Кога како , обично сум уживала многу у статусот сингл и сега уживам , само што си имам нели некои непреболени работи , ама кај и да е ке помине Ч) Зошто утеха ,мислам дека на помлади години 18 до 20 и нешто е баш убаво да си проживееш некои работи што врската не ги дозволуваЧД
Убаво е да си сингл додека не завршиш факултет... тоа не значи да не влегуваш во ниедна врска, мислам дека до тие години треба да запознаеш што повеќе машки карактери за да знаеш што треба да одбереш а што не кога ке станеш возрасна. А и студентските денови никој нема да ви ги врати, треба што повише да се шета
Утеха или не - многу релативна работа, секој си знае како му е. Реално не сакам да сум сингл, ама па и не сакам да сум во врска само колку да не сум сама, така да во моментов подобра опција ми е сингл.
Тоа е само уште една утеха,никој несака да биде цел живот сингл и мн се нервирам кога ке каже некој сам/а сум ,немам никого,никој не ми треба,убаво ми е вака,си шетам каде сакам со кого сакам како не бе.Што убавина има во тоа сам да се биде?Знам дека некој го кажува тоа зошто бил разочаран ,ама сите сме биле и јас сум била мн пати ама сеуште се надевам дека мојата сродна душа ме чека некаде и ке се сретнеме во скоро време
Па не може веднаш од една во друга врска да влезеш, еден период ке бидеш сингл(мн јасно). И нема ништо трагично тука(па дури и да си се разочарал.!) и нема потреба да се тешиме со излитени фрази,јасно е дека е тоа само маска, сите сакаме да сме сакани. Можеш да си го посветиш времето себеси, да ги научиш лекциите од претходните врски, да си расчистиш со себеси што всушност сакаш и НЕ САКАШ( врло битно) и во иднина кога така ке се поставиш и спрема др би требало да најдете некој кој ке одговара на вашите стандарди. Поздрав
Абе зависи како гледаш на работите. Ако те тепа меланхолија и Сингл си е сингл го сфаќаш како утеха, нормално дека тоа ќе биде само уште една утеха и ништо повеќе. Крај краева, ако ти дошло до тешење, не е важно каква фраза ќе употребиш. Сингл Е сингл. Како состјба, како статус. Како го сфаќаш тоа нема врска со самите зборови, туку со твојот став кон нештата.
Јас тоа не го сваќам како утеха. Се си има своја предност. Да бидеш во врска е супер ама не е работата ради реда, туку озбилна врска со мн љубов, а додека да дојде тоа ќе си уживаме во сингл статус
Абе никој на ова не одговорил точно...од една страна сингл си е сингл ако го гледаш дечкото како обврска. сепак има некои работи кои ги правиш сама. Па уште и ако имаш забегано и откачено друштво нема ни да почувствуваш дека ти фали љубов. Ама ! Од втората страна НА КОЈА ДЕВОЈКА НЕ И ГОДИ МАШКО ВНИМАНИЕ И ОПСИПУВАЊЕ СО ЉУБОВ ? дај да не се лажеме бре !
на 17 години вакви зборови да речеш над 30 и се уште сингл-тешко е сите оформуваат семејства а ти си сама пред се болно е после врска годи малку време да си посветиш на себе-од женска страна кажано
Мислам дека многу грешат тие што велат дека сингл е само утеха јас сум сингл имам 21 година и не чуствувам дека нешто ми недостасува, ниту пак копнеам да бидам со некој си терам така како што е
Јас си кажав мое мислење и свој став и мислам дека секое женско би се согласило. не отворив простор за предрасуди јас мислам....од двете страни гледано-така е . За се можеш и убави и неубави зборови да кажеш и најдеш. Поздрав
Само една огромна утеха и ми е смачено веќе со овој статус. По раскинувањето на една врска, ниту една врска неможам да задржам, затоа имам нерачистени работи прво сама со себеси, со бившиот , сеуште е непроболена таа љубов.А во моментот ужасно ми фали некој да биде до мене ..
Не е само утеха, луѓето навистина сакаат да се сингл, под тоа мислам да не се во љубовна врска, брак, но имаат некаков партнер(и). Поединецот премногу си станува важен на самиот себе и најбитно му е како се чуствува. Најбитно му е уживање, што подразбира и неодговорност (најмногу кон другите). Љубовна врска меѓу двајца, а посебно бракот, бараат одговорност и одрекување од многу работи, за кои тој поединец не е спремен. Таму нема постојано уживање. Во врска/брак мора да изгубиш нешто од себе, мора многу работи да истрпиш, а тоа се коси со нарцисоидноста која преовладува кај такви луѓе. Едноставно, се станува подредено на задоволството. Имаш некој кој за одредени работи те прави задоволен и со него си само толку додека си задоволен, потоа си продолжуваш со животот. Главна водилка е сентименталниот морал, односно добро е она што ме прави среќен, задоволен. Стануваат емотивни инвалиди.
Има луѓе кои знаат да се носат со статус сингл. Се сметам за таква. Не го доживувам како хендикеп, си сакам партнер кој ќе ми одговара, ќе ми биде привлечен а додека чекам некој таков уживам, нема што да очајувам. Ако запознам тип кој ми се допаѓа, да ќе пробам да видиме како ќе ни оди, ако не бива не очајувам. Ако јас жртвувам нешто, сакам да ми биде вратено од партнерот со внимание, љубов, поддршка.
Секоја чест Tanjamm за пишаното, се што е пишано е точно и на место.За да има вистинска љубов треба да има пожртвуваност од обете страни, а пак додека ако само едната страна жртвува и гордост и се тогаш ништо од тоа, подобро да си сингле него ли со некој погрешен кој ќе ти го троши времето залудно и нема да те цени како вистинска дама.
Бев во долга врска и сега сум сингл па ми требаше премногу време да се привикнам на тоа.Дефиитивно фали оноа секојдневно слушање со пратнерката ама исто така ич не ми фали оноа контролирање на мојот живот и секој отчет каде си,со кој си,дали смееш,дали не смееш... Важно е само да научиш во овој суров свет да не се врзуваш со секоја и да научиш полесно да преболуваш.