1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Читам за австралијанската комичарка, Јуридис Диксон, силувана и убиена на фудбалско игралиште во Мелбурн. Млада 22 годишна жена со животот пред себе. А полицијата изјавува жените да бидат посвесни за своето опкружување и средината. Дали сериозно? Се згрозив. До кога жените ќе бидат обвинувани за вакви одвратни работи? Како да не сме секогаш свесни дека сме послаби, секогаш ноќе се вртиме зад нас и се прашуваме кога ќе се разминеме со некој, дали е овој манијак? Секогаш со сомнежи. И пак на жената се фрла вината. Мислиме дека имаме некаква рамноправност, но се додека мажите се извлекуваат лесно никогаш нема да се чувствуваме безбедни. За кај нас и нашата ситуација дури е и повеќе од јасно.
    Жално.
    Почивај во мир.
     
    На sino.o.oka, butterfly6223, Keanu_R.Wick и 55 други им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    ''Самата си го барала'' e она кое мажите секогаш го сметаат за оправдан изговор, без разлика на бруталноста употребена врз жената. (wtf) Неверојатно !
     
    На PaLaVa, koritsaki, SV1911 и 32 други им се допаѓа ова.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Вчера во автобус во сред бел ден, си ја гледав работата и си дремев на телефон.
    Нормално, нема да е возење со автобус, ако не се случи нешто што ќе ме вознемири. Впрочем, ко и секој втор ден.
    Се вгнездија 4 души на 4 седишта паралелно со мене. Почнаа со џвакање мастики како орангутани. Продолжија со дерење, мјаучење, шшкање.
    Научена на планинско однесување, знам дека најдобро ќе биде да игнорирам.
    Поминуваат 10 минути, си земаат замав, цел автобус ги слуша и гледа, ама никој ништо не им кажува.
    Им стана досадно, немаат контра реакција, па почнуваат да стенкаат, и да се допираат за полови органи.
    Стануваат од карши мене маж и жена во најлош момент, и едно од децава (да, деца, можеби 15-16 години имаа) се сместува карши мене, почнува да стенка и да се... ај да кажеме самозадоволува и да ме гледа у врв очи со раце у тренерки.

    Толку многу се изнервирав, што чадорот му го ставив до лице и му реков дека ако не прекине и не стане од тука ќе му го треснам од глава. Се дерев толку многу, ни сама не знам што се му изнакажав, што тогаш им текна на сите во автобусот да прозборат нешто и да им кажат да прекинат.

    Значи требаше да почнам јас да се дерам како нетачна, за да им текне на останатите 20 души у автобус дека некој треба да им каже нешто, а 20 минути пред тоа се возеа во „незгодна“ ситуација слушајќи стенкање и гледајќи ги како се допираат и дерат.

    :)

    Толку се изнервирав што ми се тресеа рацете, и се симнав на станица порано и одев 20 минути пеш до дома.
    Дека јас бев таа што направи нешто погрешно, а тие што го вознемируваа цел автобус се многу океј, и не заслужуваа да бидат исфрлени како гомна.


    Да, цело време сум свесна за моето опкружување. Се вртам лево десно, и одам стегната накај дома во сопствена населба на 5 минути од дома.
    За жал ништо од тоа не спречува да некој ми вози со 10 на саат покрај мене додека ми збори гадотии, ниту неколку пати некој да ми помине покрај мене на точак и да ме удри по задник. Е затоа сега одам со клуч во рака, трчам накај дома и кога ќе слушнам точак секогаш се вртам да видам кој е, и застанувам во место додека не помине.

    А дека претерувам може да ми каже само некој што никогаш не живеел тука и во ваква средина.
     
    На PaLaVa, koritsaki, Scott Weiland и 59 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Верувам дека секоја една жена има ваква приказна. Секоја. Имаш моменти во гужва во автобус ти се лепи, се трие. Или додека чекаш автобус застанува и муабет ти прави, некој маж од нигде никаде. И се наоѓаш во ситуација да враќаш на муабет од страв, кој е овој, што е, дали ќе ме следи? Ми се има случено да се качам во автобус што не сум го ни чекала за да избегнам ваква ситуација. Ама жените сме криви, сме застанале тука автобус да чекаме. Милион ситуации, исто толку жени со стравот во себе. Секогаш било така, а еве и уште е така...
     
    На nightingale, Keanu_R.Wick, PaLaVa и 30 други им се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Сигурно ти си го испровоцирала со фармерките и маичката што си ги носела.
    Да, да. Машко е не може да си ги контролира нагоните, видел облека таква и што да прави, немал избор.
    (wtf):puke:
     
    На sino.o.oka, Alisa22, PaLaVa и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Одамна мислам да пишам пост на оваа тема, но секој пат се воздржував поради благо речено - трауматичното искуство кое го имам доживеано додека еднаш многу одамна се враќав од школо.

    Од денешна гледна точка ми е толку тешко и криво што соодветно не изреагирав тогаш, што ми доаѓа да го вратам времето и да го кренам цел автобус во воздух со најподли пцовски и навреди.

    Се сеќавам дека имав шест часа тој ден, и како и обично попладне се враќав од школо. Беше сѐ во ред до оној момент, кога на само неколку станици од училишната постојка не се качи еден средовечен човек, со видно лоша хигиена и без заби. Петок беше, и како што можете да претпоставите во автобусот имаше толку гужва што буквално не се знаеше кој стои, а кој седи. Се сеќавам дека стоев во непосредна близина до средишната врата, потпрена со рацете на прозорецот.

    По влегувањето, почна со банални прашања на кои низ магла се сеќавам, и да се прави културен и шарментен господин кој им противречи на постарите жени кои се бунеа зошто има толку гужва во автобусот..

    Јас носев слушалки, и како и обично пробував да не обрнувам внимание. Така и беше, сѐ до моментот додека преку облека не ги почувствував неговите гениталии на моите. Односно, се до моментот додека не ме фати за колковите и не проба буквално да се ,,истрие" од мене. Прво, тоа не го протолкував како егзибионистички гест, бидејќи мислев дека случајно се случило, поради гужвата и немањето доволно простор, меѓутоа после некои десет секунди сфатив дека тие движења воопшто не наликуваат на ,,немање место''. Се преплашив, и се обидов да се избуткам низ сиот тој метеж, во кој буквално игла да фрлиш немаше да падне на подот, но безуспешно, зошто како и да се завртев тој ќе најдеше простор да застане позади мене. За да биде иронијата уште поголема, во истиот автобус десно од мене стоеше моја соседка, генерација на моите родители, која иако го проследи целото случување никако не изреагира. Дури на момент се почувствував виновно затоа што бев "таргетирана" јас како мета наспроти толку жени и девојки во самиот автобус. Кулминацијата на целиот настан, беше на само после две станици, кога конечно дојде ред да излезам од проклетиот автобус, и кога помислив дека конечно е крај на агонијата..Но, наместо тоа истиов педофил/манијак тргна да ме следи, и во ист ритам да чекори со мене, да ја преминува улицата.

    Се до еден момент додека не се свестив, не му застанав и реков дека ако не престане да ме следи ќе повикам полиција, а ако не помогне ниту тоа, лично физички ќе се пресметам со него, па макар да ми биде и последната работа која ќе ја направам во животот. Откако ова го слушна, почна да бега со поголеми чекори од мене, а јас за кратко време се одближив и застанав до постојката каде што требаше да дојде следниот автобус.

    Сакам повторно да напоменам дека случувањава беа во петок, ден пладне, во строг центар. Дури и автобусот се движеше накај центар.

    Многу години подоцна, ми е жал што не почнав да урлам и да го мавам со чанта, и исто така многу ми е криво што во тој момент немав ладно оружје кое денес секој ден го носам за превентива и одбрана од вакви ситуации.
    За разлика од тогаш, денес да ми се случи истата работа, не само што вистински физички ќе се пресметам, (па макар и да е 200 килаш во прашање), туку и ќе го избодам на сред улица без око да ми трепне.

    Нејсе, како што кажав и претходно, долго размислував дали да го напишам постот, затоа што тој настан тогаш во тие години премногу ме исплаши, дури и се обвинувам себе на моменти што не изреагирав соодветно, меѓутоа и не се обвинувам толку зошто бев релативно млада и до некаде се разбирам себе сѝ.
    Друга, и најсилна причина поради која го пишувам овој пост, е за да ја покренам свеста на другите девојки, да сфатат дека во вакви ситуации не треба да го прават она што го правев јас, - да пробуваат да се тргнат или да се симнат, туку треба да врескаат за ваквите педофили и манијаци јавно да ги засрамат пред цел превоз, во надеж дека некој ќе го сфати апелот и соодветно ќе изреагира.
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На sino.o.oka, butterfly6223, Mantub и 58 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    СДК сред бел ден. Некаде околу 15 часот. одев кај тогашниот ми дечко. Очигледно и јас сум си го барала некој со веспа да проструи поред мене и да ме тегне за сукња. А очигледно и он си го побара за наредниот ден да добие заушка од татко ми и отказ на работно место. И така.
     
    На Mantub, Milobebence, hermosa и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322

    :hug::hug:
    Лошо е што ваквите случаи не се сфаќаат сериозно се додека силувањето не се случи.
    Како девојката од некни, демек само пробал типот, ништо страшно.
    :headbang:
     
    На sino.o.oka, Alisa22, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Со годините се си доаѓа. Како стареам за некои работи воопшто немам трпение. Тоа на Одорка што и се случило ...направете ме луда ама би го фатила и би го стиснала така силно да ечи цел автобус од што го боли. ..
     
    На Milobebence, SV1911, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ги одвоив мислењата во нова тема. Зашто има за што да дискутираме.

    Го читав и текстов, за две девојчиња кои ги замуабетил некој маж, а девојчињата му прават муабет само од страв. Се гледало дека им е незгодно, а никој не реагира. Освен една жена која решила да им помогне.
    Не им должиме на мажите разговор, треба да можеме да им кажеме да се тргнат без страв од последиците. Треба да има санкции за да знаат кога е доволно.
    @Nigredo Odor ме плаши апатијата, а и менталитетот на народот. И она, им веруваме на жените. Што е нели, им веруваме на мажите. Затоа и кога гледаат нешто си молчат.

    Имаме многу за одење на ова поле. Недогледно е сѐ уште.
     
    На Mantub, senjorita-v, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Влегуваш кај професор по оценка.
    Па те штипка на образ.
    Колку татко ти е стар.
    Грозота жива.
    Сама не барав.Само влегов да си земам заслуженото.Не бев провокативна стар пе*еру!
    Од пред скоро 30 години траума имам:(

    Незнам,можеби се свикнати да им се нудат,ама навистина не влегов со таа цел.

    И ДА!!...ЖРТВА сум!
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На PaLaVa, Milobebence, koritsaki и 31 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Кога имав некаде 12-13 години, бев на кино со тетка ми и братучедките. После започнувањето на филмот, откако беа изгасени светлата, во салата влезе маж на возраст од околу 50 години и од цела сала и празен ред после мене, одлучи да седне на седиштето до мене. Се преместуваше, секој пат 'случајно' допирајќи ме на ногата и/или раката. Првиот пат и јас како @Nigredo Odor , помислив дека е случајно, но после 5-6 минути ми стана јасно како ден, дека не е. Бев исплашена, згрозена и се чувствував violated (не ми одговара ни еден македонски збор за ова).
    Никој не запримети, не ни можеше, темница, а и сите загледани накај екранот. Во еден момент срипав и му се раздрав на цел глас: 'Да му се сневиди, од манијаци не може човек филм да гледа нормално!' (парафразирам, но нешто во тој стил беше). Сите присутни се завртеа накај нас и почнаа да му викаат и да го псујат. Типот молчешкум само се премести 4-5 седишта подалеку од мене и остана така до крајот на филмот.
    Ни филм ми се виде, ни ништо.

    Ова е само една случка... меѓу првите од ваков вид. Некој нека ми објасни, со што 'го предизвика' 13 годишно девојче?

    Не ги учете ќерките да се заштитат, учете ги синовите да не напаѓаат.
     
    На sino.o.oka, Alisa22, PaLaVa и 42 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не сум ja крива, жртва сум, ама тоа што они си дозволуваат да ми го прават тоа е оти некои им се нуделе?! :|
    неjсе, баш против овие одвратни муабети и збориме, обично.
     
    На lovestoneddd, Lolo5, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    We are not victims!
    We are survivors!


    Се извинувам за англискиот, ама и за survivor не знам соодветен збор. Во буквален превод, не е истиот ефект.
     
    На lovestoneddd, Lolo5, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Немој да мислиш дека и машките деца не се мета. Може не колку женските ама има и такви случаи. Секое дете треба да се учи да се заштити. Верувам дека никој родител не седнал да учи дете како да силува кога ќе порасне.
     
    На Milobebence, marchi-cool, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Дури и да имаат такво искуство со некои тоа не им дава за право да го имаат истото мислење за сите. А и да имаат такво искуство должност им е да реагираат соодветно, а не да бараат и од други. Ништо не ги оправдува. Особено кога се во позиција на моќ, самото тоа делува како ултиматум, или направи што барам, или ќе има последици.

    Јас ќерка ми од мала ја учам, да ги знае границите до каде некој смее да оди, не ја терам да се бацува со сите, да се гушка, сето тоа за нив е граница, зошто ете морам да се бацам со некој, а не сакам, па понатаму и некој на сила да ја баци може ќе мисли во ред е. За жал во таков свет живееме, што пред да научат други работи мора прво тоа да го знаат.
     
    На SV1911, CameliaMiller, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не дека нема машки деца кои се мета на сексуални напади, но факт е дека најголем број од престапниците се од машки пол. И да, може да се едуцираат, за многу работи. Кај нас многумина (и машки и женски) не ни знаат што се' спаѓа во сексуален деликт.
     
    На sino.o.oka, CameliaMiller, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Ноќ беше некаде окулу 10 часот се враќав од кај пријателка (немав никој дома) и беше зима. Кога ја преминував улицата забележав некој тип со темен дуксер и капа. Си реков океј ваљда ќе си замине или иде кај некого од комшиите случајност исто како @Nigredo Odor i @WildMk , но како што почнав јас побрзо да одам , ги заприметив и неговите чекори побрзо. на крај почнав да трчам и сеуште ги паметам неговите е**ни чекори како трча во снегот. Паднав и он се нафрли над мене почна ме фаќа секаде и да пробува да ми ги соблече хеланките..Добро е што во тој момент почнав силно да вриштам и со штиклата го манав премногу силно ( барем се надевам ) . Излегоа сите комшии и он избега, јас истрчав дома и една комшивка што живее до мене ми зборуваше па каде си тргнала по тесни хеланки и чизми на штикла?! Друго што зборуваа верувајте не ни се сеќавам, не ни се секавам на лицето од типот, само се сеќавам како цела ноќ се тресев и ништо неможеше да ме смири.
    Во очите нивни јас бев таа што провоцира, што облекла хеланки и штикла па сум го привлеква ''здравиот мозок''. Немав сила ни да зборувам , ниту да се правдам што тогаш мислев дека треба, бев многу помала..
    На тие што им се има случено полошо од ова, а молчат од 98492849823 х причини не сте вие виновни во никој поглед, и зборувајте, секој заслужува гласот да му биде чуен.
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На sino.o.oka, Alisa22, PaLaVa и 35 други им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Мене еднаш ми се има случено вакво нешто и тоа лани летото. Дента пред тоа бев искочена со дечко ми па отидовме кај него и таму спиев (имав земено пижами само, а дента носев фустанче над колена). Следниот ден требаше да се вратам дома, и бидејќи се враќав со 2 автобуса во првиот седев дека немаше многу гужва а во вториот што ме носеше до дома стоев. Имаше премногу гужва а јас како по обичај си стоев залепена кај задните врати. Доаѓа еден постар човек, дупло повисок од мене со ќеси во рака и застанува до мене и не го приметив дека ме погледнува. После некое време осеќам како прсти ми го креваат фустанот од напред. И си помислив ок ајде стуткани сме сите и плус ќеси држи ваљда ги мрда така прстите за циркукација. Ама потоа продолжи и фустанот уште толку ми го креваше и јас нагло се тргнав од него (иако немав многу простор за тоа) а овој само ми се заврте и ми даде толку злобен и остар поглед ко 'да не си мрднала'. Почнав веќе да се гушам од паника и од жешко и среќа шоферот отвори врати пред станицата за луѓе да излезат. Мислам дека летнав од автобусот и долго време ми требаше да се соземам и да испешачам до дома.

    Ме гади помислата од вакви луѓе, од тогаш страв ми е да искачам со нешто кратко било да е сукња, фустанче. Највеќе ме боли срце за девојченца мали кои истото можат да го доживеат а не се толку силни за да се одбранат. Би убила со свои раце ако видам нешто вакво пред мене!!!
     
    На Alisa22, Milobebence, sorbet и 22 други им се допаѓа ова.
  20. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Бев 7мо одделение
    Имав строги родители и живеев блиску до школо, се плашев да бегам од часови
    Беше петок, цел клас се договори да бега од последен час, меѓутоа знаев дека некој ќе зезне работа, па затоа останав
    Отидов во училница, сите девојчиња беа заминати, останаа машките од мојот клас, и уште двајца тројца од другиот клас... Бев станата, кога одеднаш некој ја згасна сијалицата, бидејќи беше зима беше прилично темно...Ме турнаа накај ѕидот, се собраа околу мене и почнаа да велат- Знаеш што им се случува на женски што остануваат сами со сите машки? Бидејќи беше темно не видов кој точно беше во напаѓачите, почнаа да ме допираат и да ме притискаат на ѕидот...Почнав да плачам и гласно да викам, па некој се сожали и рече оставете го девојчето... Не би го нарекла настанов дека е полов напад, бидејќи не ме чепнаа за гениталии, но сигурно натаму ќе водеше, бидејќи машките во класот често знаеа да плескаат за задник и беа слободни на тие теми, иако имавме по само 12-13 години...

    Отидов во канцеларијата на наставниците, цела потресена и растревожена, не можев да се приберам да кажам што точно се случи.
    Наставничката од кај која избегаа се налути бидејќи избегале од нејзин час, во очите на класниот бев лажга, која измислува нешто за да е во центар на внимание, другарките ми беа лути зошто не сум избегала од час.. Ме заштитија само моите дома
    Иако не беше типичен полов напад, ми се создаде траума да се плашам

    Многу ме интересираат и машки мислења на темава
     
    На Alisa22, sorbet, muchacha_a и 23 други им се допаѓа ова.