E kako ne ako site taka razmisluvame znaci treba da se podavime vo Vardar odma, nikogas ne e kasno ne znaes zivotot sto ti nosi ke se sluci koga najmalku ocekuvas e toa e toa najslatkoto koga mislis deka sve e gotovo imalo svetlina na krajot od tunelot zatoa glavata gore i nasoci gi mislite kon nesto drugo.
Непријатен статус?? Аууу ова е боље од шпанска серија....А да прашаме некои што се во непријатна врска како им е а? Сосила држат нешто што е парада, фарса, што сите мислат дека е супер....ајде бре, озбилно мислите?
Познавајќи ја добро психологијата,за некои луѓе кои се сингл ова е непријатно чувство за нив,од околината општетсвото пријателите,роднините.За да го променат овој статус кои мислат дека за нив е непријатен тие прават сосема погрешни потези,како прво докажувајќи им на околината дека нивниот статус се променил,ти само наоѓаат некој било каков партнер,т.е. тој партнер е само погрешен партнер.Колку само да не се сами.Овие луѓе во ваква ситуација се само карактерно слаби личности.
Ај тоа што е безврска насловов на темава океј, али како тоа хомосексуална ориентација е во избор на зашто сте сингл? Ниту пак дебелина/екстремна слабост не е причина да се биде сингл, мава на комплекс на голема група на луѓе кои ви ја читаат темава.
јас сум сингл, со дечковци одам за провод и за озбилна врска сум немала никој, после некој период што се решив конечно да се заљубам се заљубив во погрешен и оттогаш решив да уживам во статусот сингл за дечко и онака да се заебавам без да се заљубам дека јас не мислам со дечковциве да се заљубувам онака претерано, згрешив еднаш така и никогаш повеќе.. освен тоа јас и сум сингл- без другарки и другари но и во тоа до некаде уживам само се поздравувам со луѓе без да ги сметам за најверни другарки дека и НЕМА!
Тоа првото во анкетата - Карактерни особини. Цел живот барам девојка која е мирна и повлечена, интроверт, затоа што и јас сум таков. Со поинаква не би можел да функционирам. Моите се такви и имаат совршен брак и јас истото го сакам, мирен живот без расправии и проблеми. Да не завршам со некоја која ќе ми ја вади душата. . Што можеби и ќе морам на крај, сепак подобро тоа отколку да се остане сам.
Животот е пред тебе и не размислувај за понатаму. Посвети се на сегашноста и верувај во тоа што го бараш. Ништо не мора ако не сакаш. Подобро сам, отколку погрешен избор на личност.
Нема ништо попријатно од сингл, посебно после токсична врска. Сингл е најубавиот статус, најубавиот период од животот кога најдобро се запознаваш самиот/самата себе. Не е само да се биде во врска онака чисто за да не чуствуваш осаменост. За врска треба силна желба, силна љубов и трпение кон една личност. Подобро сингл отколку во досадна бесмислена врска што ни го троши времето.
90% се пронајдов. Незнам зошто така и се случува, не знам едноставно незнам што да правам и до кога вака ама се тешам со тоа шо сум многу млад и дека еден ден се ќе биде како што треба ама ме фаќа страв.
Сингл е прекрасен статус, ако знаеш како да се носиш со него. Секој човек треба да знае како е да си сам и како да си направи уживање во сопствената самотија а не да биде дефиниран од друг. Само така сметам ќе искусиме како е вистински да сме среќни а и нема поубаво да си среќен со самиот себеси.
Јас сум повеќе за старата изрека подобро сам него во лошо друштво. Истото важи и за сингл статусот, не е само да имаш и не е битно што другите мислат битно е да знаеш шо сакаш а јас уште и не знам шо сакам Ако има таква нека се каже може и ќе се погодиме
Прекрасно е да си сингл. Се додека не најдеш пленче, па во поход по нов мажјак. Прекрасно е и кога флертуваш со повеќемина потенцијални партнери.
Најлошата услуга која може човек да си ја направи на себе, е да биде зависен од туѓа поддршка. Мора сите да се научите да бидете самостојни и да знаете да се потпирате на себе, колку пати и да паднете. Иначе, се' нешто ќе ви фали. Знам шо зборам.. Откако почнав да фаќам дечковци, само година дена сум била сингл.. и не знам како поинаку, освен со партнер. Станува збор за скоро 30 години.
Секој статус си има свои предности и маани дали било сингл или во врска. Едноставно е глупаво по секоја цена да бараш да фатиш дечко. Само треба да знаеш што бараш. А за да се смени статусот треба да е дојдено подогното време и личноста сама ќе се појави пред тебе. Најздодевно е да си во врска со некој што не ти одговара карактерно, само затоа што сите другарки имаат некој. Као да сме престарени на 20 години, па мора по секоја цена да се фати дечко. Јас сум сингл, па навистина сум хепи и уживам во слободата. Се уште не сум сретнала некој образован со уметничка душа што сака да е присутен на културно уметнички настани и журки. Се разбира ако сретнам некој таков не би одбила и да променам статус
На темава - толку сум сингл цел живот, заборавив сокче и за дечко ми да купам еднаш кога бевме излезени. Не сакав да биде со било кој, затоа направив една погоооолема пауза и ревизија на моите критериуми за некој со кој би била во врска.