Машки сингл членови , шу праиме ? Сите сме ги чуле и прочитале клише приказните „да идеме на курсеви по јазик, да се запишеме на јога ... “ , никој не е среќен кога е сингл и никој кој се жали дека е сингл тоа не го доживува како нешто кое е минливо и лесно да се реши и клише советите и храбрење не се доволни. Да се самоорганизираме, да пуштаме огласи по весници , да платиме билборди, предложете ? П.С. Идејата за барање девојка на форумов сигурно не доаѓа предвид, тоа како прво не е дозволено а и прочитано е ... и премногу лесно за да биде реално,
некој е сингл зш не може да си фати некој/а , некој сеуште не може да преболи некоја љубов , некој сеуште не е сериозен/а за посериозна љубов , некој не сака , некој е комплициран и тако даље секој со своите маки
Непријатен статус? Зошто непријатен? Што има непријатно? Некој од ќеф си е сингл чисто информативно, а колку повеќе се замараш толку подолго време ќе бидиш сингл...
Лично не верувам во „од ќеф“ или „подобро ми е така“ , порано или подоцна никој не го сака тоа ... а на тие што им е пријатно да се сингл најверојатно и нема да ги гледаат овие теми
Статусот сингл не е непријатен, за некои е баш релаксација по долга врска или општо врска која ги измачувала али @Strajder директно кажа дека сака да најде љубов и да ужива во неа.Тотално се согласувам со неговиот пост над мојот дека порано или подоцна сите ќе посакаат да бидат сакани и да споделуват безулувна љубов, има моменти во кои на сите им е потребно едно ''со тебе сум'' . На јога часови се вежба јога, на часови по јазици се учи , лично мене не би сакала некој да дојде и да ме замара дури се релаксирам во моето хоби. Никогаш незнаеш каде и кога можеш да ја сретнеш својата љубов и во какви околности едноставно треба да се препушти на животот да си го направи своето доколку се трудиш и почнеш да идеализираш особи со цел да се ослободиш од стасусот сингл ќе се зафркнеш.
Ги гледаат и овие теми за да докажат дека сеедно им е. Јас познавам многу луѓе што им е сеедно, барем дур се помлади...а за на постарите како им е не знам, не сум зборувала со толку постари.
Ќе го повторам прашањето, зошто непријатен? Како што тебе ти е приоритет у животот да најдеш партнер, на некого рецимо му е да му се падне седмица на лото. Ете, и сам си навел у анкетата финансиско стање, иако си забораил да ја наведеш седмицата како опција. Да си ја стаел рачунај дека сите пола и више гласови ќе беа усмерени натака.
Ми се чини дека не е важно зошто и дали Јас го доживувам статусот како непријатен, важно е дека оваа тема е за тие кои го доживуваат како непријатен. Како што даде пример со релативизација и мојот одговор би бил дека можностите за непријатостта во тоа да се биде сингл се потребата да се има некого кој ќе те сака , осаменоста , потребата да имаш најдобар пријател, секс, може и банална и неразбирлива за повеќето да биде ... и со седмица на лото повторно сечија крајна цел е да биде сакан и да ја има покрај себе својата изгубена половинка , тоа дава смисол и се спротивно од тоа е непријатност (најверојатно тоа не се однесува само на малолетниците и оние кои паузираат од прекината врска). Исто тука и не сум важен само јас а исто така доколку сметав дека е лесно да се промени тој статус немаше да го дадам тој вовед, ... можев и да почнам со „јас пребирливиот и супериорниот.... помагајте “ , можеби и толку ми е тешко но не го направив тоа , барањето нечија помош не е достоинтствено и не е нешто со кое се вреднувам а тоа што отворам ваква тема очигледно е дека сум немоќен. Анкетата е мој осврт на проблемот (за кој очигледно некој посветува време во форма на креиран форум и посети на форумот) за сите да разберат дека проблемот има различни лица и ја креирав како моментална инспирација околу можните причини, финансиите се можна причина а на пример пребирливостта ја пропуштив ...
Зошто непријатен? Јас не гледам тука ништо непријатно. Подобро да бидеш сингл отколку во неквалитетна, измачувачка врска која повеќе ти штети од колку што ти годи, или пак да бидеш во врска колку да се пофалиш пред другите дека имаш дечко, женска, само за да те гледаат наоколу.
најголемиот дел - свесни дека имаат карактерни фалинки а тоа не се менува + бидејќи сакаат да да бидат сингл + поради непреболена љубов, испаѓа дека тоа е избор на повеќето и очигледно не е непријатно да се биде сингл Оние кои остануваат и сакаат да се промени тоа се 30% а и ги нема да реагираат , ова ме потсетува на ситуацијата во МК, милиот лидер го нападнале странски служби и мнозинството си седи дома. Никој не реагира , никој не си ја кажува болката, никој не предлага решение , никој не крититикува што недостига ... и се јавуваат „итреци“ да ја коментираат темата и анкетата, нешто како контрапротестанти
Прочитав неколку коментари ... абе луге, темава не е за да искажувате ваши гледишта што вие мислите во врска со самиот поим СИНГЛ или да теоретизирате за лугето што мислат околу сингл состојвата. Ако знаете да дадете совет кој не е клише а може да помогне пукајте. Јас што мислам за ова е следно. 1. Безразлика дали си машко или женско. Да во Македонија живееме каде што лугето се со заостанат менталитет. Но ако веќе и да немате со кого да искочите ( или имате блиски пријатели кои имаат партнери и не се одлепуваат со нив ) искочете сами. Дали во парк, на некоја забава. Запознавајте луге. (нема одма да најдете дечко/девојка) али бар депресијата од осаменост и недостаток на пријател ќе исчезне. Ако си женско е полесно да пријдеш на машко и да разговараш. Само женските се малце постегнати. Ама па и тие weird моменти се ептен смешни кога ќе ги анализираш одпосле. Да не го верглам у детали колку е кул да се искочи сам/а ( пошо и јас го практикувам тоа пошо не ебам жива сила што ќе каже за тоа) ама прејако е !
Koga ste mladi ajde se zurkate,uzivate vo zivotot (sum bila tamu ) i opravduvam togas da sakas da bides single.Za onie koi se povozrasni sigurno vazi nekoe od pogore napisanite,a poveketo sto gi znam i sto se single se zasto premnogu pribiraat...PREMNOGU. I onoj sto nema mana ke gledaat da mu najdat...
го поздравувам мислењето на Читател и имам прашање , како поминуваш на тие самостојни излегувања, кои се твоите искуства ? На какви места искачаш и во зависно од околностите кои се твоите искуства ? MilaP исто така даде хируршки прецизна констатација ( јас се наоѓам тука) и животното искутство ја наметнува пребирливоста и според мене е оправдана доколку се има објективен поглед на себеси и околината ... Мој осврт е скорешното лошо искуство со сајтот datenose.com , многу ветувачки со маркетингот кој е ангажиран од креаторите , многу ветувачки според она што го нуди со содржина , дефинитивно не е замислен како сајт за запознавање на секс мераклии какви се без изклучок сите сајтови за запознавање на македонското небо , помислив конечно нешто за пристојни и нормални луѓе со едноставна опција за запознавање на луѓето ... изнанадувањето и разочарувањето дојде од самите членови , се што е женско нема фотографија или имаат фотографии од холивудски актерки , цвеќиња и дрва . Дефинитивно тоа ми донесе само најлоши претпоставки дека нема доволно храбри луѓе искрено да кажат дека се сингл и да се претстават такви какви се ... најверојатно од мажени домаќинки кои бараат швалери до балканки кои кријат непознати мотиви и очекувања, изгледа мислат дека радио-милева од маало или комшијата ќе раскажат дека на сајтот признала дека е сингл и дека бара дечко за врска. Одлично замислен сајт , на погрешни луѓе понуден истиот и само уште ќе додадам дека ниту болката ниту осаменоста ниту потребата за пристоен живот не се посилни од пусто-турско менталитетот.
Срц бе како тоа сама, некако глупо е. Ја уште не можаааам така сама да излезам да завршам некоја обрвска не знам пошто е мало градчето и глупоооо ми ее, како тоааа бе дај објасни, некако немам мн самодовербаааа, плус срамежлива сум и најголемаа тремаџикааааа мислам дека е тоа проблемот... поздравче <3