Според мене тоа е една ГЛУПА фраза која во денешно време почнаа да ја употребуваат 10 годишните девојки. Секогаш ќе се најде некој само треба време и да внимаваме на кого налетуваме за на крај да не испадне да си ја капиме главата од ѕидот
не е исто кога си сингл и кога не си.А ја после една долга врска сретнувам само идиоти. Ко господ да сум го гаѓала со камења.
НЕ би се вратила на сингл живот за ништо на светов. Тоа што некои луѓе не осеќаат “слобода“ т.е. се осеќаат заробено во врски, тоа е затоа што не се во правата врска. Никогаш не сум си го трошела времето со погрешниот, ако се осетам заробено или неубаво во првите недела-две, одма сум прекинувала. Затоа што искрено, толку време ти треба од прилика да процениш дали ти одговара тој човек или не. Јас се чудам на луѓето што се мизерни во некоја врска со години... зашто остануваат во таква врска, стварно не знам
го делиме мислењето. доколку треба да си сингл за да се осеќаш слободен/а таа врска не ти ни треба. а тоа што остануваат во врска иако не се среќни е бидејќи мислат дека другиот ќе се смени, што најчесто не се случува или па ’имам 28 години другарките ми се испомажија нема со кој да излегвам нема да најдам друг’ тоа е чест муабет шо го слушам од девојки кои се во долга врска а не им е се погодено. ама па незнам шо идат веќе 6-7 години коа тоа веќе уште првата се гледа.
Секако дека врската е товар кој ако почнеш да го носиш уште од тинејџерски години еден ден сигурно ќе потклекнеш под притисокот и ќе се убедиш себеси дека тоа така треба да биде. Неможеш во врска да се чувствуваш слободна, тоа е факт. Е, сега некои луге едноставно уживаат во тоа некој да ги контролира, малтретира итн бидејќи самите незнаат да се организираат и доколку некој не им каже што да прават тие се како муви без глави. Неможе никој да ме убеди дека кога си во врска тоа си ти. Еве ви пример дали кога сте во врска можете да отидете дома кај некој другар на кафе? Да можете но со страв и криње. Дали кога ќе излезете можете да се зезате онака слободно баш како што вие сакате, односно да бидете целосно вие а не да глумите финоќа? Да не ја спомнувам тука сексуалната слобода што сте ограничени само на еден партнер лош, добар тоа ви е изгубите со него 1-2-5 години и на крајот или ве шутне или сватите дека е кретен. И, што сте направиле? Сте си го упропастиле времето непотребно. Да, треба да се има врска тоа е неминовно во кога веќе ќе созреете а не сега деца уште не пркнале се во врска. И кога ќе треба да се смират да оформат семејство тие тек тогаш ќе сватат дека пропуштиле многу во животот и ќе сакаат да надокнадат. Јас ја бирам слободата бидејќи сум таква личност неможам да се замарам со разноразни глупости дремење на телефон па каде си? Со кого си? Зошто го погледна вака? Зошто онака. Сакам да одам онаму каде што јас сакам сакам да правам во моментов што јас сакам а не некому да поднесувам сметка и да правам компромиси од типот: Јас се откажувам од ова ти од она. Врската е работа која што е вештачки створена човекот е по природа за слобода а не за граничување, а врската е токму тоа ограничување на слободата.
ЈАс мислам дека е само утеха... која девојка не би сакала да има дечко? која девојка не би сакала да има некој до незе секој момент кога и е тешко а и кога е среќна? која девојка не би сакала да е прегрната цврсто? која девојка не би сакала да слушни те сакам за добра ноќ а и воопшто преку цел ден? непознавам девојка која не би сакала да има дечко што ќе ја сака искрено... сите кои што ќе речат сингл си е сингл длабоко во себе знаат дека не е така...можеби грешам поправетеме ама тоа е мое мислење...
Ретки си тие што сакаат да се сингл подолг период,можеби малку за да одморат, но сепак во пар подобро се фукционира.
Секогаш има и предности и слабости и кога си сингл и кога си во врска. Некогаш треба едноставно да се одалечиш од некои работи, да видиш како е на другата страна за да знаеш што сакаш во животот. Ми било убаво и во врска и кога сум била сингл. Во врска имаш со кого се да планираш, немораш да чекаш на некој друг, не си сам никогаш. Кога си сингл па немораш да објаснуваш зошто остана цела вечер излезена и се забавуваше со другарките Се си има свои убавини, зависи само како посакуваш да ти поминува животот
Се гледа дека си била само со кретени. Верувај ми дека го имав истото мислење како тебе, додека не најдов совршен човек за мене. Кога ќе најдеш таков, ќе сфатиш дека цело време си бил ПОЛА ЧОВЕК. А за тоа болдираното... жал ми е што си во толкава заблуда.
Сите сакаме хармонична, стабилна врска, ама денеска тоа е реткост. Подобро е да имаш здрава врска отколку да си сингл, но лоша врска е бетер од сингл и е измачување.
Сингл не е само утеха, сингле е време кога имаш потполна слобода да се посветиш себеси и на оние кои ти е волја
Зашто утеха ? сингл е супер време да се забавуваш и да праиш глупости особено со друштво , шетање , флертување и се тоа без нервози и без притоа да му објаснуваш на некој што ,како ,каде ,зошто, се разбира се си зависи од годините , на помлади години според мене поубаво е да си сингл , а не после на 27-8 години да се понашаш како неиживеан зошто не си прошол некои работи ...
епа од друштво значи сите имаат дечко и јас будала кукав дечко сум сакала ова она хаха и се мував со еден можда 4 месеци и прекинавме и сеа се чудам и си викам кај ми бил паметот... па 16 години имам што ќе ми е дечко, едино сеа можам да уживам во животот како што треба и да не се замарам така да за мене сингл си е сингл, и не, не ми е само утеха
сингл е сингл! тоа што сакаш правиш и на никого не му кажуваш за се и се плашиш за секој збор иако сите сакаме стабилни врски, денес ова е многу ретко некако
Има време за се, секогаш сум го кажувала ова. Посебно се однесува за девојчиња по 15-16 години па и 17-18. Тоа е период кога треба да бидеш слободна, да правиш што сакаш без притоа на никого да му полагаш сметка. Некој ќе рече е да бе, во врска да не неможеш да правиш што сакаш да не те држи на ланци? Не ме држи на ланци ама пак не е исто, не си толку слободен кога ќе искочиш. Вака може со другарки да искочиш да флертуваш со некој што ти се свиѓа, да се запознаеш, да искочиш на кафе со некој и после тоа да немаш гајле. Има време за сериозни врски и стабили, еее тоа не бега на никого. Јас ја имав таа среќа тие години да си ги поминам баш така, а и друштвото сите беа слободи и гајле немавме. За 5 минути се правеше план каде ќе одиме, начукување до даска, следниот ден кој бил најтрезен кажува... Сега е малку сменето, сите дечковци девојки па и нив си ги носи некој и така.. Добро сега и малце повозрасни нели не ни личи па и толку глупости, ама среќна сум што тој периот го изжувеав така, и на сите им го советувам тоа
Подобро сингл отколку во лоша врска. Кога излегов од првата врска многу си ја засакав слободата, но сега кога до мене е вистинскиот не ми треба ништо друго се чувствувам исполнето. Така да на некои можеби навистина им е убаво додека се сингл, но за повеќето мислам дека тоа е само утеха.
Едно е да си сингл друго е во врска.Секоја од овие си има свои убавини и недостатоци.Кога сме сингл можеме да одиме кај сакаме и да правиме што сакаме без некому да објаснуваме што и како и зошто,за разлика додека сме во врска е подруго се знае имаме дечко мораме малце да се смириме и да внимаваме на однесувањето. У вези са слободом , док нас љубав не растави !