1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.644
    Пол:
    Женски
    @WildMk јас во ниеден случај не се обвинувам за тоа што манијакот си зеде таква “слобода” поради што и денеска избегнувам да одам некаде сама и од страв постојано погледнувам назад. Ама морав некако да се одбранам, едноставно требаше нешто да напраам. Оти колку и да звучи клише, ако сама на себе не си помогнам, кој ќе ми помогне?
    Ако викнев, некој сигурно ќе слушнеше, пожарната е одма тука и пожарникари еден куп се надвор пред неа во секое време, лето беше, прозори отворени.. некој ќе излезеше... можев да трчам..

    Нејсе....

    Го зборам ова, оти на секој може да се деси и оти ова не се изолирани случаи, и ние како девојки и жени, мора да знаеме да се заштитиме во такви случаеви.
     
    На Nigredo Odor, Annath, blackwave и 15 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Одлична идеја Камелиа. На времето немаше мобилни, но денес, доколку ве држи присебноста, ова е добар потег кој секако би бил во корист во такви ситуации: што повеќе детали да испратите некому.

    Се гордеам со твојата досетливост девојко :inlove:

    Секако се согласувам со тебе, но сакав само да ти кажам да не се обвинуваш себе си. Викање и трчање, секако е добар потег во таква ситуација :)
     
    На Annath, blackwave, teressa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.075
    Мене ме фаќа инает од страв :) Ако треба и да умрам - нека умрам, ама копилето неказнето да не помине случајно :D :D :D
    Сериозно тоа ми беше на памет, ако ме снема, да знаат кај да ме бараат. :)
     
    На Јаневски, Annath, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182

    Познато ми е тоа чувство: Може ќе умрам вечерва, а никој нема никогаш да дознае како... :(
    Ова кога немаше мобилни, да напоменам повторно, и на место, без луѓе наоколу.

    Треба да го практикуваме ова сите, каде и да сме, со кој и да сме, секогаш некој да е информиран за тоа: каде сме и со кого.
     
    На Annath, Purelove92, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Немам некое трауматично искуство со манијаци. Еднаш ми се случи во автобус да добијам масажа на задникот. Имаше многу гужва и мислев дека некој случајно ме допрел. Излезе дека не е случајно. Таман да се свртам, автобусот застана и идиотот се премести. Имаше околу 35 години. А бев најнормално облечена - фармерки и блуза. Манијаците не бираат голо/облечено.
     
    На blackwave, g8lQQk, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.075
    Апсолутно!
    Барем во денешно време е многу лесно да се комуницира.


    Еве еден настан - во кој воопшто не бев загрозена, но ќе го споделам затоа што тоа што прво ми паѓа на памет - каде и да сум - е да бидам сигурна дека некој знае каде е тоа.

    Со дм требаше во 24 часа да појдеме до Тирана, па до Подгорица и назад.
    Во Албанија воопшто немавме никаква мрежа, едноставно на ниту една не можевме да се поврземе, практично телефоните ни беа мртви.

    На цела несреќа, на враќање, после Скадар, ни се скина каиш на колата во близина на една бензинска, во една недојдија, ништо околу нас немаше. Само планини, полиња и бензинската.

    На пат бевме јас, дм и еден наш пријател - Албанец.

    Не постоеше начин да повикаме СОС служба (а и нема таква во Албанија, отпосле дознавме).
    Некако ја догуравме колата до бензинска.

    На самата бензинска пријателот се обрати, побара помош. Што е право - луѓето (повеќе беа, мажи) се обидоа да најдат механичар. Тој што го најдоа немаше алат за да ја поправи колата на дм (релативно понова Хонда), тој можеше да сервисира само постари Мерцедеси. И ајде, се јавуваа, на еден, друг, трет... некако најдоа механичар кој можеби и има каиш за нашето возило, но, требаше дм да оди на лице место и да види. Бидејќи механичарот (а и никој друг) не зборуваше англиски, мораше и пријателот да појде со него до сервисот.

    Некој мораше да остане со колата, бидејќи - како што беше убеден пријателот - може и да не ја најдеме ако појдеме сите.

    Така одлучивме дека јас ќе останам со колата.

    Успеавме да дознаеме дека има wifi, па јас се конектирав.

    Да потсетам само дека не постоеше начин јас да контактирам со дм и пријателот, нивните телефони мртви, јас само wifi.
    Не беше ич пријатно да седам сама на бензинска со средовечни мажи, околу 5-6, кои не зборуваат на ниту еден јазик кој јас го зборувам. Знаеа по некој збор на Српски, па така ми понудија леден чај.

    Прво што направив кога се конектирав на интернет, на мојата најдобра другарка и на колешка на работа, им пратив локација на Вибер - не знаев да објаснам инаку каде сум точно, и кусо им раскажав што се случило. Не сакав да ја арчам батеријата и се исклучив од интернет.

    Рамно 3 часа чекав да се вратат дм и пријателот.

    Не можам да се пожалам од луѓето на бензинската. Беа максимално услужливи и на секаков начин пробуваа да ме угостат. Не направија ништо непримерно.

    Но можеа, и тоа јас добро знаев дека можат. Бев сама, без можност за комуникација со никого, очигледно никој не беше тука да ме заштити и бев во сред недојдија.

    Баш од тие причини - што не бев сигурна ниту за својата, ниту за безбедноста на дм и пријателот - пратив локација.

    Среќа се` се заврши добро, механичарот дојде, ја поправи колата и си заминавме, а луѓето ми останаа во добро сеќавање.

    Ама.. можеше и се` да биде поинаку.

    Не се правам храбра кога нема потреба од тоа.
    Секогаш сакам да бидам сигурна дека некој знае каде сум.
     
    На Annath, sorbet, blackwave и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    И гола да шета некоја, никој нема право да ја нападне. Како некоја ќе излезе на улица е нејзино право. Ако бара секс сама ќе најде начин да каже. Не мора да биде нападната и принудувана.

    Ако влегла во автобус да си оди дома, целта и е да си оди дома а не да се бара маж за секс.
    Ако влегла по оцена кај професор целта и е да си земе оценка, да се консултира за нешто не да бара секс таму.
    Ако излегла во кафич излегла да се забавува а некој идиот да ја допира кај стигне и да ја принудува на нешто што ни на крај памет не и било.
    итн итн

    Ако пак на некој му треба секс нека бара на право место, ако е толку итно и нека си плати, ама не мора никој да принудува и набива трауми за цел живот.
     
    На Annath, blackwave, g8lQQk и 13 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Има и такви што сами си го бараат. Маж ми ми кажуваше за некои негови колеги. Девојче младо се облекло како некоја ороспија и цело време се пикало помеѓу нив. Ама овие паметни и не направиле ништо. Значи, има и такви на кои им работи мозокот. Очигледно девојчето имало некаква намера.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На hermosa и Lolo5 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Може да барало секс, сигурно не барало да го напаствуваат или силуваат |(
     
    На blackwave, Lolo5, x.Daisy.x и 13 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Барала секс, за после да ги обвини дека е злоупотребена. Колку што разбрав, не и било прв пат така да прави.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Подршка за сите девојки да не молчите да се слушне гласот ваш!

    Еве и јас нешто ќе пишам за охрабрување.
    Знам дека беше период околку април,мај,јуни незнам точно тоа беше првите месеци од новото работно место малце надвор од центаров на градов .Мислам дека има негде пишано ама ајде и тука.
    Додека идев на прометно место за да стигнам на работа пред мене искочија двајца роми преправајки се дека нешто носат и сака да ме повредат и да ме ограбат сигурно!
    Но во тој момент незнам искрено што ми се случи мозокот ми работеше 300 на сат почнав да им се дерам да ги пцујам ,ако ми се доближат има да зажалат дека се родиле и они добро добро ништо не сакавме ние да направиме им реков мрш очи не сакам да ви видам гадови!Од тогаш не сум ги видела али после тоа до работа се тресев ,после ова сама на себе сум горда дека не преќутувам на ниедно магаре!
    Секој ќе си го добие тоа што го заслужува и секогаш ќе се бранам себеси ќе се снајдам со било што и да имам во чанта
    Поминувале коли свиркале или роми со коњи свиркале ама јас само среден прст па нека ми искочи од кола да го видам (пи*ка во душа се)
    Од тогаш носам нешто во ташна што колку толку ќе ми помогне поминувам пат кој и не е многу сигурен али нема да дозволам еден слабак да ме уништи!

    Во средно ми се случило другар да стои позади мене па да добие шамар што го памти до ден денес иако ја со моите метро и жилет си го изеде шамарот.

    Сум имала дешавки и со таксисти ама не биле некои ств дешавки кои требало сила или ќе сум вратела со иста мера или ќе се направев дека не го слушам!

    Дешавка пред некој ден во автобус идам накај работа 7 сат сите идат на раб. гужва и до моето место се ослободи едно и позади мене некое и еден дечко седна до мене беше во години негде со мене сигурно и ајде океј седнал по неколку станици кога веќе почна да се празни автобусот дечкото не си седна до другарите туку си остана да седи до мене а другарите позади мене и нешто шепкање ми виреше земав ташната си станав и се преместив !
    Може ништо немал намера ама јас не се осеќав сигурно


    Девојки носете со себе нешто не потклекнувајте пред овие магариња кои немат ни грам машкост!
    Бидете силни жени бидете херои ако треба извадете му ги очите ако треба извадете му го патлакот и газете го на голо да му се исуши!
     
    На Alisa22, blackwave, g8lQQk и 12 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ова со автобусиве ме потсети на уште една случка. Другарка се враќала од работа и спроти неа седнал некој дечко на околу 20 години. Почнал да си го д*ка и ја ставил едната нога врз нејзината. Она викнала некој од патниците и манијакот се повлекол.
     
    На Lolo5, Hellobeautiful, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Во автобусите нон стоп има вакви гнаси
    И што да кажам нормално девојче со врзана коса фармерки и некоја широка маичка и после јас сама сум си го барала што почнал да ме закача!
    Не ! Туку менталитетот на нашиве сограѓани е таков уште живе во некојј стар век каде што жената мора да молчи,да трпи,како ќе и се каже мора така да прави,за се е она крива!
    Епа доста веќе со тоа дека жената е виновна за се!
     
    На blackwave, g8lQQk, Lolo5 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Не бара таа, туку нуди. Ако се бар малку разумни коа веќе ја знаат што и е целта не би требало да се плеткаат со неа, па и последна да е.
     
    На Alisa22, blackwave, Lolo5 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Лани имав уште една случка во автобус. Бидејќи немаше место да седнам, морав да стојам. Позади мене седеше еден средовечен господин. Дрво пијан. Почна да им дофрла на патниците. Една жена поминувајќи ми вика - Пази. Говедото ги пружи рацете да ме фати за задник. :@

    @Sesil добро што во тој момент биле разумни и не направиле ништо. Оти сега ќе се влечеа по судови.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На WildMk, Lolo5, Scott Weiland и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    11.275
    Пол:
    Машки
    Таман да пишев и за говор на тело да се почитува, но има ли поента ако не е доволно Не, дали со зборови и говор на тело, кога луѓе има покварени и секогаш во секое општество ке ги има.

    Ја мразам целата фраза *Сама си го барала*, рационализира култура кај што силување и допири/довикување во јавност се нормални. Бар таква конотација има фразата.

    Јас лично имам сретнато пар девојки во мојот живот кои биле жртви на некоја форма на злоупотреба/искористување.

    Лесно е да се свати како може потоа да се генерализира и мрази цела популација. Грозоморни чинови се.

    Да не навлегувам и во Incel менталитети во исто мислење, навистина немам стомак што се популации на луѓе имам сретнато на интернет.

    Дури и тука има невкусни коментари/однесувања/луѓе со погрешен/застарен менталитет/mindset/outlook.

    Секогаш почитувајте комуникација од женска страна, Не значи не, алкохол прекумерно исто значи Не, говор на тело Не... погодивте. Значи Не.

    А меѓусебна/еднострана согласност кога и двете страни се пијани, тоа е веќе некоја сива зона. Треба претпазливост, такво време е.

    -едит- Знам дека сум машко на женски форум, само моето мислење сакав да го дадам.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На senjorita-v, Nigredo Odor, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Во Русија е донесен закон жената може со свои раце да го убие силувачот без д аоди во затвор мислам дека ваков закон треба секаде да има.Јас незнам какви се тие мажи тоа што го прават имат ли мајки фала богу од жена се излезени... и најлошо е со се казнувани по година две затвор а жртвата секогаш или и се загрозе психичкото здравје или се самоубие ретко која жена ќе живее со тоа.
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Извини вака на мојава дрскост, но сепак е искреност...твојата постапка е токму таа"сама си го барала"...совет за сите женски да не влегуваат во кола со повеќемина мажи кои ги познаваат само од видување.
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    ...немам зборови за тебе. Не го пишувам ова за да ти се правдам, јас ги знам тие луѓе како истакнати членови во планинарскиот клуб, ги знам од градот,пошто помал град сме, се знаеме меѓу себе, имам каква таква дружба со нивните деца, ги знам и нивните жени. Јас им платив колку би ме чинела картата со комби. Не сум идела на автопат и автостоп да правам. Ти ги оправдуваш нив или јас погрешно те разбрав ?
    По твојава логика женско не треба да се вози ни во такси, пошто се возиш со тотален странец.
    И не. Не сум го барала сама. Ниедна девојка на 20тина години не бара да биде драпана од стар збрчкан гаден старец.
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, WarriorMind и 31 други им се допаѓа ова.
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    42.734
    Пол:
    Женски
    Многу осетлива тема. Сочувствувам со сите кои сте доживеале ваква траума.
    Јас сум се нашла во ситуации од типот на туркање во автобус, свирење со коли, свиркање и слично, но за среќа ништо посериозно. Сите тие сум ги игнорирала или сум се тргнала.
    Дефинитивно сметам дека треба да си имаме нешто за самоодбрана ние девојките, па макар и парфем или дезодоранс за шприцање во очи.
    За жал, тие не бираат, кој се најде на патот може да е жртва. Треба да сме многу внимателни. Јас секогаш гледам да разговарам на телефон со некого кога поминувам во некои темни улички, гледам наоколу дали има некој, кој седнува до мене во автобус, дали некој ме следи загледува и слично.
    Страшно е, трауматично и жално, колку се им е дозволено на тие гадови.
     
    На Alisa22, blackwave, g8lQQk и 17 други им се допаѓа ова.