Јас сум сингл веќе трета година после 2 годишна врска, никогаш не сум си рекла сингл си е сингл и слично. Се е релативно и сингл животот и врската која одреден период е како мед и млеко а доаѓа до расправии кои се надминуваат или не. Утеха во сингл периодов не сум имала освен што имам време за себе го исполнувам како сакам притоа не сум обврзана со врска која бара посветеност обострана. Се си има предност, некогаш се чувствувам дека ми фалат емоции во животот, не сум понесена од занесот на љубов спрема некој и слично. Незнам зошто некој кој е сингл би барал утеха ако има партнер/партнерка покрај себе. Нелогично ми е малце, јас сум сингл зошто сеуште не сум излегла со некој кој мислам дека треба да има пиедестал да биде мој дечко, пријател, љубовник и сл. Врската се темели на многу поврзани работи кои се бараат обострано од партнерите.
Кога си сингл, викаш колку им е добро на тие што се во врска. Кога си во врска, обратно. И двете си имаат плус и минус, зависно од која страна го гледаш. Но немора да биде така. Ако ја имаш слободата што ја имаш кога си сингл, без да лечиш комплекси со варање, лажење и вртење одоколу кога си во врска тогаш си во идеална врска со партнерот и со себе и никого не лажеш.
Сите знаеме дека нешто убаво,вистинско ,искрено не чека,само треба време да се спушти на земјата. Затоа девојки , тие што сме соло , радувајте се .....не е тоа тажно,баш позитивно е ...којзнае колку убави нешта не чекаат.. А за оние што веќе го пронашле тоа , исто така Многу му се радувам.Гледајте ги од оваа страна работите , не мора се така црно на бело .
Многу мразам млади луѓе што цело време се жалат и се депресивни бидејќи немале партнер. Обично ваквите личности со тоа што се негативни несвесно сами ги одбиваат луѓето околу нив. Е сега сингл животот си има некои предности исто како и врската. На пример додека сте сингл можете многу повеќе да се дружите со пријателите, можете да се посветите на школувањето/работата, па може и да си дозволите по некоја авантура како спомен од младоста и не гледам причина зошто некој би бил толку несреќен поради немањето партнер. Па подобро бидете сами отколку во лоша врска со партнер што не ви одговара
Утеха е. Си викаат дека е тоа убаво и сингл си е сингл вака така, ама сите знаеме дека секој сака да биде сакан, да има покрај себе некоја личност, да не биде сам. Животот е поубав тогаш. Делиш се. Стекнуваш некои нови искуства. Ти се отвараат нови хоризноти, се менуваш, се опаметуваш и созреваш.
Се сложувам со тоа дека секој сака да биде сакан, но има многу кои имаат партнери до себе само колку да не бидат сингл, и верувам дека многу е потешко да глумиш дека сакаш и да бидеш сакан одколку да си сингл.
Секој живот, врска или сингл е супер се додека си на чисто со себе за тоа што сакаш, што те возбудува, што ти треба итн. Ако не си, само влагаш од една врска во друга, очекувајќи да ти го пружат тоа што ти не го ни кажуваш или покажуваш.
Не мора да биде утеха,сепак поарно сама отколку со погрешна личност.И мене ми се случува некогаш да ми фали врска пошто сите околу мене се во врска,ама да ми рече некој да ги заменам местата со него не би прифатила.Не е само тоа работата,да не бидеш сам,треба и убаво да ти биде и да бидеш задоволен со изборот.И има вистина во тоа,дека ако во минатото ти било убаво со погрешната личност,тек да видиш што те чека со вистинската.А тие работи да не ги форсираме,не можеме да ги контролираме,затоа да се фокусираме на она кон што целиме,а тој што треба да биде со нас ќе го најде патот со време
Статусов е преземен од ФБ - морав да го споделам Не ги прашувајте луѓето зошто се сингл. Не ги прашувајте зошто не си фатат девојка. Не ги прашувајте мисли ли тој твојот да те побара некогаш. Не ги прашувајте дали некогаш мисли да се скраси и да се ожени. Не ги прашувајте кога деца. Како прво не е ваша работа, како второ не можете ни да си претпоставите колку може да се непријатни и болни овие прашања за некого. Може не се сингл. Може има љубовник кој што не може заради икс причини да го изнесе во јавност. Може е педер. Може е неплодна и не може да има деца. Може е лезбејка. Може е во депресија и пати по старата љубов. Може не сака никогаш во животот да се ожени и да го помине животот во кафана. Ама што и да е, it's none of your fucking business. Научете што е нечиј личен и интимен живот за кој што никој нема обврска да ви полага рачун. Не ги прашувајте.
Зависи што подразбираш под сингл. Ако те радува слободата на избор (мување, секс без обврски, искачање без да полагаш рачун на некој) тогаш јесте да е таков периодот и да, интересно е да го имаш. Ако се обидуваш да тврдиш дека е кул да немаш ни дечко, ни комбинација, нит искачање ни забава, лузерски е, да.
Логично дека оние што се во врска знаат дека најубаво е да си во врска, а оние што се сингл ќе си бараат убавина во тоа. Секој со своето.
Ако знаеш, ќе се изразиш поинаку. Вака викаш, секој со своето, во смисла, едните знаат што е најубаво, а другите само бараат убавина во нивната ситуација Многу се смеам на форумот последните неколку дена.
Сите другарки имаат дечковци,само јадната јас не Упс,не сум јадна,јас пак си мислам нека бидам подобро сама,одколку само колку да се рече дека сум во врска со било кој. Читај,досега сум имала куп неуспешни врски,се гушев едноставно и одлучив дека ми годи периодов во кој се наоѓам моментално-значи ми одговара да сум сингл,но не заради помодарство или слично,туку од погоре набројаните причини,но сепак постои едно големо но,понекогаш знае да ми зафали да имам покрај себе некој,или да се плашам од самотија но брзо ми поминува Се на се,значи сакам спонтано да најдам одговорна личност и да заврши сингл манијава,но пак ќе кажам не по секоја цена. Ете така. Ама сум комплицирана
Па и single не е толку лошо кога уствари не знаеш што сакаш. Проблемот е кога си свесен за се' и знаеш точно која личност ти треба до тебе, а не можеш да ја имаш.