Ок, оде воз у кукуруз Ај да се смени насловот на темата во Дали девојките сакаат да бидат со писмен или неписмен дечко Му ја извадивме душата, ќе мора нов форум да си бара за проблемот
Оти му се нафрливте на дечково за писменоста? Па добро, ако имал 2ка по македонски, не значи дека бара девојки лауреати... може си бара девојки што исто така имале 2ка по македонски. Како и да е.... друже, остај ги овие шти ти велат, што е твое ќе си дојде. Ако сакаш сериозна врска, помалку авантури, и кога сакаш бескрајно, намали... од почеток сакај помалку, и полека полека гради ја љубовта.
Не се брзај , времето е пред тебе . Само налетуваш на погрешни девојки . Дај си време , нека поминат месеци , па и година пред нова врска . Разграничи со себе што бараш и што сакаш кај една девојка . Кога ќе најдеш нешто налик она што го бараш , пријди полека , не форсирај , види дали сте на иста фреквенција , дали и таа бара нешто налик тебе . Времето ќе го направи своето потоа .
Оти вака бе? Јас влетував од врска-во врска. Од октомври 1995та, не сум била никогаш без дечко/мувач/сопруг/швалер... Многу сум дружељубива
Претпоставив дека е сличен карактер налик мене . Кога влетував од врска во врска , бев многу разочарана , мислев проблемот е во мене . Го променив тоа , чекав 3 месеци па влегов во врска со маж ми . Некако од тогаш тргнаа работите на подобро .
Па и јас не ( имајќи во предвид дека имав под 16 години ) ама сепак бев разочарана . Можеби затоа што секоја врска ми завршуваше скандалозно . Или ќе урлавме еден на друг на среде улица ( знам , лошо за очи и уши на минувачи ) , или ќе бев изневерена .. Еден на дело го фатив дури . Еден ми има удрено шлаканица пред половина училиште .. А на почеток сите фини .
Со еден се влечкавме 3 и пол години, оти не можев да го откачам. Опсесивно, лажливо, неверно, насилно го*но. Сум пишувала по темиве.
Можеби само премногу сум ги идеализирала во мојата имагинација , како добри и фини момци во тој момент сум ги игнорирала сите red flags , па затоа и разочарување . На тоа додај и вишок килограми и ниска самодоверба .
И јас игнорирав ред флегс и платив дебело. Од друга страна, како ми се ококораја очите после него, ехее!
Плиз без хејт, толку разочарувања имам у последно време. Најчесто се вртат муабети дека мажите се вакви-онакви, сакаат само секс, површни работи... булшит. Во низата разочарувања, имам потреба да си олеснам со споделување на последното. Запознавам девојка, углавном јас ја забавувам со муабети... јас се трудам да се ослободам од работа, од хобиња за да се видиме, значи правам се што повеќето жени теоретски го бараат. Се муваме некое време, супер ни е. После недела дена таа почнува да избегава, уствари не можела да има озбилна врска. Призна дека уназад 3-4 години многу дечковци оставила поради тоа што сакале поголемо посветување. И не е ова еднорог, многу вакви машки искуства имам слушнато. И пак еве повелете сатанизирајте не дека ние сме се играле со девојките.
А ти дојде да се пофалиш дека не си како другите? Јас па бегам подалеку од вакви што потенцираат цело време дека они се поразлични, дека како нив треба да бидат сите ама ти си знаеш. Мислам макар и да си таков, кога потенцираш тоа ми е огромен turn off.
Аман, реков дека го пишав ова зашто ми тежи и сакав некаде да го извадам ова од себе. Не ми импутирај фалење. Поентата секако не беше дека сум поразличен од другите туку дека повеќето машки сакаат озбилна врска. Не ме интересира дали бегаш од "вакви".
Да ти тежи ама онака случајно пиша демек какви муабети се вртат за мажи за потоа да кажеш дека и тебе не ти е лесно. Озбилна врска тешко со неозбилни како вас.
Одма со осуда. Братов дошол да се пожали дека не му идело, ти одма го осуди. Ништо, членот нека си бара други и тоа му е решение.Кога тогаш ќе му се посреќи и тргне во љубовта.
Ова е клучниот момент Мислам...не би се осеќал нападнато од предрасуди дека си игра со девојките ако не си игра стварно. Ама нема секој капацитет да разбере
И маж и жена не мора да сака сериозна врска после неколку излегувања, од било која причина. Важно е да се искрени од почеток дека не сакаат.
Не е ова хејт, само совет. Ако имаш повеќе вакви разочарувања, тогаш ти таков тип на девојки привлекуваш. Како прво, ослободи се од чувството на разочараност и не очекувај дека наредната ќе ти биде иста, пошто со такво некое генерализирање, секогаш само тоа ќе го гледаш у други девојки. Второ, велиш "Правам се што повеќето жени теоретски би сакале", што значи постапуваш на начин на кој мислиш дека ќе те доведе до озбилна врска. Биди малце послободен, размислувај дали тебе ти се допаѓа женската и колку навистина мислиш дека треба да се трудиш околу неа според тоа колку ти се допаѓа. Не постапувај со помисла дека и оваа ќе те одјебе за озбилна врска. Мислам дека се приметува кога некој сака нешто кежуал, а ти не можеш да се трудиш за некој што сака кежуал со надеж дека ќе сака повеќе --- секако тоа треба и со муабет да се потврди, ама никако разочарување.