Сингл сум а причината е во мене највероватно, бидеќи треба да бидеш безобразен за да "успееш" во овај свет а не можам. Како што кажа погоре @grunf склонет сум на девојка која е мирна и повлечена не повлечена во буквална смисла, оти и јас сум таков, така сум воспитан, воспитан да бидам прибран, чесен со сите скромни доблести. Не сум ептен "повлечен" и да изгледам како наврнато маче... туку во границите на доблеста бидеќи во фамилијата до сега никој не направил глупост и сите генерации и моите функционераат со мирен живот. Се уште сум многу млад, пред мене е шо се вели животот, не сум пак ниту грд и сл. Само ете можеби скромноста на карактерот си го прави своето за да бидеш сингл..
Некои баш сакаат такви дечки уживај Јас дечко ми највеќе ради тоа шо е мирен ми привлече внимание. И ја сум таква, ете не година ипол сме заедно и многу ми одговара, за ништо не би го сменила. Претходно пробав со поразлични од мене, да не речам бед бојс, туку ете така посоцијално отворени да речеме, не ни одеше, едноставно не беше тоа тоа, јас мирна, они различни од мене, немавме ни исти интереси, ни ист начин на живот... Така да, не се секирај, за секого има по некого.
Кај се криете бе вие таквите мажи.. Зошто и јас сум таква повлечена, не излегувам секој викенд, не се пијанам, не се мувам наоколу, не шетам гола за да привлечам внимание, а цело време ми се лепат fuck boys, како не ми се појави барем еден нормален, фин мирен и културен Во вас е проблемот треба да излезете од сенката и да им ставите крај на овие горе наведените, време ви е веќе да блеснете
Браво за вашата скромност, медал сакате?Ако морате да си се фалите колку сте добри, невини душички и сите околу вас не чинат тогаш...преиспитајте се, можеби не е баш така.
Да, медал сакаме, и споменик на плоштад по можност. Добро ако е така како што велиш, ако е до нас проблемот и ние сме тие кои всушност не чиниме, тогаш зошто вие што чините сте сингл и се жалите тука, во што е проблемот?
Да се преиспитаме? Како да се преиспитаме? Никој не се прави и фали дека е "душичка, невин, добар".. Туку ги кажуваме причините зошто сме сингл, во нашиов случај тоа се карактерни особини и дека секој не можи да биди безобразен како ти и остала "паметна екипа" за кој тоа е нормално.
Никој не бега од луѓе што се добри, грижливи, мирни... Затоа реков дека ние често забораваме прво да погледнеме во себе и да се запрашаме дали самите во нешто грешиме, во одреден аспект а не сме свесни/не сакаме да признаеме. Не може сите во околината да се безобразни , а ние совршени , па грешката за нашите неуспеси да ја бараме во другите.
Чекај малце вака, да речеме имаш дечко, го сакаш го почитуваш, го поддржуваш, му веруваш, му пружиш внимание за тебе е тој единствениот, гледаш иднина во врската, во секој поглед се трудиш да успее, правиш компромиси. Во еден миг откриваш дека те изневерувал со друга само за секс. Во кој е тука проблемот? Сигурно е во тебе, ти си виновна бидејќи си го сакала и си му верувала. Него многу му дошло кутриот морал да го „брцне“ негде на друго место, душичка.А таа златна веднаш да помогне што има врска дека овој има девојка, добро дело прави, не е таа крива што ти не знаеш да си го задржиш мажот.
Колку само бегаат. Во ова пореметено време, ако се грижиш, одма е очигледно во кој е проблемот. Затоа и тука е сингл статусот. Едноставно е.
Сингл сум затоа што не сум запознала некој што знае да почитува,културен,што знае да те насмее...Се некои лигуши што се прават фраери а не се.. Бај д леј треба да одам у америка да си најдам некој Тука се е заостанато некако..
Точно. Кој бил мирен, повлечен и срамежлив си го има ова убаво осетено и доживеано. Не си кул денеска ако не си ко толпата нели...
Да речам дека сум правел лоши работи, т.е да повредувам некоја личност дали психички или физички, никогаш не сум го сторил тоа, сум се трудел до максимум дури и на моменти ги ставам на исто рамниште со мене, само да бидат среќни и пак на крајот јас останувам со прстот во уста. Се надевам дека еден ден ќе запознаам некоја личност што знае да ги цени и да и значат работи од типот на искреност, пожртвуваност, почит, отворена комуникација, лојалност итн. Единствено нешто што можам да ве советувам доколку не сте со срце што лесно се приврзува и е кревко што си зема се при срце и е искрен со своите чувства, не очекувајте мн мн од личноста што ви е партнер или партнерка, оти така само може полесно да се разочарате.
Прв пост ми е, да ви посакам на сите среќна нова година. И мене доста ме интригира темава, често и во машко и во женско друштво се фаќаме за истата. Непресушна тема дефинитивно. Тие fuck boys или bad boys многу почесто приоѓаат, имаат голема самодоверба без грам срам или страв од одбивање. Затоа се поголеми шансите при искачање да ви се залепи некој таков. Од друга страна мирните момци се поинтровертни, ќе размислат 5 пати пред да пријдат и често тоа го прават лошо затоа што кога не се опуштени тешко дека може да импресионираат. А голем дел од нив после неколку одбивања се повлекуваат и се откажуваат од приоѓање. Затоа воглавном при искачањата луѓето само гледаат а не се осмелуваат да ги преминат тие “ѕидини“ - што е жално. Поентата на искачањето покрај убав провод со своето друштво е и да се запознаваат нови луѓе. Врските како што гледам во последно време се резултат на запознавање преку заеднички пријатели. Тогаш сите се поопуштени, девојките немаат толкава сомничавост и полесно оди работата. Ама луѓето кои немаат широк круг на познаници имаат многу помали шанси. Смејте се, бидете опуштени, спријателувајте се на секој чекор. И немојте очајно да “барате“ партнер, голем дел од луѓето го чувствуваат тоа и ги одбива. А и вие самите сте поопуштени и свои кога не си набивате притисок и трема.
Според мене многу одбивност покажуваат машките кои постојано во секоја ситуација гледаат да фатат девојка. Ќе се запознаеш еднаш со нив ќе кумуницираш најнормално и после одма давеж од нивна страна. Еден совет до сите такви давежи, немојте да имате цел да освоите девојка. Нека биде спонтано во дружење а воедно и така подобро ќе се запознаат двете страни.
Пази, ова е многу tricky категорија за машките илити “лизгав терен“. Од една страна не треба да се биде нападен и да се избрзува, а од друга страна ако предолго трае дружењето влегуваш во озлогласената френдзона, а од таму нема излегување. По мои искуства 2-3 дејта се доволни да ти се засвиѓа некој, да можеш да се опуштиш и да покажеш намери ако се створи хемија. Ама сето тоа е индивидуално и зависи од карактерот и од претходните искуства на девојката.
Еве јас сум 41 и сум сингл. Дали сум имала шанси да се омажам, да. Дали свесно не сум завршила со некој само зада се омажам, да. Никогаш не сум сонувала да облечам венчаница, па да парадирам пред 350 души и тн. Единица сум, самостална сум и ме учеле, уздај се у се и у своје клусе. Не сум учена да зависам од некого, не се правам нежна, демек ако сум жена не знам да заштрафам нешто итн. Мразам такви лигли. Е затоа сум сингл. Не можам да глумам лудило за да му дигам на некој самодоверба. Сакам еднаквоат, партнер за во живот. Мирен брз непотребни турбуленции живот. И особено човек кој ќе знае да ми биде поддршка во најтешки периоди. Еден кој за малку ќе се мажев падна токму на тој "тест". Ако не е тука да ни се најде како поткрепа па за што ми е.