1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    52.604
    Пол:
    Женски
    Страшно сето ова што го прочитав досега. Многу ми е жал што сте доживеале такви работи. :x Среќа сум имала па не ми се случило некој да ме допира или да ме плесне, ама ми се случиле други работи. При возење со велосипед ме имаат следено со коли и свиркано. Еднаш еден идиот ме виде дека го зедов велосипедот да се возиме со другарка и не знам колку време не' следеше со колата и ни довикуваше. Многу пати еден старец што често се вози со велосипед бидејќи нема друга работа во животот ни намигнува, ни свирка и ни дофрла коментари кога се шетаме со другарки. Друг човек од исто место што е, неженет, секој пат кога поминиме пред неговата куќа исто така ни дофрла лепотици, убавици и се смее. Пред една локална продавница се собираат скоро сите неженети мажи, средновечни, пијаат пиво по цел ден и кога поминуваш покрај нив се пулат упорно ко последно да е, и тоа убаво се забележува дека се пулат на „специфични“ делови од телото. (facepalm)
    Ваквите манијаци заслужуваат се најлошо, а исто така и оние кои ги оправдуваат со „сама си го барала“. И тие сами си го бараат со нивната глупавост и гадност да ги треснеш еднаш силно во фаца.:@

    Не треба да ги учиме само ќерките како да се одбранат, туку и синовите да не бидат такви манијаци.
     
    На sorbet, CameliaMiller, lovestoneddd и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Полигамија нема врска со темава, рачунам дека тролаш што ја спомнуваш овде.

    Психијатрите се оние кои даваат рецепти за медикаментнозна терапија, не психолозите. Точно е дека психолошките терапии (сеанси кои се одржуваат по пат на разговор) имаат авосугестивен ефект, но тоа методолошки не ги прави помалку ефикасни. Паралелата со врачарството не ти е на место од
    етички причини. :D
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На Јаневски, lovestoneddd, g8lQQk и 5 други им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Прочитав и се згрозив :puke: Сум се нашла еднаш во ваква ситацуија,кога со една колешка натоварени си дојдовме од Скопје.Па немаше такси,освен едно диво.Влеговме и наместо мене прво да ме однеси до дома,ја однесе колешката.После до дома додека ме возеше,цел пат ми зборуваше фино девојче си,кај студираш,кај седиш,те имам носено до дома,имаш брат...Нормално,не се исплашив,ама добив една желба да му мавнам тупаница в лице :punch: Алергична сум на вакви,тешко на оној кој ќе се осмели да ме допри....Ако сакам гола ќе шетам,и пак никој ништо не смее ни да помисли.Дали јас ќе ги покажам нозете,или деколтето,или грбот,моја работа.Мојата сексуалност си е моја работа,и јас ќе си ја истакнувам како сакам(нормално во границите на пристојното)Што секако не значи дека сакам некој да ме силова или да ме нападне.Ама оди докажи им го тоа на закоравени мозоци кои од турски серии научиле дека жената мора да молчи,да се покрива.Кога ќе слушнам вакви изјави,абе :puke: Па уште од жени,е тука веќе не можам да се контролирам :@ Се всадило во ова наше општество дека жената е послаба од мажот,па мора да се пази кај оди....;(:x А за промена,манијациве да пазеа кај одат? Па сепак,немало таков „среќник“ досега.Ама ако ми се најде на патот,ќе го растргнам.Читам дека се ограничувате да носите кратко,мислам дека проблемот не е до вас.И воопшто,ама воопшто не треба да се ограничувате во изборот на облека,заради болни умови.
    Дофрлањата во ова не ги бројам,едноставно немам време да се занимавам со проста маса :whew:
    Еве за крај...Случајот на силување на малолетно девојче пред некое време,се случи во моето соседство.Идиотов кој го силуваше девојчето,има ќерка на негови години.Дошло девојчето нејзе да ја бара,а овој бил сам дома.На лага го внел девојчето,и како што кажаа лица вработни во болницата-партал го направил :@ Жал ми е за девојчето ;( И таа ли сама си го барала?:puke: Нека скапе идиотов,ама траумата на девојчето кој ќе ја поправи.Како таа,утре кога ќе влезе во пубертет,ќе има дечко и нормални односи? Штета и за неговата ќерка,срам да и е кој и е татко.А баш беше фина и ќерка му,и жена му (го напушти,иако можам да замислам колку ќе ја озборуваат чија сопруга е).Ете со вакви делиме воздух.Па сега,кој е крив? Невоспитувањето,и изигравањето мачо мен.И се разбира фамозните жени,кои секогаш го криват и понижуваат својот род за се.
    П.С.На Блискиот Исток,ако пријавиш силување,може и ти крива да излезеш пред закон и да одиш во затвор,место манијакот.Или уште полошо,за одбрана на фамилијарната чест,да те омажат за него :puke: Тоа е дно...:@
     
    На Alisa22, VDT2906, Milita18 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Премногу болна ми е темава.
    Јас не си го барав, ама тој си го бараше и си доби што си заслужи. И не жалам за ништо.
     
    На Mantub, Alisa22, sorbet и 22 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И моето најгадно искуство не би го споделила. И ден денес ми е несфатливо како можеше да се случи...
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Лани добив некоја награда.
    Од не знам ни јас која причина, нема да кажам кој е човеков, ама не е локален манијак што мава девојчиња за задник (или барем не изгледа така). Исто така, најмалку 35 години постар од мене.

    Доаѓа на коктел забавата после доделувањето и почнува да ми прави муабет, јас нормално сум љубезна. Со тоа идиотско мислење дека на секој маж му должам муабет.
    Почнува да ми дава комплименти за очите и на крај завршува да ми зборува дека имам многу секси нозе и остали несоодветни муабети. Пред да дојде, стоев со професор кој не запозна, и после тоа му се згади па стопати ми се извини за запознавањето.
    А јас мислев дошол да ме пофали за наградата.

    Како мала, не знам ни дали сум имала 11-12 години, рандом човек ме удри во сред ГТЦ на пладне, за задник. Затоа што сум носела кратко и сум го испровоцирала. Па се дереше и ме пцуеше на цел глас. Имаше луѓе околу мене, ме прашаа како ме пуштиле од дома по фустанчето.
    Мајка ми беше влезена во продавница, јас ја чекав со сладолед надвор. Не и кажав за случката затоа што ми беше срам.

    Во такси пред две години, седнав напред затоа што јас требаше да платам. Таксистот ми стави рака на колено и почна да ми зборува дека сум убава, па продолжи да вози само со мене, откако се симнаа другите, иако му реков да застане.
    Ме прашаа зошто сум седнала напред кога имало машки со мене.
    Исто, не знам зошто не го пријавив.

    Ве молам пријавувајте девојки.
    Не молчете.
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, Јаневски и 31 други им се допаѓа ова.
  7. 4:24

    4:24 Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво кога читам што се ви се има случено. Факт е дека повеќето сме жртви на вакви работи дури од 11 години, кога сме уште деца. Со тоа се е кажано.
    Кога и да видам вакво нешто не преќутувам и сакам да помогнам пошто може да му се случи на секој. Манијаци секад ќе има и уште повеќе ќе ги има се дур им се дава поддршка. Жртвата не може да биде крива и никад нема да биде крива. За жал кај нас тоа е реалноста. Ќе те направат ненормална зошто на плажа идеш со купаќи ...
     
    На g8lQQk, CameliaMiller, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.799
    Пол:
    Женски
    Ми текна уште нешто, иако лично не бев, ама е повеќе за незасегнатост. Имаше во паркот мањак кој си го маваше на секоја која ќе поминеше, седеше на клупи во близина. Никогаш не правеше контакт ама не мрдаше ни поглед дур се самозадоволуваше. Јас, за среќа, не го видов, ама многу мои другарки го видоа. И беше пријавено и тој уште извесен период беше во паркот правејќи истото. Сега го нема, така да напредок.
     
    На g8lQQk, CameliaMiller, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Комшија наш, се самозадоволуваше пред жени. Моите дома знаеја. Пред баба ми и мајка ми го имаше правено тоа. Кога го направи пред мене, бев сосема малечка, им кажав дома, ми рекоа: 'Ааа остај го него, не е салам тој.' Ова беше пред 30 години, човекот е одамна починат, тогаш имаше 60 и кусур.

    Немојте да дозволувате во денешно време истото да се случува. Немојте на вашите ќерки и внуки да им кажувате дека не е ништо страшно, дека 'таков е тој' и тоа е доволно објаснување. Во право е @crimson , треба сите да бидат пријавувани.

    Затоа на маж не му признавам дека ме разбира. Не може ни да насети, како е да си жена, цел живот растена во таква околина. Не сакам воопшто да ми се споредуваат мажи со мене. Ако не си жена, не знаеш какво е секојдневието и нема шанси да се поистоветуваш со нејзино искуство.
     
    На Mantub, Nigredo Odor, Lolipop23 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Пред четири години некаде, зимно време, пешки одев до кај тогашниот дечко. На мене огромна долга зимска јакна, фармерки, зимски рамни чизми, никаква шминка и сепак, среде бел ден бев нападната на влезот пред зградата. Најпрво типот играше на карта "се знаеме од некоја журка и ме барал", а нема врска. Како го кажа тоа, веднаш почна да ми се приближува. Гледајќи колку е саатот, јас пробав да му побегнам, се стрчав нагоре по скалите, но тој веднаш зад мене ме грабна и притисна до ѕид и почна да ме допира и да ми кажува колку многу го сакам сето тоа... Со сета сила го удирав и почнав да се дерам на цел глас, па дури тогаш се повлече манијакот.

    И што, сама сум си го барала? Му се укажала прилика на манијакот, но за среќа не успеа да ја реализира.
     
    На Alisa22, sorbet, blackwave и 20 други им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    А на интервју за работа - има некоја лошо искуство ?

    Мене и тоа 2 пати ми се случи. Користат такви ситуации максимално мажите.

    Најизненадена сум од некои женски совети тогаш, во смисла ''Ако сакаш да те вработи, треба нешто и да му дадеш !" :@
     
    На sorbet, blackwave, Maša8 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.641
    Пол:
    Женски
    Го имам раскажувано случајот и претходно..
    Почеток Август, 2016.
    Поминував сокак кој водеше до мојата зграда. Сеуште ден и сонце, сеуште луѓе секаде наоколу и сокак каде претежно е раздвижено и дење и ноќе и е фино осветлен. Баш во тој момент немаше никој. Само јас и манијакот на кој никако не можев да му избегам оти одеше во чекор со мене, а јас плус носев тешки жито кеси, претходно пазарував таму.

    Траумите се големи. Секогаш мислев дека ако некој се осмели да ме “нападне” ќе врескам, ќе трчам, ќе мавам... за несреќа јас од страв се блокирав себе од сето тоа и не знаев што да правам, освен што очајно се вртев наоколу за да здогледам некој комшија... кој можеби на крајот и немаше ниту да ми помогне...

    Додека збореше и манијачки се допираше себе, чекорејќи во иста линија со мене.. знам и дека ми се престави и прашуваше и збореше одвратни работи. Дел од нив скроз ги блокирав и во полиција не памтев да кажам што точно ѓубрето ми збореше.

    Во тој период клучот од зградата ми заглавуваше неколку пати пред конечно да отклучи и цела среќа што луѓето што чистат беа тука и вратата беше отворена, па тој ги виде и избега. Кога влегов и ја треснав вратата, оти тогаш се почувствував безбедно почнав да липам на глас.

    Подоцна, секогаш кога ќе поминев/ам на тоа место ми навира гнев и револт. Оти можев да врескам, можев да ги фрлам кесите во него и да избегам... или едноставно... да застанам и да се спротиставам. Тие општествени отпадоци се најобични кукавици, кои напаѓаат само кога ќе осетат страв и дека им се плашиш, честопати кога ќе им се покаже сила бегаат. Го знаев тоа... ама во тие моменти јас никако не си помогнав на себе си.

    Ви го кажувам ова за да учите од мене. Никогаш немојте да покажете немоќ колку и да е страшно. Никогаш. Борете се за себе си. Тие се кукавиците, хиените, мршите.

    Ако нешто знаев кога влегов дома, е дека ќе се смирам и дека ќе одам во полиција. Се јавив на брат ми, оти бев сама дома и дојде ме зема и отидовме. Во полиција поминав 3 часа давајќи изјава, а изјавата накнадно звучеше катастрофално оти и таму се неписмени. После некој ден од полиција ми се јавија да одам на препознавање. Ми покажаа слика на телефон кој дури не беше смартфон туку обичен со мало екранче. Нејсе, не беше тој човек и никогаш повторно не ме побараа.

    Памтам само дека во полиција ми беше речено, делото не може да се категоризира како сексуално вознемирување, оти не сум му го видела патлакот. А што требаше да направам? Да застанам да го погледам за да биде такво кривично дело?! А траумите мои? За воља на вистината не сум сигурна дали го видов или не, и во тие моменти не памтев ниту дали ме допре... бев премногу вознемирена, чувствата беа толку интензивни што мислам дека колку што не сакав да верувам и мислам што ми се случи, несвесно блокирав одредени детали.
    Не живеам повеќе во МК. Ако останев да живеам во план ми беше да пробам да покренам иницијатива за измена и дополнување на кривичното дело сексуално вознемирување.

    Пријавувајте во полиција. Мавајте и врескајте колку што ве држи глас. Вашиот личен простор, вашиот интегритет и вашето достоинство никој и на никаков начин не смее да ги наруши.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На Alisa22, sorbet, blackwave и 36 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ве лајкнав сите во знак на поддршка :hug:
    Загрижувачка е темава, илјада пати ми се смачи во стомакот читајќи за некои случки. Мислам дека скоро секоја девојка има вакво искуство, без разлика со каков исход подеднакво е мачно, понижувачко и трауматично. Имам мал милион вакви непријатности во минатото за кои пишував на стариот профил па да не се повторувам и ежам пишувајќи одново.
    Од тогаш до сега ми се случи уште една непријатност.
    Бев на планинарење, организирана тура, немав со себе поведено другарка,тргнав сама. Знам доста од членовите таму па не ми беше проблем. За враќање назад, бевме 4ца од Куманово, еден беше со авто вика ај да не чекаш комби, со нас, ќе те вратиме назад. И пошто ги знам, прифатив. Мажи, фамилијарни, во години. Седнав позади и после пола сат мислам се комирав, многу бев исцрпена од целодневното искачување. Отприлика на влезот во Куманово се будам, и раката на манијаков под мојот задник....
    Тоа беше шок. Рипнав, почнав да викам, што правиш бе ти нормален ли си, а он се смееше вика па што си се наместила така во тие тесни и гадот почна да пее стихови од песната од бјело дугме на задњем седишту мог аута.Човек што може татко да ми биде по години. Го знаев човекот од претходно,сега како друга особа да беше до мене. Овие двајца напред као почнаа да го правдаат, опрости му претера малце со ракијата. Ги терав да ја запрат колата да излезам, не ме пуштија. Од бес почнав да плачам и цела ноќ се истурив плачејќи со самите мисли што се има правено дур сум спиела. Што е најтрагично, се обвинував самата себе зошто се качив со нив и си се гадев себеси од самата помисла на неговите допири...
    После се извинуваше, не бил свесен,па ме молеше да не се расчуе, а го кажав на сите на кои можев. Чисто да ја дознаат и неговата друга страна.
     
    На Jana06, Mantub, Alisa22 и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Страшно е тоа што се случува. Мој совет е секогаш да имате пепер спреј во вас и ако некој ве нападне под било кое мото, ебете му матер и викнете полиција или бегајте ....
    Повеќе размислувајте како се однесувате со мажите и каде се движите и потсете се што ви кажувале како малецки: " со непознати не се разговара ". Во лошо време живееме. Чувајте се. Немаат сите добри намери.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На x.Daisy.x, Lolo5 и "Zoki" им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    @Yowannty , никој не можеме да знаеме како во одредена ситуација би реагирале. Имало случаи, на кои сум врискала и такви, како овој што го опиша. Нормална реакција се и едната и другата (fight or flight). Битно е, преживеа и не те 'скрши' тоа.

    Што се однесува до пријавувањето во полиција, нивните реакции, нивното очигледно непознавање, законите кои се, најчесто, само шега, не сакам ни да почнам да разглабам. Сум добила и јас 'удари' од полицијата, а знам и за туѓи.

    Но сепак, не се откажувам од пријавувањето, а посебно, од прекажувањето наоколу, на други луѓе кои ги познаваат. Само да си знаат со кого си имаат работа. Најчесто моите изјави во врска со нив, пред други луѓе се: 'Само пази се со него' - ако зборувам со женско, или 'Пази си ги жените од фамилијата, од него' - ако зборувам со машко

    Од познати можеш да настрадаш најмногу. Статистички
     
    На Alisa22, blackwave, Rebecca_R и 10 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.536
    Пол:
    Женски
    пред 6 години бев нападната на улица.Околу 9 часот навечер беше,се враќав од работа.Вообичаено мм ме земаше секогаш кога бев втора смена .Тогаш прв пат он не успеа да дојде и згора на се тел му беше недостапен па тргнав сама за дома.

    двајца беа и ме турнаа на земја од зад грб.Пошто паднав бев изгребана цела на дланките.Едниот проба да ме задржа додека другиот покуша да види што имам во ташна и низ џебови во палтото.Додека пробуваше да ги прегледа џебовите ме испипка насекаде низ телото.Бидејки пробав да се одбранам добив и шамар и раскрварен нос.Зедоа ташната и избегоа.До дома како пешачев уште 10 мин незнам.Тек пред да стигнам маж ми, ми се јави видно испаничен кога видел 12 испуштени позиви.Кога ме виде изгребана раскрварена мислам дека зверот во него буквално се разбуди.

    Среќа што незнаев кои беа дечките иначе мислам дека денес немаше живи да бидат.
    Полиција ,изјави еден куп,неколку пати ме викнаа на препознавање ама ништо.Така остана целиот случај нерачситен како и мн други кај нас.
     
    На Mantub, Alisa22, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Јас бев сведок на ваков случај,море не само сведок туку учесник. Братучедка ми,тогаш 10,11 годишна, играјќи во парк беше сексуално нападната од еден ром(ЕЦ).Типот го извади другарот и почна да ја брка,среќа што бев у близина па се стрчав по него и го фатив.Сите светци и локални апостоли ги виде у таа една минута кога го потфатив. Инаку многу се потресувам кога читам вакви приказни,ми иде да станам Punisher и да ги бркам низ град мамето нивно:@
     
    На Mantub, Alisa22, Јаневски и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.641
    Пол:
    Женски
    @WildMk гневна сум и на кретенот и на нефункционалниот систем, ама најмногу на себе. Оти не направив апсолутно ништо за да си помогнам. Во голема паника и страв немав глас, нозете буквално ми се сечеа и цело време ги држев кесите, место да ги фрлам и да почнам да трчам. Мислам дека тоа е нешто што никогаш нема да си го простам сама на себе.

    Има секакви будали. И такви кои нема да се исплашат ако врескаш, или маваш... ама барем ќе знаеш дека што било до тебе, си пробала се. Јас на тој тест разочарувачки, паднав. И тоа што јас не сум човек кој се грижи за рекла-казала муабети. Ниту се срамам од тоа. Ама сепак во тој момент останав без глас и без нозе. И на тоа сум многу гневна.

    Сеуште имам измешани слики во главава. Имам јасна слика како ме потегнува за левата рака, а од друга страна не сум сигурна во тоа. Како во бунило.

    Брат ми исто беше многу гневен. Во полиција беше многу гласен. А тие место да бидат повеќе околу мене, повеќе беа околу него - убедувајќи го да не презема ништо сам на своја рака. Сепак место полицијата, брат ми ги прегледа сите локални камери во близина, и со другарите неколку недели го бараа низ град според она како јас го имав опишано.
    Сум против секое насилство, ама во момент на слабост честопати посакав да го најдат и да го здрват од ќотек. Оти никој никогаш претходно не направил да се чувствувам толку мизерно и понижено.
    Од денешна перспектива знам дека е подобро што брат ми никогаш не стигна до него. Едноставно немаше да вреди, а рацете на брат ми ќе се извалкаа.

    Ова се работи со кои секојдневно сме соочени, и тврдам дека треба да се збори за истото и треба да сме гласни за да не чујат оние кои треба да не чујат!
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    @Yowannty , те молам да не се обвинуваш. Јас се обвинував, долго.. посебно за еден случај. Сега знам, не бев виновна за ништо, не бев виновна што се 'скаменив' виновникот е на слобода и други случаи како мојот не успеаа. Лута им сум на полицијата, на обвинителството, него... на сите кои потфрлија кога ми требаше помош, ама сама на себе, повеќе не. 20 години од тогаш, ме научија убаво каде лежи вината.
     
    На Alisa22, Annath, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    261.092
    Искрено сочувствувам со сите.

    Јас немам трауматични искуства, но..

    Неколку ситуации, на кои можам да се сетам во моментов (а сакам да ги заборавам, затоа што се згрозувам).

    1. Патничко комбе, останав последна да се симнам. Другите се симнаа една станица порано.
    Шоферот упорно ми ја ставаше раката на колено, а јас упорно бегав на страна, кон вратата.
    Ми беше многу страв. Ноќ, пусто, само сакав да си одам.

    Го излажав дека треба порано да се симнам, дека ме чека татко ми. Па ме остави пред станицата.
    Не знам што ќе се случеше, но како “оружје“ имав негови лични податоци (знаев како се вика и каде живее), а на дм му пуштив СМС дека се враќам со тоа и тоа комбе, со тој и тој возач... не му објаснив зошто бев толку детална, до ден денес :)

    2. Професор на факултет. Одам на консултации за семинарска, на која многу посветено работев, а тој ме праша дали сум слободна да му ја презентирам во еден локален хотел. :puke: Ми се згади и ми се одмили, само ја предадов без да ја презентирам воопшто никаде.

    3. Стар дедо - од населба, веќе е умрен сигурно. Кога и да ме видеше на улица - можете да замислите колку “провокативно“ изгледа 11-12 годишно дете, ме штипкаше за образ и ме викаше на гости.

    Сум имала среќа затоа што бев многу наивно дете и премногу секому верував. Ама нешто внатре ми се превртуваше во негова близина. А со сите комшии живеев добро и кај сите имав како дете одено.


    Има и други ситуации, некои за кои не ни сакам да зборувам и да се сеќавам, затоа што ќе се вознемирам и сега, после скоро 20 години од настаните...



    Ниту една жена не си го бара сама.
    Арно да е проститутка и по гаќи да шета на улица.
     
    На Јаневски, WarriorMind, hermosa и 24 други им се допаѓа ова.