Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    И јас верувам дека секоја жена имала ваква ситуација, но никоја немала од секое машко што постои. Поради мал процент криминалци и психопати цел еден род е ставен на нишан. Додека не се воведе во цел свет смртна казна за обиди за силувања и извршени такви зла, нема да тргне на подобро.
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Кога една жена ќе каже за своја приказна, а твојот прв инстинкт е да го одбраниш машкиот род, демек потешко ти е тебе што родот ти бил етикиран и асоциран со силување отколку на жените низ цел свет што секојдневно се (сексуално) малтретирани од мажите, епа нешто не е во ред со тебе друже.

    Смртната казна никогаш нема да биде паметен пристап кон било што.
     
    На candy.cane, Oxymoron, theowndemon и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Тогаш кастрација, некои земји го имаат и тој закон.
    Мислиш на нас останатите лесно нѝ е кога маж си ја тепа жената, маж ја малтретира, маж свирка на непознати девојки жени и слични болесни појави?
    Дали е во ред со мене или не е во ред, е исто прашање и до тебе и до секој поединечно и тука играат улога многу фактори кои не се во состав на темата.

    Што се однесува до насловот, никогаш не сум рекол сама си го барала. Тоа му доаѓа како ако некој ме убие и речат абе, сам си го бараше, што барал тоа време таму.

    Не знам дали знаете ама на децата уште од мали им прават одредени психолошки тестови најчесто на училишта ама ние пошто сме Македонија, потенцијалните насилници ги земаат здраво за готово и кога ќе се случи нешто веќе е касно.

    Освен превенција и брутални безмилосни и најнечовечни казни, друго решение не гледам за такви злосторници.

    Дополнето:

    Како тинејџер, петто шесто одделение, гледав како неколку багабонти од генерацијата удираа девојчиња по гз и бегаа смеејќи се. Тоа им беше забавно. Останатите машки ги бодреа таквите силеџии. Тоа беа деца кои не верувам дека не беа видени од родител, психолог, наставници итн. За мене сето тоа беше причина да пораснам дружејќи се со неколку помирни деца бидејќи, с ким си такав си, српска поговорка.
    Кога ќе се присетам, испаѓа дека девојките кои некогаш биле малтретирани девојчиња уште од 12 год, се во потполно право кога се претпазливи цел остаток од животот и тука јас лично сум нем сведок и просто ми е срам често, што сум живеам во такво ужасно општество.
    Злото не бира род и начини, не бира дали тој ќе ја малтретира неа, дали таа ќе го отруе него, дали нешто трето. Злото влегува во човек, му ја сјебува психата и тој човек прави ужасни работи.
    Прашањето е, како се гледани и третирани останатите луѓе кои припаѓаат во ист пол, националност, вероисповед, боја на кожа,...? :(
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Стварно, на вас ви е најтешко а не на жртвата.
    Свашта. Што не ќе прочита веќе човек од тебе. Болештини за секаде мажите да се жртви. Грозно е да си жртва на сексуално вознемирување, ама не, пострашно било за мажите кои не биле сексуални предатори зашто им се оцрнувал родот.
    Ве молам сите на протест за повредените емоции на Кијану, ;( баталете овие умислениве со ,,сама си го барала'' приказни.
    Небитни едни. :envy:
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
    На 1209, Leviosa2503, Bender Rodriguez и 14 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.502
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick најпријателски ќе те замолам да паузираш денес од темава. Имаме конкретен случај и не би сакала да се изгуби ради препукување и оф топици. Имаш уште 1000 теми, префрли се таму. Случајот е страница поназад објавен, исконтактирана е и Рејнбоу што ќе се прави коа ќе се створи ваква ситуација.

    Другиве не му реплицирајте. Да се сконцентрираме на конкретниов случај.
     
    На Bender Rodriguez, VoodooGirl, Amellie13 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Keanu едноставно не биди насилник и нема никој да те етикетира. Ти ветувам, ако си добар човек ќе имаш доволен круг на луѓе кои те сакаат и те обожаваат и задоволен ќе си во животов.

    Јас девојки ви симнувам капа што сте реагирале со викање и вртење на вниманието од сите околу вас кон насилникот. Јас имав ситуација (која девојка немала) но не бев храбра и ќутев во моменот, не можев да се натерам да изреагирам од преголем срам, страв. И никој не знае дека тоа ми се случи и затоа што знаеме сите како завршуваат кај нас случаите на вознемирување, знаеме дека не се сфаќаат сериозно, и вознемирувачите буквално можат да ни се смеат в лице како ништо не им можеме, барем засрамувањето кога сите ќе се свртат кон него верувам дека не е малку, додуша на такви идиоти да имале осет за срам не правеле уште од старт такво нешто али ајде. Многу сум гневна како и сите вие, доколку има иницијатива некаква одма сум спремна да се приклучам со сите сили, мора да се менуваат работите, дали има некој идеја како да се започне промена
     
    На candy.cane и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кога читам како сте ги акнале со нешто и ги здоболело големо задоволство осеќам. Така само учат, на нивни јазик да им збориш.
     
    На candy.cane, Oxymoron, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Тешка и доста вознемирувачка тема, успеав да ги исчитам сите искуства и малце е да кажам дека сум запрепастен и ужаснат дека постојат вакви ликови што силуваат, искрено кога ми кажувале порано дека постојат вакви работи не верував пошто живеам во помал град и не сум чул да имаа вакви случки. Ама Скопје... Страшно е ова што го прочитав див запад ли е што ли е незнам...
    И не никоја не си го барала сама во никој случај, секоја девојка што доживеала ваков тип на вознемирување е жртва no matter what а ваквиве пациенти треба да бидат најстрого казнети.

    Да бараме причини и да навлегуваме во подлабока психологија зошто постојат вакви ликови е долга и широка тема но мое мислење е дека модерното време со сите свои особености стимулира вакви девијации и вакви пореметени ликови.

    Сум слушал од постари луѓе дека имало и порано вакви манијаци ама биле многу малку 2ца 3ца низ град и сите ги знаеле кои се ама биле поприлично безопасни ни приближно од ова што го читам на темава така да се си мислам дека ваквите ликови се испрдок на новото време едноставно не гледам друго објаснување.

    Сочувство до сите што минале низ ваква голгота.
     
    На Cvekarka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.932
    Скопје-див Запад на новото време-од пред 30 и кусур години.
    Не памтам во која тема имам коментирано, ама очигледно случки во автобус нема девојче што нема доживеано. Не ќе да биле двајца, тројца, пореметени ликови одсекогаш имало и ќе има.
     
    На Ugly Duckling, Celltica, Cvekarka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    И порано имало, но само се преќутувало.

    "Сама си го барала" е само манипулација за да се направи жртвата да се осеќа лошо.
     
    На piglet1, teressa, sino.o.oka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Не постои девојче, жена што сама си го бара/барала!
     
    На piglet1, cresa-jagoda, teressa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Веројатно ги имало одсекогаш но во толку голем број не ми се верува. Двајца тројца биле во Битола пред 50-60 години и сите ги знаеле кој се ама вака нападни и агресивни sверој не биле.

    Убаво кажа последниве 30 години има огромен наплив на вакви манијаци и мислам дека нивниот број како што одминува времето само се зголемува.

    Не гледам друго објаснување освен транзицијата од постаро во поново време изгледа игра огромна улога да се намножуваат.

    Сигурен сум дека во Југославија бројот на вакви гнаси бил минорен и не биле ни приближно опасни како денес.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    @Wideperpetual Болни луѓе, болни мозоци секогаш постоеле. Баш мислам дека порано имало многу поголема слобода, бидејќи тоа се преќутувало. Сега на пример да се расчуе за нешто такво... манијакот ќе биде етикетиран за цел живот, а пред пола век не мислам дека било така
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.932
    Е не знам, Југославија може имала некој метод на елиминирање на улични манијаци (вклучително и автобуски). Институционалните мислам вирееле независно од системот.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Не си слушнал зашто си маж а ни една жена не можела да зборува отворено, не дека немало во твојот град. Имало и има, тие се фамилија, познаници, пријатели, колеги.
     
    На Ugly Duckling, Bezimenka90, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  16. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Женски
    Девојки, не знам дали е за тука, но имам да споделам една случка од вчера и едно позитивно искуство со еден возач од ЈСП. И едно инфо кое ќе ви служи.

    Имено, вчера во бус број 50 се качив и автобусот не тргаше, се чудевме сите што е. Во еден момент шоферот излегува од кабината и почна да вика накај еден постар човек да излезе од автобусот. Не сакаше да каже зошто првично, рече дека е пијаница, но и дека друго нешто прави. Почна да збори дека и кога возел бр. 63 истиот се качувал и вознемирувал девојки/девојчиња, го вадел половиот орган и слично. Кога слушнавме тоа, голем дел од луѓето беа согласни да се викне полиција, бидејќи на прашањето кон едни девојчиња дали тој ги допрел, тие одговорија потврдно и беа исплашени. Возачот му викаше така да праи на своја сестра, ќерка, мајка, сопруга да види како ќе биде. Ќе си речеш ај можеби има некакво пореметување, но верувајте немаше и знаеше да одговори како нормален.
    Инаку, човекот изгледаше на доста стар, околу 70 години, со бела коса, речиси ќелава, со истетовиран крст позади лево уво, со 1-2 крста околу врат, знам едното ланче беше во тегет боја, таков никаков распартален со црни пантолони, тексас кошула, тешко се движеше бидејќи е пијаница, со некои светло сини очи и е ептен препознатлив. Доколку го забележите или оддалечете се од него, викнете некој, викнете полиција, што и да е, носете пепер спреј ве молам. Језив е.

    Слична случка на една познаничка вчера во центар на Скопје, била следена од некој тип помлад и на крај допрена по половина.
    Не знам за другите градови, но Скопје врие од манијаци.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Силувачи на работно место, фамилијарно опкружување, познаници, пријатели веројатно имало не го спорам тоа веројатно имало и улични манијаци ама во толкав број како денес сигурно не. Можиш и самата да прашаш постара генерација на луѓе ќе ти потврдат. За во мојот град знам сигурно дека улични манијаци биле едвај 2ца 3ца што јавно се драпале за гениталии ама не биле ни одблиску опасни и насилни како овие денес и сите ги знаеле кои се. Денес ги има буквално на секое ќоше што е загрижувачки.

    А причини... Ги има многу би започнал со тоа дека Југославија беше доста конзервативна како општество западно влијание нула. Од 90ти навака со напредокот на либералното време имаш морална декаденција и наплив на секаков вид на девијации и изопачености. Причини... Обезличување на луѓето преку филмови, порнографија, музика, hookup култура, џускање по дискотеки, конзумација на дрога, раскалашен живот и хиперсексуализирање на луѓето... Сите овие феномени беа минорни пред 90ти затоа сум сигурен дека транзицијата од поконзервативен во полиберален свет е резултат на сите овие девијации и настраности
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Ти имаш ли некое друго мислење на некоја тема освен дека сè е заради западни влијанија и расипаните вредности на младите?
     
    На noteforself, RespectAndObey, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Немам пошто тоа е вистината во Југославија немавме ваков наплив на улични манијаци и силувачи сега ги има на секој чекор, немаше малолетничка деликвенција, криминал, дрога, проституција сега ни цутат, немаше ни луѓе навлечени на антидепресиви денес 1од 4ца се редовни конзументи, немаше ни така изразен булинг во училиштата сега е секојдневие а со случката во Србија еве сега го имаме и првото дете масовен убиец во училиште на балканот. Можам до утре да набројувам ама западното влијание ни направи духовен и морален геноцид на кој не му е јасно зошто се случуваат сите овие работи можи до утре да се чуди мене воопшто не ме изненадува пошто точно знам во што е причината.
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.039
    Пол:
    Женски
    И јас имам една приказна за раскажување. Се брзав некаде и видов едно такси и влегов внатре но седнав напред ( и пред тоа го иам правено ова но никогаш ова не ми се случило). Човекот, цел пат ми зборуваше, отпочеток беше ок, но потоа почна да ме прашува лични работи, па број ми побара, и накрај почна да ме допира за нозете и на главата!!!! Јас излегов, го отерав у курац и си продолжив. После тоа, им кажав на моите цимери, машко и женско беа, шо ми се случи и погпдете шо??? Мене ме обвинија, не сум требала да сседам на предно седиште, ниедна жена така не правела, затоа така ми направил, сама сум си го барала со тоа шо сум седнала напред.... и никогаш не сфатив откаде тоа правило дека жена не смее на предно седиште да седи оти ако седни автоматски си го бара.