1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    44.037
    Пол:
    Женски
    Нешто што сметам дека повеќето од нас го забележале е тоа што многумина ја толкуваат љубезноста многу поинаку. Неодамна на станица си чекав автобус, до мене близу беше еден тип од истиов град, ама не обрнав внимание, не го познавам лично.
    Ме праша нешто околу доцнењето на автобусов, па одговорив дека тоа често се случува. Си чепкав на телефон, овој разврза муабет, од кај си, што си, не сум те видел низ град, брат/сестра дали имаш и кои се тие. Мене уште понепријатно ми стана, седеше веднаш до мене. Си викам ајде, да не паничам веднаш. Потоа станав, стана и тој по некое време, пак близу до мене и пак се размуабети. Влегувам во автобусот, од страв да не ми залепи го ставив ранецот до мене, бев свртена накај прозорецот за да не ме забележи. Влегува типов и на ранец си седна, а гледа нема место. Се вртам и се чудам, па смеејќи се вели ,,оо па ти си седела тука". Му викам дека има слободни места и позади, па арно се премести, инаку којзнае што ќе беше по пат. Слегов на станица кога стигнавме и што можев побрзо дома заминав.

    Друга случка е со една будала која до ден денес низ град ја гледам понекогаш и се воздржувам да не го убијам на лице место. Дознав и дека има и жена и деца, тешко нив.
    Како помала, со другарка ми одевме на проби каде што вежбавме со групата, па на враќање дома го забележавме зад едни грмушки. Си работи типот, се приближува кон нас со пријателот во раце. Почнавме да викаме и со трчање дома се вративме. Со години откако го забележав низ град се мислев дали се препознавам, дали можеби не е тој истиот човек, не знам. Не сакам ни да помислам што би можело да се случи и најискрено се надевам дека му нема ништо сторено на ниедно друго дете.

    Имам слушано различни приказни и за професори во гимназијата каде што учев, двајцата ми предаваа и тој постариот навистина беше гадно суштество. Некако женските од сите класови му беа поомилени за разлика од машките.

    Настрана оние дофрлања, потсвирнувања од студенти откако дојдов во Скопје и едно језиво смеење и ,, здраво злато" од човек што може и дедо да ми биде.
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На muchacha_a, sweet-cherry, CameliaMiller и 18 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Овие се тие жени кои 'имаат разбирање' за сексуалните предатори! На овие им треба едукација! И ним и на мажите кои се во нивниот живот!

    И овие! Па уште се наречени педагози! Ајде молим те!
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На Alisa22, Milobebence, sweet-cherry и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои жена која на некој начин не била злоупотребена. И јас имам една случка која се случи многу одамна, имав 12-13 години отприлика. Бев со мајка ми на пазар кога забележав дека еден ром постојано се лепи до нас. Не му обрнував внимание се до моментот кога завртена кон тезгата чекајќи мајка ми да пати , ја почуствував неговата рака на мојот задник. Ми се стемни пред очи, ми се згади. Премолчев за момент размислувајќи како да постапам но во тој момент тој повторно почна да ме допира. Тогаш ми пукна филмот, почнав да се дерам на цел глас и да истурам куп навреди, да го мавам со чантата каде стигнам, да го клоцам и скубам како луда. Луѓето веднаш сфатија за што станува збор, сите го испцуја и го избркаа од местото така што еден човек го турна онака бедно како што заслужи. Не си го барав сама, последното нешто во животот би ми било да посакам ромот да ме допира и штипе за задникот. Иако настанот ми е крајно грозен сепак сум задоволна што не препмолчев туку што го изрокав така како што си заслужи. Ако денес ми се повтори нешто слично исто би постапила со тоа што ќотекот веројатно ќе биде посилен.
     
    На Alisa22, Milobebence, Јаневски и 24 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Што правиме со стравот, со траумата? Што ако не е напад, ти во тој момент очекуваш да биде, стравот е тука, паниката, опишана во сите постови... И реакцијата на другите е жалосна. Баш ми е жал. За сите нас.
    Зашто никој не ни го зема во предвид стравот и паниката и не ја зема во предвид намерата на мажот.
    Се згрозувам од мислењето сама си го барала, толку е примитивно и крајно нефер.
     
    На sino.o.oka, Alisa22, sorbet и 23 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.431
    Пол:
    Женски
    Мене ме вознемири само читањето, не пак да сум била таму. Имам пишано, живеам во релативно мирно место што е благослов вистина. Свирење од кола, велосипед, мотор научив да игнорирам и слични сељачизми. Имав период кога ми свиреа коли, камиони додека се движев. Да, лето беше и носев шорцој кои целосно ми го покриваа газот зошто беше факинг 3 и морав пеш по жешкото. Многу непријатно чувство. На училиште не маваа уште од основно машките по газ и пробваа да не фаќаат за гради кога почнаа да ни растат. Не се сеќавам на соодветно реагирање иако се движевме во група. Средно беше мирно и стабилно, сем пак фаќање за газ кога излегував на вечер, но никогаш во училиште, и прв пат се осеќав секси да ставам фустанче, прв пат во животот ставив, и врвеше група на машки на велосипед и ми се чини рака ми остави на газ. Немав време да реагирам буквално помина- плесна- замина. Ми требаше време пак да клам кратко, и не баш некое типично кратко туку над колено. Мило ми е што сега не се плашам да клам зошто знам дека немам вина за тоа. Кога се осеќам загрозена телефонирам на некој близок најчесто.
    На местово кај шо живеам има дрва, треви, ливади, паркчиња па I've seen my share of dicks кога бегам дома иако не било наменето за мене туку се празнеле, само шо кога бев основец не знаев и знаев да се уплашам.
    Воспитувањето иди од дома, па после од училиште. Ако не успеј првото, се надевам дека второто ќе можи да направи некаква разлика за да се чувствуваме безбедно.
     
    На Mantub, Alisa22, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    За ова да се промени ќе бидат потребни многу години, и многу, многу голема едукација.
    За жал, во последно време ваквите појави како да зачестија, на сред бел ден, на места каде има врвулица од луѓе, без срам ниту страв, како тоа да не е никаков престап.

    Беше среде август, многу жешко попладне, а јас тргната на роденден кај другарка. Носев макси фустан на прерамки, без длабоки деколтиња, ништо вулгарно. Седев на горниот, скоро празен кат од автобусот. По пат се качија тројца, видно помали од мене - средно да беа максимум, и од толку празни седишта, едниот седна до мене, а другите двајца пред мене, но свртени назад. Без срам и обзир почнаа да зборуваат, да се смеат и да покажуваат кон мене, па дури и да се наведнуваат кон мене и да „ме меркачат“. Пробував да игнорирам, гледав низ прозор, едната рака ми беше пред градите демек си играм со привезокот од ланчето, пробувајќи така да се заштитам. На крај излегов неколку станици пред предвидената и на жешкото одев пеш. Не, немаше физички контакт, но како што и онака се борев со социјална анксиозност, едноставно премногу беа тие коментари и покажувања и загледување, а се чинеше дека на останатите во автобус им беше сосема сеедно, како до нив некој да коментира за времето, а да не зборува вулгарности.
    Требаше да поминат 3,5 години пред пак да се осмелам да го облечам истиот фустан, а дури и лете, на најжешкото, стандард се варев пикната во фармерки и широки маици, пробувајќи да бидам што е можно понезабележлива. Па сепак, дури и така облечена, неретко сум била мета на свиркање и довикување.
    Тогаш не изреагирав, но оттогаш многу се сменив. На други наврати веќе не молчам, возвраќам грубо и гласно, онака како што заслужуваат, и секогаш таквите се наоѓаат затечени на моето возвраќање бидејќи се научени жртвите да им молчат и да го трпат тоа простачко и насилно однесување.

    Не треба човек да чека да се случи силовање за истото да биде осудено. Не мора ни некој да стави рака на тебе за да се смета за вознемирување. Доволно е само некој толку очигледно и „гладно“ да те гледа, и бесрамно да ти свирка и да слушаш одвратни зборови за тоа што би ти правел.
    Без разлика какво е, сексуалното вознемирување е тоа, вознемирување, и не треба да помине неказнето.
    Жртвата никогаш не е таа која си го барала бидејќи провоцирала со облеката, ставот, обликот на тело или однесувањето. Тоа е право на избор, а животинските нагони се тие кои мора да се контролираат.
     
    На Alisa22, sorbet, muchacha_a и 24 други им се допаѓа ова.
  7. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    "Сама си го барала,, и што потоа кога ќе дознае: татко,брат,сопруг.
    Дали ќе биде изреката "Сам си го барал,,
    Мојата помала сестра во средно имала обид за силување.
    Да си го барала сама што влегла во женски тоалет и манијакот влегол по неа?
    Но таа го залупала.
    Но на мене не ми кажаа не знаеше ни мојот татко.
    Јас дознав откако мојата сестра заврши средно.
    Колкава е казната за "Сама си го барала,,?
    Одговор:Ни ден зад решетки.
    Колкава е казната за "Сам си го барал,,
    Одговор:Па 10г не ми бегаа затвор ако дознаев на време.
    Заклучок:
    Не сте само вие дискриминирани,туку сме и ние браќата,татковци,сопрузи на вакви случки.
    Зошто некој ако ми малтретира сексуално(манијачи)женско од фамилија истиот нема да добие ни ден затвор,и ќе продолжи на други девојки.
    А ако јас го фатам ќе го искинам,исто и вашите би го направиле тоа, кога нема правда.
    За ќотек минимум 1г ќе лежиме затвор,плус оштети за нанесување тешки телесни повреди.
    А кај е женскиот стрес кој ќе плати за него.
    Фамилијата и жртвата ќе платат.
    Затоа во секоја женска чанта нека има Пепер спреј не е скап околу 800-900 денари е на нет.
    Ако го немаш мавни го по тестисите и бегај.
    И не кријте од вашите за вакви работи.
     
    На Milobebence, Јаневски, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Мене исто многу ми се глупави и оние епа не се враќај сама во темници; пази во какво такси влегуваш; не оди низ парокови, осамени улички итн.
    Јасно ми е дека сепак треба да биде човек претпазлив. Ама испаѓа како да тие манијаци имаат право да шетаат слободно, ние сме тие што треба да водиме сметка да не не' нападнат.
    Некои биле нападнати и сред бел ден, од познаници, дури и другари или роднини. Овие како да се пазат а?
    Не сум имала некое полошо искуство освен дофрлувања на улица и едно упорно лепење до мене во автобус.
    Неколку пати коски ми се треселе кога ќе насетам дека иде некој зад мене во темница, а на крај испаѓа само дека живеел во соседната зграда. Па и после случајот со девојчето што ја нападнал манијак кај Олимписки сфаќам колку тој страв е оправдан, а од друга страна беспотребен.
     
    На sweet-cherry, dunika, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  9. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    накрај живееме во свет создаден од медиуми...религиските/социјално наметнатите вредности или правила/кочници небиле заџабе наметнати, како начин за контрола за доброто на фамилијата/општеството

    али јбг ние сме по кул од тоа ...ние сме 'мерика !!!

    како за мислење дали има некој приметено дека атеистите потекнуваат од христијанска религија и во чија сопственост се најголемите медиумски куќи во светот :P

    Петерсон "полигамија зголемува криминал/агресивност"
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ништо не прави поголеми фрустрации од потиснувањето на сексуалноста. Тие кои се сексуални напасници, не сакаат полигамија, сакаат верна сопруга и скоро сите жени за нив се плен/'курви' итн.
     
    На Alisa22, lovestoneddd и Lolo5 им се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Сакав да се воздржам да не коментирам ама едноставно не можам. Првин да кажам дека како машко се срамам од овие кои се обиделе да сторат нешто вакво и жал ми е што сте се нашле во таква ситуација и имате претрпено страв и знаеме како тоа може да влијае на понатамошниот живот на личност со такво искуство. Сум приметил дека девојките внимаваат и цело време се вртат зад себе за да видат дали некој ги следи. Многу често сум се нашол во ситуација каде што со некоја девојка ќе се погоди да одиме во иста насока подолг временски период и јас да сум зад неа и таа цело време да се врти и чудно да ме гледа. Секогаш во такви ситуации се обидувам да ја одминам девојката што побрзо, бидејќи ми е глупаво цело време да се врти и да ме гледа како да сум некој манијак. Од друга страна знам дека тие што имаат доживеано вакви случки не можат да зборуваат со својот татко бидејќи најчесто татковците секогаш вината ја бараат кај своето дете, како што погоре наведовте демек го испровоцирала со нешто. Големиот дел од таквите личности кои демнат девојки и ги следат имаат сериозни психички проблеми. Самото општество е виновно поради оваа состојба секако и родителите со начинот на воспитување на децата или невоспитување од друга страна.
     
    На sorbet, tina-63, dunika и 19 други им се допаѓа ова.
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    од каде знаеш дека сакаат верна сопруга
    ...т.е. кој не би сакал, само некој што не е моногамичен не би сакал
    моногамија не е потиснување...прифаќање е
    освен ако медиуми не ти кажат другше и ги гледаш сите околу тебе како се "полигамични" (со др зборови цело друштво дели една жена...реално мн гадно е како функционираат луѓево колкави какери се и бекстабери), а у исто време пред тебе редовно се шетаат разголени жени се помали и помали, облечени на ист начин како пејачката/глумицата што си ја видел на филм/спот на кој можеби имало и некое сексуално индуендо (немора фул, доволна провокација за имагинација)...ако тргнеш по тој пат се доаѓа до парадоксот "сама си го барала", од една страна имаш личност што е тригерувана од изглед заради медиумско коиндиционирање, од друга страна имаш личност што заради медиуми мора да носи провокативно за да осеќа некаква фиктивна самодоверба.

    само борба против патријахатот и религијата може да ја спаси ситуацијата !

    edit: и тесла ја потиснувал неговата сексуалност па види на што убаво место му избила енергијата место да трча по суќњи чии сопственици имаат коефициент на интелигенција аналоген на собна температура (ваљда денешни стандарди тесла бил MGTOW...трагикомика :D )
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На Alisa22, lovestoneddd, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Јас отрпнав од такви коментари.
    Порано се бунев, ама со тек на време кога видов дека и жени коментираат за млади девојки дека си го барале, едноставно се згрозив и се обидувам да ги игнорирам.
    Не е само кај нас, туку општо насекаде се случува прилично истото.

    Памтам кога имав околу 12/13 години со братучетка ми се шеткавме низ маало и одеднаш од позади нас поминаа неколку велосипедисти од кои последниот силно ме удри по задник. Беше на возраст од татко ми, па може и постар. Педофил.
    Уште се заврте и ми се насмевна.
    Се запрепастив, се исплашив, се засрамив. Мислам срцето ќе ми излезеше, а и образите ми станаа црвени.
    Братучетка ми мислам не примети или така се правеше, битно двете ништо не искоментиравме.
    Долго време после настанот кога ќе слушнев дека има некој позади мене се тргнував настрана и бев во очекување пак да сетам рака на задник. Не можев слободно да се движам, посебно кога бев сама.
    Дете сум била, облечена по фармерки и маичка, што сум барала?
    Да го имав овој памет поинаку ќе беше, ќе направев тој да се засрами а не јас. Копиле гнасно.

    Имало и други случки како вулгарни коментари во автобус и следење по улици, ама за среќа поминало без последици.

    п.с. Жени (или девојки) што коментираат за некоја друга девојка: -Ама и таа си го барала, види ја како се облекла да провоцира. Облечи се попристојно на што личи ова...
    [​IMG]
     
    На sorbet, muchacha_a, dunika и 22 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Читај малку психологија.
     
    На Alisa22 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  15. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    сакаш да кажеш дека опашот на џивџанот од сонот на давинчи коа бил мал е потисната меморија на полов орган (фројд...те тролам)
    психологија освен кое апче кога да се даде и прифаќање на приказни е у голема мера вештерство што ретко дава резултати...иако бандлер тврди дека е добро чуството да претепаш вреќа со компири (гешталд)


    видеото е онака...психолошка тема за мислење
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Психологијата е 'вештерство'? Да не мислеше на религијата?
    Оф топик сме, ќе не бришат.
    Навистина, читни истражувања за тоа што придонесува да се случи девијација во сексуалните апетити и од каде доаѓа потребата од демонстирање на моќ кај поединци. Бидејќи, половиот напад, е помалку поврзан со самиот сексуален чин, а многу повеќе со потребата од доминација врз жртвата.
     
    На Lolo5, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто постојано ја споменувате облеката кога во пракса, манијаците не ја 'бираат' личноста која ке ја нападнат, едноставно одлучуваат да го направат тоа кога ке им се укаже идеална прилика.

    Да речеме, одите во темна уличка, нема никој освен манијак кој ве демне. Дали вие сте неговиот изборот? Не, едноставно вие сте се нашле таму во тој момент, па тој ке ве плесне по газ, без разлика дали носите кратко фустанче и да носите фармерки и маица, без разлика дали имате 20 или 40 години.

    Завршивме со часови во средно и по патот накај дома манијак ја плесна другарка ми по газ. Значи поминавме до колата, прозорецот отворен, типот ја извади раката и се слушна едно јако 'шљап'!
    Каква облека се носи во школо? Фармерки и маица. Другарка ми на ниту еден начин не го испровоцира типот, дури и ранци носевме. Во тој момент поминала покрај неговата кола и 'си го доби'.

    Сум слушала свиркање и кога сум носела макси фустан, широк, со кратки ракави и отвор како обична маица. Се враќав од роденден каде што претходно трчав по деца, па освен голи раце, немаше ништо провокативно на мене.

    Има уште многу вакви примери, примери каде што жртвите едноставно се нашле на погрешно место во погрешно време и без никаква, апсолутно никаква провокација биле сексуално вознемирени. Сметам дека умот на манијаците не работи по принцип - Оваа е убава и згодна, носи кратко, ајде ке и досадувам.
     
    На Mantub, Alisa22, dunika и 18 други им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Ситуации сум имала најразлични, но морам да напоменам дека вакви напади не се случуваат само со непознати или туѓинци. Сум имала случаи кога и некои бивши дечковци, па и пријатели ме ставиле во непријатна ситуација во која не си ја знаеле границата.

    Ако ми е дечко, не значи дека сѐ му дозволено и кога ќе му кажеш ‘’Не сакам секс !” или “Престани !’’ се прави дека не слуша и си тера како ништо да на си кажала.

    Некогаш мораш и со закана некоја да се послужиш за да се излечеш – јас лажев дека чичко ми е некој инспектор у МВР, и тоа палеше, па се извлекував. Добро е и тоа што брзо реагирам, па не дошло до силување. А инаку се опирам, мавам и викам по насилници. Со чантата ( имам доста тракатанци внатре, парфем обавезно носам ) имам мавано по некои успешно.

    А манијаци има сегде.
    У парк оди навечер, по тоа грмушките колку има што се пикаат и демнат девојчиња и женски. :bandit:

    Не сум тип кој може само да гледа неправда или не дај боже напад врз некого, заштитнички сум настроена ( сум го извекувала често и подебелиот крај ), ама кога ќе видам некоја дека е нападната вербално или поинаку, гледам да помогнам некако. Ама не ја вртам главата како повеќето луѓе и не се правам рамнодушна - кога не сум !
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На Alisa22, muchacha_a, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Прочитав коментар од некој дека никој не му кажувал на детето да силува, што автоматски провлекува дека воспитанието не е фактор што им влијае на природата на силувачите и вознемирувачите, туку дека тоа е вродена работа, па морам да го споделам ова.
    Одев кон школо што се наоѓа во самиот центар на градот, и веќе бев таму што значи околу имаше многу луѓе. Меѓу нив беа неколку Ромчиња што немаа повеќе од десетина години. Едно од нив ми се приближува барајќи пари, а по моето игнорирање ме плеснува по задник. Само се свртев во неверување и ја видов целата група деца како се смеат, вклучувајќи ги и девојчињата. Буквално сите што се вртеа наоколу се преправаа дека не виделе.

    Ми кажувате дека ова не се учи од некаде? Мали деца еј, ова е проблем кој надминува секакви оправдувања од типот сама си го барала. Ниту јас бев облечена провокативно за школо (во ноември), ниту пак децава имаат некаков сексуален нагон. Проблемот се наоѓа во начинот на кој се третираат девојките и жените во општеството и родителите кои немаат доволно зрелост да ги седнат своите деца на разговор за consent, почит и однесување во јавност.

    Аман, барем за ова не пробувајте да го заземете центарот на вниманието.
     
    На Mantub, Alisa22, senjorita-v и 17 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Се учи. Од однесувањето на возрасните во нивната околина... посебно од односот mother figure/father figure. И за ова нема соодветен македонски збор, не е исто со мајка/татко.
     
    На CameliaMiller, Lolo5, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.