Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сингл си е сингл или тоа е само уште една утеха?

Дискусија во 'Сингл' започната од Super-Girl, 2 септември 2012.

  1. haveasweetdream

    haveasweetdream Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Според мене најверојатно е само утеха...не велам дека на девојките што се сингл не им е убаво и само чекаат да наидат на некој, но мислам дека сите потајно се надеваат на тој "вистинскиот".
    Не се сложувам со тоа дека сите оние работи кои сте ги правеле додека сте биле сингл не можете да ги правите и кога сте во врска(со исклучок на неверство). Зошто партнерот би ве спречил во било што, ако вас тоа ве прави срекни? Зошто не би се посветиле и на кариерата? Зошто и понатаму не би се дружеле,излегувале, или напредувале, студирале, работеле, било што? ... Со таа разлика што сега ке имате со кој да ги споделите сите ваши најубави моменти и успеси и ке имате некој кој во се ке ве поддржува...Во секој случај сето тоа зависи и од вас и вашиот партнер...и како вие ке се поставите во однос на сите тие работи...
    Врската никогаш не треба да ви претставува обврскa и да ве спречува во целите кои сакате да ги постигнете :)
     
    На CirezD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kristina.popovska

    kristina.popovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Site go cekame vistinskiot , ama do koga :))))
     
    На hermosa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ова сингл си е сингл јас го сфаќам како „Еј супер ми е можам да се мувам секој викенд со различен, наместо „да трпам“ еден ист“. Сепак се зависи од личноста, некои имаат премногу обврски за да одвојат макар 30 мин за да бидат со некој, некои едноставно не нашле соодветен партнер за врска. Не мора да е вистинскиот доволно е да се сложуваат добро и да има хемија.
     
  4. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Мене лично не ми било убаво кога сум била сингл. Но, сепак треба да се припази на изборот на партнер, зашто започнувањето на врска со партнер што не одговара, може значајно да ги усложни работите, зашто сепак во врска луѓето се внесуваат емотивно и после ако дојде до раскинување, а ќе дојде ако е погрешен, сме добиле само изгубено време, нерви и пари на излегување со погрешна личност, а ако пак не раскинеме со ""Г-динот Погрешен"
    па дојде до брак и зацврстување на врската е тогаш е тешкото....... од друга страна пак

    ако не биле погрешните личности никогаш присутни во нашиот живот, тогаш како би ги препознале вистинските?

    Така што треба експериментирање и на љубовно поле, но сепак со одредени резерви, е кој ќе успее да го изведе ова, тој би можел да си најде соодветен партнер, за стално.
     
  5. Milica Chelsea

    Milica Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
  6. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Ама човек створен ли е за сам да е...што е животот без љубов да споделиш со некого?
     
    На hermosa и Peco им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Како беше она,во минатото после 20 ако си неоженет/а,си задоцнил.Сега,колку повеќе чекаш,попривлечна личност стануваш.Или демек видете ме,не може секој да ме има(мала шега:lol:)
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Убаво е да си сам и тоа дури е и препорачливо.Ама што кога еден ден сите пријатели ќе бидат во врска или брак ,како тогаш ќе се организираш а да не се чувствуваш како вишок.
    Се во свое време си е убаво,ама самотијата како постојан избор не е.
     
    На eno, mh23, Peco и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    9.379
    Пол:
    Женски
    Не е утеха ;(;(
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. justin4ever

    justin4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    36
    Single si e single.Подобро да си сингл отколку да не си со вистинскиот.
    Мене еве да ви кажам ми е супер.Шо сакаш си праеш,никој не те следи,све ми е топ и тоа е тоа.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Секој период од животот има свои предности и недостатоци во однос на изборот на партнер.
    Сепак, со текот на годините настапува период кога статусот слободен треба да се трансформира со потрага по другата половина, а кога тоа не се случува се прифаќа само како утеха.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас навистина незнам што сака да се покажи и докажи со насловот на темата кој ми е отповеќе глуп... Тие што се во врска кажуваат како рози му цветат и ги сожалуват овие сингл што се со некој патетички муабети,а овие што се сингл едните кажуват како му е кул другите патат како и до кога да ја чекат вистинската љубов и што?Тоа е нормален процес во животот кој на секој човек му се случува...Не не е утеха да си сингл и зошто тоа би било утеха од која причина тоа се толкува како некоја состојба?пссс глупости...
    Животот е убав кога има да се сподели со некој ДА,но додека да се пронајди вистинската љубов човек поминува низ мн.фази посебно во ова време а знам и луѓе постари кои никогаш не ја пронашле вистинската љубов...Луѓе стапуват во брак имат деца,па се разведват,па пак на некој начин тие се сингл и не ја пронашле фактички вистинската љубов,исто така и со долги врски секакви случаеви имало па се разделиле па пак се сингл,мн. пати мислиме дека тоа е тоа ама на крај завршува све...И што сега ако некој во моментот е сингл,очајно треба да бара некој или да моли за внимание можи...
    Џабе е све тоа што е затебе ќе си дојде,тоа што не е како што велат луѓето ќе си излезе дури низ врата не е за тебе и крај...Без разлика колку си долго со некој,или без разлика колку време си сам што е за тебе твое ќе биде....
     
    На fificaaa, galapce, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто кога сум сингл ми е поубаво.
     
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Не, туку поубаво и послободна се чуствувам кога сум сингл. Според мене не ми се уште годините да имам обврска. Јас одвај сама се трпам, не па некој друг да го слушам како ми кука и жали зашо не фатил спортска. Таков, не ми треба! Јас треба уште да си се запознавам самата себе си, и психички и физички! Се во свое време! Туку не ги разбирам девојките шо кукаат за тоа како немаат дечко и работи ко ова. Златна слобода!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Само уште една утеха барем според мене ..
    Тешко е кога ги гледаш сите околу себе среќни барем на изглед со нивните сродни души , како ги споделуваат и среќата и тагата заедно .. како се заедно за празници , за родендени итн ..
    Посакувам и јас некогаш да можам да ја искажам мојата радост со некој до мене од спотивниот пол да излезам да се прошетам .. и заради ова мое мислење мислам дека е само утеха тоа сто сум сингл во смисла дека можам да правам што сакам и да излегувам кога сакам .. се тоа нема вредност и моето излегување во град и прошетките кога нема кој да ми ја фати раката и да ме придружува ...
     
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    СингЛ си е СингЛ и тоа значи дека немаш девојка / дечко.
    Не може да биде СингЛ утеха, зашто утехата се наоѓа во сродната ни душа. :)
    Сигнл се луѓето од повеќе причини:
    1. Сакаат слобода.
    2. Имаат можност за врска, не сакаат. ( поради причината бр.1 )
    3.Не знаат што сакаат.
    4. Социјално се анксиозни.
    5.Не знаат како да го привлечат посакуваниот партнер.


    ...........X itn.

    Никој не сака да биде сам. :)

    Поздрав.
     
    На Девојката му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.985
    Нема идеална состојба. Ниту сингл статус, ниту врска може да биде гаранција за среќа и внатрешна исполнетост на поединецот. Се зависи од возраста и моменталните потреби и убедувања на истиот. И тоа и тоа може да биде добро ако ВАМ така ви одговара.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Всушност се , се сведува на индивидуалноста.
    Ако го бараме внатрешното водство, треба да си го пронајдеме длабоко внатре во самите нас.
    Па потоа , кога коцките би се сместиле , би го нашле и надворешното.
    Но прво мора да се најде внатре , и да се биде искрен со себе.
     
  19. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900

    Од каде тоа дека утехата се наоѓа во сродната душа? Бев во 5 годишна врска и никогаш не ја најдов истата утеха како што ја наоѓам кај мајка ми. И сериозна беше врската, од 24 часа - 20 заедно, и пеперутки, и се беше розово и пак не можев да ја најдам истата утеха.

    И кој денес не моѓе да го привлеле посакуваниот партнер, посебно кај женските?
     
  20. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    Епа тука е зезнато прашањето, т.е името на темата.
    Нема потреба да се бара всушност утеха, треба да се ужива во моментот. :)

    " И кој денес не моѓе да го привлеле посакуваниот партнер, посебно кај женските? "
    - Преформулирај ми го прашањево за да можам да ти одговорам коректно.