Додека бев во врска си велев какви глупи проблеми имам кои ги немав додека бев сингл. Кога ќе ми пише? Ајде нека се јави треба за вечер да се договориме и слично, но сега кога сум сингл сакам да имам некој до мене. Сакам да имам некој кој можам да си го гушнам и бакнам. Не сакам да сум сама. Искрено не знам дали е утеха поради тоа што и едно и друго има позитивни и негативни страни. Сепак мислам дека не треба да се биде со некој само за да се биде во врска, туку со некој со кој ќе се поврзеш и ќе ти биде убаво.
Секој сака некој до себе , но ја нема секој таа срека. Ова е измислено за да се утешат некои вака како мене !
Јас не гледам на ова како утеха . Секој сака некој до себе точно , но некогаш пак сакаме и да сме сами , да лудуваме , да се издувуваме со друштвото , да правиме забегани работи без некој да не прашува каде и со кого сме биле , до колку часот сме останале , колку сме испиле и сл . Не се влегува во врска само за да имаш некој до себе , финтата е кога тој некој те следи во се што правиш и не те гледа како забегана особа туку напротив , интересно му е и те сака онаква каква што си , луда и скроз негова .
Си има добра страна сингл животот не викам не. Зависи на која возраст си. Е сега ако си сингл вистински затоа што ти така сакаш или тогаш е ок да го браниш сингл животот. Ама не ја разбирам потребата од утехата СИНГЛ СИ Е СИНГЛ а многумина ја користат. Значи ако си сингл а сакаш да не си, треба јасно да кажеш дека си во потрага по врска, нема зошто да криеш не е тоа ништо страшно да бараш соодветен партнер и да го кажеш тоа. Така и тие околу тебе ќе знаат (а може и ке ти направат “случајно'' да запознаеш некој/а)
Се си има свои предности, ама најдобро е да си сингл во врска. Сакам да кажам да не си ограничен да излегуваш и сам/со друштвото другарите другарките кога ќе посакаш без притоа некој да ти прави љубоморни сцени и испади. Нели да си имаш простор и за себе и свој живот тоа не значи од 24 часа во денот 20 да ги поминуваш со партнерот. Али како што гледам денес све овие паровите како газ и гаќи се, ниту еден не смее да мрдне без да побара дозвола и да даде рапорт кај другиот
Сингл си е сингл тоа е вистина ама кога ќе наполни 30 и кусур години и кога сите пријатели се во брак или со деца, е тек тогаш преминува во утеха
Сам се оди само по голема или мала нужда. А секаде на друго место на мажот му треба жена. Бидеќи на погреб не се оди сам па камо ли на слава да одиш сам.
Ќути бре дур си сам оди по слави и уживај нема кој да те напнува ајде доста се три пива станувај и така цела ноќ
Ефтин сум јас минерална и густо сокче можи само едно пиво а за напнување станувај тоа после вечерата.
Сингл х 5000 пати подобро!!Каков дечко кој го измисли попрво би завршила 3 факултети од колку да ми е овој памет со дечко,многу повеќе сакам да учаааааам!
Сингл си е сингл, да. Откако втор пат сум скршена - сама дозволив, верувајќи дека може е поразличен новиов дечко поради тоа што се трудеше со месеци, за да на крај видам дека е идиот полош и од бившиот, се исклучувам од љубов. Се посветив на себе, се грижам за себе (најубаво) малку се осеќам и ко тинејџерка, х не дека сум престара 22 имам али ок, сакам да шетам, да си поминувам убаво и да си бидам focused на определени цели како и факултет. Не дека не фали љубов, особено јас што толку сум емотивна и се давам за љубов 200% - фали све, ама се навикнуваш... А и скроз се пореметени денес сите, ги заборавија вистинските вредности, искреност, почит, лојалност.. Се разочарав онака ептен. Идат со дечко/девојка, се изневеруваат каша-попара... Веќе се плашам од емоции. Тешко да верувам повторно.