, предвреме.
Абе јас секако не се концентрирам само на слободни мажи. Така сега ми испадна, го знам одпоодамна и ми изгледа ок дечко. Порано имаше девојка а сега нема хехех. Ако имам среќа можеби и јас ќе најдам. Ќе видиме
Еден пријател вака ми викаше :кој ја сака рибата ќе ја сака и водата од рибата, такви не вреди да се замараш со нив, а не па, надеж да си даваш, уште помалку да го тормозиш. Ти си слободна цурица ќе налета др. нешто и се надевам тој ќе ти го цени напорот да постигнеш се', и дете и дом и работа и да да најдеш време и за него.
Во врска со погоре споменатиот, сакам да му направам мала далавера, и ми треба мислење дали да го изведам планот или не. Значи, сакам да го викнам демек на кафе со мене и другарка ми. Ако сака. Е кога ќе дојди на кафето, ќе му речам дека во последен момент откажала другарка ми и не сум сакала и јас да му откажам него. Што мислиш, дали ќе успее да дојди на кафе? Искрено, баш ми е гајле дали сум прозирна или не, само сакам да знам на што сум.
Ти мене ме зезаш ? Ти знаеш на што си со него, за секс си ОК ама за друго не си според него и ШТО МАЈКА БАРАШ НА КАФЕ СО НЕГО? Каква далавера ??? Оди како сакаш. Јас со таков тип не би имала зш да пијам кафе, ни на фб би разговарала, никаде камо ли па, дел од времето да одвојам во реалниот свет да се видам, боље ќе седам на нет, ќе се зезам, ќе читам нешто, на таков рецка не му удирам. Па, тој нека мисли на што е, а не јас. Еден тон мажи на светов ти си се закачила да привлечеш некој кој не се замара со тебе, зошто ???? Мислиш ќе те засака де, оди не ме зезај. Ако имаш друго нешто не расчистено тоа е др. работа, инаку сурова е реалноста ама подобро ти е да го затвориш тоа поглавје.
Со оглед на тоа дека имаш мало дете, логички е дека не си сингл од многу одамна па да припаѓаш толку. За далаверата...смешна си, не за тоа што ќе го направиш, туку како размислуваш. Сценарио смислува само оној кој не верува во себе и она што го прави. Пукнат ти е филмот? епа земи телефонот и - Ало Митре, сакам да те поканам на кафе, ти одговара ли сабота вечер? Не туку глуми како 14-годишна п.с. 4 мин покасно пишав од твојот одговор и не знаев за твојата постапка Браво, така треба.
ОК, ако тебе ти одговара врска од типот "јас и ти си знаеме и доста е" и ако ти него го гледаш како провод и не те тангира што тој ќе мисли, туку те интересира твоето да си го истераш (што год да е, его или шо ја знам) терај ама после плачки да нема, а според мене би требало да тотално да оладиш. Пиши, ќе видиме како ќе се развива заврзламата
Nemase zavrzlama samo direkno go prasav....a i polesno mi e da znam na sto sum, otkolku da igra so mene toplo ladno