Не очекувам друг одговор од особа која кажа дека сите женски се исти и се смее. Кога веќе нему му даваш дијагноза,дај си една и на себе.
Вистината што ти си ја увртела во глава и не сфаќаш дека можеби не си во право. Не сум расположена за карање, онака ти реплицирав секако.
Не е ова бојно поле па кој е во право или не да бараме. Овде се работи за нешто друго, немав намера да должам и ти пишав затоа што ти самата целиш кон карање. А баш од сите мислења се запна за моето,те погодило изгледа. Вистината е таа,ти одговарало тебе или не.
Он генерализира дека женскиот род не го сака затоа што си има конкретна замисла за како ние функционираме, а јас генерализирам дека машки што мислат дека пружаат убавини и се прават цвеќиња за мирисање, обично не се такви
Затоа се првите недели мување, гледање, излегување, дружење. За да видиш дали сакаш да продолжиш со човекот или не сакаш. Не значи дека во посветена врска сте ако сте излегле неколку пати и сте се измувале. Не значи дека те изиграла. Никој ништо не му должи на никого. И девојка истово да го пишеше, истово ќе и го кажев. Без високи очекувања и се ќе биде во ред. Излегувај без очекување дека ќе влезете во сериозна и долга врска, чекор по чекор и нема да се разочаруваш. Со некои ќе биде со некои нема да биде.
Никогаш, ама буквално никогаш нема да поверувам у ‘не сум спремен за врска’. Цврсто сум убедена дека особа шо е стварно заинтересирана и на која шо стварно и се свиѓа друга особа, ќе напраи напор за да го зачува односот, каков и да е. Не постојат луѓе кои не се спремни, постојат само особи кои не ја будат желбата кај другиот за да се потруди.
Боже исплакни ми ги очите. Ти девојко многу си имаш проблеми со машкиот род, не знам дечко ти како те трпи. Многу пати ми се имаш напнато во љубовни проблеми дека ја не сум знаела да зборувам со дечко ми за брак и дека другарка ми ја "силувале". Очигледно не знаеш ни што значи тој термин па тресиш од ракав работи. Многу често зборувате како ве оставаат оти сакаат само секс, кукате оти не сакале да излегуваат со вас и ред други работи. Дечкото сакаше да каже дека нема намера да искористи, баш напротив има отворени карти за се, и за веска излегување и се што е нормално за една врска. И тоа значи дека се фали? Во однос да дечкото ќе кажам само дека има и девојки кои користат и сакат само секс. Сигурна сум дека ќе најдеш девојка која ќе го цени твоето внимание и љубов и ќе сака врска, со сите тие работи за кои се "фалиш".
Луѓе ви се молам. Овој наратив е многу добро познат. Еден куп машки постојат со слични дејтинг ,,проблеми". Не сакала никоја да ги дејта без никаква причина. Правеле сè како што треба, како што секоја девојка сака. Не се како лошите машки, затоа не разбираат зошто никоја не сака да биде со нив. Ми кажувате дека не ви е очигледно дека зад оваа завеса стои entitlement, фрустрации и генерална непочит кон женскиот род? Не им влегува во глава дека никоја ништо не им должи. Мислат дека ако вложат нешто мора да добијат нешто за возврат. И баш тоа е проблемот со најс гајс, на врските гледаат трансакциски, а на жените како награда што треба да ја добијат за нивното добро понашање. Знам дека звучи грдо, ама тоа е најсликовитиот приказ што ми текнува. И секако дека жените ги одбегнуваат бидејќи не е тешко да се воочи дека цел тој niceness им во најголем дел глума. И пред да ми каже некој дека само маката си ја искажувал, не зборам за конкретниов член, туку општо муабети кои сум ги посведочила. Од едно мислење не вадам заклучоци секако.
Чекај, во моето такозвано генерализирање гледаш проблем, ама кај него демек нема генерализирање во врска со тоа женските што збореле за машките, што сакале повеќето девојки, колку сатанизирале за тоа какви се машките... Океј А за другарка ти прашав како е можно да има секс без кондом и да забремени и само типот да е крив, зашто он е единствениот крив само ако е силување. И девојка не се фаќа со "срце јас не сум како другите мажи" или "вие девојките многу сатанизирате"
Постот на @Lella во целост ги опишува тие "nice guys". Имав еден таков кој беше "nice" се додека не му ја одбив понудата за врска. Од тој момент почна да лечи фрустрации врз мене. Ми пиша огромен реферат како бил чесен и добар работник кој ми го дал срцето (иако со никаков збор ни постапка не го направи тоа) а јас сум го шутнала, сакал да основа семејство со мене, а јас разгалена курва што сака само bad boys, богаташи и пари. Буквално со овие зборови. А причината заради која го одбив не беа ниту bad boys ниту пари. Го одбив заради неговите конзервативни размислувања, ставови и фрустрации.
Рамонес си бил ли некогаш во љубов и (вистински) разочаран и како се чувствуваш? Оти ми се чини се шо зборуваш го зборуваш теоретски само.. ми делува ко секоја би ја сакал и љубел (повеќе би рекол би ја симпатизирал и би форсирал на некој начин, иако делуваш на океј разумен дечко) шо би ти обрнала повеќе внимание на некој начин, битно да се фати девојка..
Јас дури ни на најс гајс не мислев. Него на најнормални машки по однесување, значи све си е океј со нив, арни се ама го потенцираат тоа во секоја прилика. Пример ќе чујат некој рандом како ја удрил или изневерил девојката и не само што ќе кажат дека типот е ѓубре, туку ќе ја искористат приликата да кажат дека "Јас не сум таков, јас никогаш не би го направил тоа. Другите се лоши, јас сум добар". Значи секој втор муабет им е јас јас јас. Повеќе не знам егоисти му доаѓа ова. Познавам еден ваков што е геј. Значи не збориме само за врски. Типот не е лош ама онака во секоја прилика потенцира дека он како машко е многу поразличен, он е добар, другите не се. Он ги поштувал девојките, другите не. Сите машки да биле како него светот поубаво место ќе било. И сите што го знаат да ги прашаш ќе ти кажат дека овие му се стални реченици. Повеќе ми личи како упорно да си бараат некој да ги фали зашто не биле како другите или си бараат валидација.
Да, секако. Инаку не би го барал тоа ако ми е непознато или имагинарно. Далеку од тоа дека секоја би ја сакал, ама кога ќе запознаам некоја што ми е инспиративна, а сам по себе се чувствувам спремен за обострана љубов - тогаш има тенденции да се заљубам.
@Lella ти ли ги преместуваше мислењава од сдк, плс врати ми го тоа за времето ако е возможно, да не личам како да ми фали нешто што во тема за сингл луѓе пишувам колку е топло .
Не бев јас. Има начин да се раздели, ама во оваа категорија јас немам пристап. Инаку јас укопчав дека е од сдк мислењето при читање, а веројатно и другите, така да уживај.
Другарче Ко што ти си бараш некоја инспиративна, така и инспиративната кога ќе ја најдеш си бара нешто кај машко што можеби ти го немаш. Нема љутиш. Ко што ти бираш така и тие бираат. Не е пресудно дали ти ќе се осеќаш спремен за обострана љубов, туку дали двајцата сте. Труди се да бидеш подобра личност самиот за себе во секоја ситуација (не велам дека не си), а не само кон потенцијалните партнерки. Се друго ќе си дојде. Ставот нечиј дека лично тој е нешто ексклузивно во однос на поголемиот број машки и затоа женските ќе чекаат редици за него, или во најмала рака ќе си рече некоја уау ова е понуда шо не можам да ја одбијам - е погрешен став и непродуктивен. Како што и од гледаш од најголем дел од коментарите. Убаво си објасни ти, дека едноставно сакаше да си олесниш некој товар со тоа што ќе го пишеш ова, ама пак, изборот на зборови може да остави поинаков впечаток.