Значи вака дали се уште постои овој форум незнам Јас имав неколку авантури со неколку девојки но ништо не бидна за озбилно изгледа цело време се заљубувам во погрешни девојки или проблемот е во самиот мене бидејки кога сакам некого го сакам бескрајно дали тоа е проблемот и треба да се променам зборот ми е ми треба совет ми е страв повторно да се заљубам бидејки ми е страв повторно. Поради тоа јас почнав да губам самодовербата ставот идејата за живот смисла за хумор се што е најлошо да го нема едно машко. КАКО ПОВТОРНО ДА СЕ ЗАЉУБАМ девојките зе замислуваат дека живеат во друга планета да се фрлиш пред куршум за нејзе нема да ти каже фала ке те направе ненормален и ке каже јас ли ти реков јас ли те терав да се фрлиш пред куршумот се надевам ке добијам некој добар и поучен одговор благодарам (мала тајна имам 22 години и незнам зошто е вака ниту сум прост нити глупав јбг) тенкјуу
Не сакај бескрајно, дозирај, научи се да дозираш, луѓето се плашат од премногу внимание и излив на емоции
Секое третирање на девојките како група еднообразни створови е во старт бескорисно. Како што не се сите машки исти, така не се ни сите девојки исти. Ти благодарност очекуваш или партнерство? Изгледа на погрешно место ги бараш,каде и да е тоа..ти си НЗД на погрешните девојки, види нешто да не треба да смениш во критериуми.
И јас сум во истата состојба. Пребрзо се заљубувам и премногу, веројатно е во тоа грешката па ништо не бидува на крајот сватив дека многу грешам. Порано бев срамежлива, а сега е обратно. Понекогаш губам надеж, но понекогаш ми се враќа надежта кога верувам дека сепак постои еден меѓу милиони што ќе ме прифати и што ќе сака нормална врска.
Грешка 1 Како очекуваш сериозна врска кога ти си тој што грешно ја поставува границата на сериозност? Не знам како авантура прераснува во сериозна врска. That's not how it works. Грешка 2 Се преценуваш. Сакам бескрајно, ама врските ми се авантури и ги мењам партнерките на секои 2 дена. Мене ова на се' ми личи освен на "бескрајна љубов". Многу е погрешно што имаш вакво мислење за себе си, затоа што тоа не го проценуваш самиот ти, туку твоите партнерки. Грешка 3 Се сметаш за жртва. Доста со тоа самосожалување. Ова ти е голем минус како личност, а и во очите на партнерките. Такви манипулантни игри на никоја не и' требаат. И совет како за крај, не се оптеретувај со ова. Почни да градиш кариера, посвети се на квалитетот на твојот живот, оформи се како личност, имај свој став. Тоа е за твое добро, а и за да изгледаш попривлечно.
Па не верувам дека некоја (паметна) девојка би сакала нешто сериозно, како што рече тој, со неписмен.
Ах, колку машки имаат напишано на форумов вака. Девојките не бегаат момци кои сакаат "бескрајно", веројатноста е дека не си толку добар како што мислиш. Инаку, "девојките се замислуваат дека живеат на друга планета" не помага ви никој случај.
Јас мислам дека го разбирам ама само на некој начин не скроз на скроз. Он има желба за девојка и кога му се допаѓа он се затрескува ама тоа не е доволно и сеа као он се жали ете какви се женските јас ја сакам ама она не го цени тоа.
Не си ме разбрал(а). Тоа ,,како што напишал тој" се однесуваше за тоа дека сака сериозна врска. А тоа дека не знае да пишува правилно, лесно се воочува.
Олабавете бе граматичари, божици на писменоста. Совет до членот. Не форсирај. Не оддавај дека си очаен за врска. Не пишувај на 10 девојки паралелно. За секого има по некој. Каков год да е.
Двете ве обожавам, не знам за кого да навивам. Вистина не побара помош за правопис, ама вистина лошо пишува. Мене вака да ми пише некој и јас би се понашала ко од друга планета. Од друга страна па колку неписмени ги има, никој не останал без девојка ради неписменост. Одговорот е во вториот коментар на темава, не знам зошто има потреба од цела тема за едно прашање од ,,Љубовни проблеми,, @RainBow ? Здраво, јас сум Биља и сакам ред на форумов и мир во светот