Ова е веќе мислење кое заслужува одговор. Јас сум пробирлив, ретко да се потрудам за некоја. Ама кога ќе ме заинтересира, давам се од себе - не дека идам по некои теории, шеми, глупости и шаблони туку ми доаѓа природно така. Знам дека не треба да ја гушам, верувам дека оптимално пружам се. Е сега муабетот дека такви привлекувам... не знам тоа колку е до мене. Од тие со кои сум се запознал (а не се дешава нешто често) како што е природно нели се ангажирам само околу онаа која што ми се свиѓа и со која сакам нешто озбилно.
Може да имам 28, може и 33... исто му доаѓа. Годините не се никаков проблем освен ако не е 18 каде уште сме незрели или 48 каде веќе е премногу.
Тоа да го напишеше женско, немаше ваков одговор да добие. Некогаш навистина жените многу генерализираат кога станува збор за мажите. Твојата реплика е чист пример за она што тој го пиша и се пожали. Премногу напаѓање и генерализирање. Некогаш си мислам, не им е лесно и нив со некои вакви женски мислења. Доаѓа тука, пишува искрено мислење баш за ова генерализирање, објаснува дека не се сите такви и добива одговор "се фалиш". Девојка да пишеше дека не се сите девојки исти, поддршка ќе добиеше, ама машко не добива. Не е баш фер.
Можеше да се пожали без да напише дека мажите биле многу напаѓани и зашто сме сатанизирале дека си играле со девојките. Нели демек нема вакви што си играат па џа џабе збориме. Може да е најдобар, највеќе да ме почитува и ако во секоја прилика потенцира колку он е добар и не е како другите, нема да биде во асална врска. Чисто му укажав каде е проблемот Всушност сите девојки се исти ама во позитивна смисла А за двојните аршини, па искрено ги заслужуваат кога самите ги применуваат.
Значи машко не смее да се пожали,ама женско смее. Грубо не прифаќање на реалноста. Не излажа ништо членот,вистината ја кажа. Кога не одговара вистината - се фали.
Твојата реакција само покажува дека тој е во право. Не значи дека секогаш тоа го потенцира. Еден коментар е ова, еднаш решил да отвори душа и да се искаже на оваа тема. Колку само лоша реченица.
Танче, твоево мислење е претоксично за млада особа како тебе. Се надевам за брзо ќе увидиш колку си грешка...
А ти зошто нешто цело време си против машкиот род? Машки член да напише дека надвор е преубав ден, ќе реплицираш нешто негативно во смисла “кој си ти да кажуваш дали е убав денот, мажите на заслужуваат да се радуваат ако е надвор убаво.” Во темата за Амбер и Деп, машките не требало да се жалат од насилство. Машките не смеат ова, не смеат она, тие се вакви, онакви.. Имаш некој проблем конкретно со цел машки род или?
Не сакам да глумам адвокат ама погрешно ја разбравте, мислењето беше во врска со оние мажи што нагласуваат колку се поразлични и посебни и со синдром на жртва. Вечно сѐ е против нив и воглавно жените им се криви. Ако си била со ваква личност или барем да си правела муабет ќе знаеш што зборам и ќе осетиш од километар. * * * 17ти мај е а како да е лето, уште сега ако е волку топло не ми се замислува колку ќе биде во наредните месеци.
Exactly. Дури и тие што се стварно асални, кога ќе почне да се фали колку он е посебен, колку ги почитувал жените и сака и све и ова ти го потенцира во секоја прилика, просто ми е сељачки. И не зборам само за стрејт мажи и врски. И геј луѓе знаат да ми се лигави кога ќе фатат да се фалат дека они се нај према жени општо, не мора да има врска со љубовни врски со жени. Биди си ти асален, сама ќе увидам дали си океј чоек или не, без да се фалиш.
Да, те сфаќам јас. На луѓето што сами за себе кажуваат колку се добри предобри(еве без разлика дали се мажи или жени) автоматски не им верувам. Ја имаат истата енергија како луѓе што еднаш ќе помогнат некому и мора да го документираат тоа со фалење и еден куп слики. Буквално, прелесно е да се примети, и на форумов се приметува.
Само што потврди дека е тој во право. Мажот не смее да се пожали од женско одма има некој синдром или веднаш му се поставува дијагноза. А од женско да беше пишано ќе добиеше совет “Run baby run.” Трагикомедија. Што се однесува до членката и во други теми потенцира нешто навредливо кон машкиот род.
Не ми се верува, те цитирав за да ти кажам дека не е поентата тоа и ти пак истото го повторуваш. Плус мојот коментар е повеќе општ отколку насочен кон него, ама ајде.
Немаш што да ми кажуваш,повеќе од јасно е сѐ. Оти машко кога ќе даде одговор за женска страна веднаш не бива,а сакате рамноправност. Е каква рамноправност сакате кога доаѓа член што ја кажува вистината и оп а не тоа какано е,не одговара така,се фалиш. Освен тоа, вам ви се чудни перцепциите ама тоа е и не е мој проблем. Големи сте,си знаете.
Ама овде не беше жалење само од конкретно женско него општо кажа дека жените биле вакви и такви. И дека он бил жртвата и добриот ама сите го неќеле иако "правел сѐ што повеќето жени сакаат". Баш вакви ситници се игнорираат, демек се небитни и после "абе супер чоек беше, после се смени, стана никаков".