Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сингл си е сингл или тоа е само уште една утеха?

Дискусија во 'Сингл' започната од Super-Girl, 2 септември 2012.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Машки
    Грешка си. Јас викам дека има и "карпа мажи" на кои жените може да се доверат, а воедно да нема сексуална привлечност помеѓу нив.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    30.443
    Пол:
    Женски
    Има, тие мажи ги викаме хомосексуалци.
     
    На pinklipstick, Калатеа, Амаја и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Машки
    Како да не. :^)|(
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    43.748
    Пол:
    Женски
    Respectfully, ама на жени во среќни бракови и врски не им е баш место да кажуваат колку е супер да си сингл. Ништо против вас, го почитувам тоа што го кажувате, ама исто како да речете некому кој е гладен, абе супер си што немаш да јадеш, таман ќе ослабеш.

    А оваа "Виолета" е буквално маж кој глуми несреќна жена, плс не паѓајте на провокацииве.
     
    На Stark, Asparagus и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    30.443
    Пол:
    Женски
    Како да да :D.
    Сум имала пријатели хомосексуалци, и дефинитивно дават подобри совети од стрејт мажите, пошо иаме слично ако не и исто, размислување.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Машки
    Па и јас сум со слично, ако не и исто размислување, а не сум хомосексуалец, а после советот не барам да ми даде. :angel:
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    30.443
    Пол:
    Женски
    Па не збориме ние за давање или не давање после совет, глеаш дека не разбираш :rofl:
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Машки
    Не ме разбираш што сакам да кажам. Ти очигледно не си добивала совети од машки лица, па затоа не знаеш. :D
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    30.443
    Пол:
    Женски
    Аууу, сум добивала друже, и секогаш во ѕид сум ударала. :rofl:
    Затоа викам, не ни се исти размислувањата и последиците нема да бидат исти за маж и за жена.
     
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Машки
    Не си ме познавала мене, затоа си удирала во ѕид. Не е сега како едно време на секој да му имаш поверење. 8)

    Од 10 машки, еден сигурно може да ти помогне, а притоа да не е ЛГБТ.
     
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    30.443
    Пол:
    Женски
    Важи срце, ај следниот пат кај тебе идам :*
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.104
    Допаѓања:
    82.710
    Пол:
    Женски
    Имам забележано кај жениве во последно време некаков отпор, страв, недоверба. Сакаат да се докажат како силни и независни и велат дека можат без маж, дека не им треба маж, дека тие сами се доволни за се'. Ама: Не треба да се негира потребата од стабилен партнер на кој можеме да се потпреме. Не не' прави помалку жена или слаба жена ако признаеме дека ни треба маж, нормално е да функционираме заедно, затоа сме создадени едни за други. Треба да си градиме една цврста врска каде ќе има почит, разбирање, ќе си бидеме тука за се' да си помагаме еден на друг, да си бидеме едно мирно пристаниште во овој хаотичен живот и свет. Зошто негирање на ова? Зошто плукање по партнерство? Ако има лоши мажи, не значи дека нема мажи вредни за заеднички живот, за да им веруваме, за да растеме заедно градејќи семејство. Пак ќе бидете силни и независни жени, не се плашете дека маж ќе ви одземе нешто. Не значи дека ќе бидете потчинети, туку заедно, рамо до рамо ќе одите низ животот. Само мудро да изберете таков човек.
     
    На FlirtBerry, makakosi, Maelina и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    3.025
    Пол:
    Машки
    Не значи дека маж не би помогнал.
    Не сум педер па никого до сега немам одбиено за помош или совет. Било кој кое и време да ме бара некој за било што не одбивам и ќе дадам се од себе за да помогнам.
    Во глобала да жените се попаметни и за работите што ги наведе поубав совет ќе ти дадат или повеќе познавање би имале ама не значи дека маж нема.
    Не може да плукаме по едниот пол, што сега треба ако ми се поквари кола да барам само помош од маж и жена и да ми се понуди за помош да и се изнасмеам и да речам "женско си не знаеш", може знае... Исто е...
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Felix Anima

    Felix Anima Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2025
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Прво да кажам дека се сложувам со горе напишаните мислење дека подобро сама отколку во лоша, несреќна и токсична врска.
    Мислам дека е пола пола. На некои им е ''титула '' сингл некои само се кријат позади тоа а искрено се тешат, а има и трети кои се сингл сакаат и бараат партнер и го кажуваат тоа но не сретнуваат некој/а како за неа/него.
    Ова го мислам поради тоа што имам во друштво од сите типови.
    1. Имам другарка која е многу ладен човек, многу тешко се поврзува, засакува. Не прави компромиси, не се обидува да балансира нема да смени ни најмала ситница ако навистина му смета на партнерот. Излегуваше со еден дечко два месеци како шериф се однесуваше кон него и го откачи. Дечкото беше сосема океј. Немала никогаш сериозна долга врска, ниту бара некој ниту чуствува потреба да бара и да излегува со било кој. Дури ретко и излегува на дејтови, едноставно си го тера животот ако упали некој пропратно океј ако не никому ништо.Збориме за 28 годишна девојка не за тинејџерка.
    2. Друга другарка е желна за љубов ама е магнет за тешки идиоти. Имаше двајца дечковци до сега, моментално е сингл. Она бара и кажува дека бара нешто нормално после тоа што го имала. Далеку од тоа дека она е несреќна и бара внимание па да искача со било кој не, но едноставно си чуствува дека сака да си има некој до себе.

    Иако примериве ми се за другарки имам и другари од овој калибар мислам повеќе е карактерно не знам колку може да се генерализира. Можеби повеќе би ставила акцент на тоа како луѓето околу нас реагираат на тоа сингл доколку им дозволиме да ни влијаат. Некои го сфаќаат тоа трагично па ќе ти речат ајде барај, што чекаш, кога ќе го запознаеш па кога деца како ова да е нарачка од Тему да изберам да ми стигне по пошта.

    Јас лично до пред неколку години имав долга врска после тоа бев сингл се фокусирав на работа на себе и не го доживував тоа сингл како нешто страшно иако бев и помлада но не знам дали годините би имале некаков удел дали е исто сингл на 25 и сингл на 30 или сепак е карактерно и колку ќе дозволиме другите да не клукаат со позитива или негатива.
     
    На tsanemsit му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со ова. Мислам дека повеќето од жените што плукаат по партнерството само сакаат да си се утешат пошто не успеале досега да најдат никој и на некој начин им е како coping mechanism. Ќе се вклучам и себеси тука, многу често си се фаќам себеси како се убедувам дека ми е супер сама и дека не постои среќна врска, но тотално сум свесна дека воопшто не е така и дека ми е потребна добра и искрена личност до мене. Љубовта е прекрасна кога е искрена и мислам дека не постои човек што не би сакал да ја искуси. Само си се тешиме за да ни е полесно дека сме сингл. :D
     
    На FlirtBerry, Melissa_39 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    47.908
    А ајде да збориме за тешењето со кое очекуваш муж у патријахално општество, плус религиозен да те есапи ко човек, или тешењето дека баш ти со твојата мудрост си способна да избереш таква статистичка грешка.

    Али ок, што друго да очекува жена од жени на женски форум кои се чудат оти жените не сакаат веќе да си арчат живот на својот најголем предатор.

    Излезете од дома, идете напрајте муабет со жени, не читајте многу љубовни романчиња. Би рекла не знае жена што утре ја чека, али за жал или среќа знаеме, не се прајте слепи при очи само оти сакате да испаднете бољи од другите жени. Оти у очите на мужите не сте, него сте само поглупи .
     
    На theowndemon, FlirtBerry, RainbowButterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Би си фатила ја, можит и би се омажила ама страв ми е од насилство, така да... :smoke:
     
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Тие што се удираат во грб дека сите мажи се исти, дека се насилници и не работат, се истите кои имаат се судрено со не дораснати мажи, мажи кои цел живот им е сервиран од неговите.

    Има мажи кои водата стои, они не стојат. Кој прво со жената разговараат па после носат одлуки за било што во животот. Е сега созреан маж ова би го разбрал и би го практикувал, а некој што не му е развиен мозокот ќе јаде гомна дека он е маж, маж, дека он ги донесува сите одлуки сам, дека жената е само за дома да биде домакинка и да чува деца.
     
    На Stark, Unknown_7, troublemaker94 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Машки
    Уште пред добро да запознаете човек го категоризирате во некоја (неубава) категорија и после упорно барате и најмала ситница да ја "потврдите" категоријата, а се чудите потоа зошто среќавате само луѓе од таа категорија (facepalm)
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.