Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Ти не си го барала ама членката што влегла во кола саде мажи и непознати си го барала.
     
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.020
    Пол:
    Женски
    Е, ај, нема да се возам во такси.
    Нема да одам никаде. Не патувам веќе, ќе се омажам утре за да имам придружба сегде кај што одам.

    Имам сама патувано, имам патувано во странска земја со 30 непознати мажи, имам шетано низ многу градови сама и не сум се почувствувала небезбедно или исплашено. И со такси се возам, и со мажи се качувам во кола. Не со некој рандом од улица, ама така ни со жена не би се качила.

    Цел живот ќе си го посветам за да не ме нападне некој манијак.

    Што е тоа што барала? Да ја силуваат?
    Сигурна сум дека баш тоа и било желбата кога се разбудила сабајлето „мммммм, денес баш сакам некој непознат да ме пипка во автобус“.
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, sparklie и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не, не си го барала. И објасни три пати дека ги познавала мажите.
    Буквално му ја оправдуваш постапката.
    Убаво и напраил што ја фатил за задник бидејќи влегла во кола?
     
    На Alisa22, Annath, Joi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Колкава е казната за плескање задник!?
    Колку ќе се влечкаш по судови!?
     
    На dfsa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Затоа кога се возам сама во такси, седнувам на задно седиште. Избегнувам да одам по темни места. Уплав имам.

    Ми се има случено и градежни работници да ми дофрлаат. Си работат и си бараат жртви. (facepalm)
     
    На Lolo5 и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Епа јас тогаш незнам вие во кои ситуации го употребувате тој синдром..хмм.синдфром!???

    Изгледа не ни постои!?
     
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Во ниедна ситуација.
     
    На Nigredo Odor, Annath, Purelove92 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Морам и ова да го кажам, бидејќи е поврзано со тоа претходно што го споделив

    Машките во мојот клас маваа по газ... Од кога почнавме 5то, па се до крај
    Бидејќи не сакав да ми го прават тоа, викав и ги вреѓав, иако во принцип сум мирен и повлечен човек
    Бев и плачка, па заради тоа бев на некој начин неприфатена...

    Бидејќи бев тинејџерка, барав начин како да им се допаднам, да се дружам, без притоа да бидам чепкана...Побарав совет од најдобрата другарка во класот, и ми рече: па не мораш баш да им викаш кога ќе те мавнат по газ
    Не го прифатив советот, истата таа другарка трпеше и малтретирање од типот на вулгарни песни за неа и слично, МЕЃУТОА НИКОГАШ НЕ МОЖАМ ДА ПОМИСЛАМ, А НЕ ПАК ДА РЕЧАМ ДЕКА СИ ГО БАРАШЕ

    По настанот кој претходно го споделив, не се осудија веќе да ме чепнат, бидејќи знаеја дека ќе кажам дома и некој ќе се погрижи да бидат казнети
     
    На Annath, Joi, blackwave и 7 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    Колку што е потребно. Има и сведоци многу често, иако вака како тебе може ќе речат, да, ја плесна, ама сама си го бараше, види во фармерки како се стегнала.

    Како што има и сведоци за многу други сексуални вознемирувања. Ама ете, се е нормално кај нас, па и сами си го бараме.
    Седнуваш на задно зашто ако седнеш на предно ќе помисли дека си го бараш?
    Тој вози, може кај сака да застане и да ја среди набрзинка работата. И? Кој е крив?
    Ти го употребуваш, фала богу мнозинството не го употребуваме тука и се обидуваме да докажеме дека такво нешто како сама си го барала не постои. Зашто, по милионити пат, никоја никогаш ниту бара, ниту сака да е нападната.
     
    На Alisa22, Annath, Joi и 14 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И за ова се зезаше?
    Еве, и по мене се вртат, ми свират и ми дофлаат. И тоа кога одам на работа. Значи мојата деловна гардероба е предизвикувачка и сама сум си крива што одам на работа?

    Патем. IMG_20180618_235414.jpg
     
    На Alisa22, senjorita-v, WarriorMind и 25 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.020
    Пол:
    Женски
    Постои, затоа што ти и други што размислуваат како тебе го употребувате :)
     
    На Dream-Girl, Annath, Joi и 16 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    @RainBow отсекогаш сум имала страв да се возам напред. Се си мислам дека некој од таквите ќе ми стави рака. Секакви случки сум прочитала. Очигледно некои таксисти едвај чекаат некоја да седне напред.
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Ти ја отвори темата, ти го извади тој синдром, тебе од некаде ти е идејата...јас не го употребувам тој синдром, само од споделените искуства, една ситуација ми заличи таква .а она другото се детски игри.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.795
    Пол:
    Женски
    Некој поназад пиша, децата треба да бидат соодветно воспитани. Со тоа ќе се согласам. Како може некои машки да се однесуваат толку заштитнички кон девојките, а други толку безобразно? До воспитанието е. Од дома почнува сѐ.

    Сум се нашла во таква ситуација. Поточно, во такви ситуации, неколку. За жал, никогаш не изреагирав бурно и онака како што заслужува другата страна.
    Инаку, слободно си шетам и доцна навечер, и по скратен пат, тесни улички, сокаци, сама, и никогаш не се плашам. Мајка ми се плаши за мене. И притoa, никогаш досега и не ми се случило никакво вознемирување на такви места и во тоа време, туку сѐ било среде бел ден, на јавно и прометно место.
     
    На Таа Сум, Joi, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.020
    Пол:
    Женски
    Исто.
    И еднаш во живот седнав напред и баш тоа ми се случи. (facepalm)
     
    На WildMk, Lolo5 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    Ти штотуку и пиша на една членка дека сама си го барала. Толку од мојата дискусија со тебе, а и од тебе ми се чини е доволно.
    Детски игри кога станува збор за нечија загрозена безбедност, кога е присутно чувството на страв, дури и е жалосно да се употреби. И жалосно е што ние жените сме навикнати да се чувствуваме незгодно, ете, ме плеснал, ставил рака кај што не треба, ништо не е тоа. Доволно ја сврте темата, убаво си тече, треба да може секоја девојка, жена слободно да може да си го каже искуството, тука барем.
     
    На Alisa22, Dream-Girl, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Знаете што?
    Не, немојте да молчите.
    Зошто од вакви закоравени мозоци си патиме.

    Години и години минував, уште од крај на основно, носејќи толку широка облека што буквално би собрало во неа уште еден човек покрај мене. Пробувајќи да ги кријам облините кои природата ми ги дала, не сум ги барала јас. А зошто, кога и во толку широки партали пак сум била, и сум, мета на погледи, свиркања, дофрлања, вулгарности и провокации. И што сега? Да си ги исечам градиве? Да си го исечам задникот? Не можам. Не ми менува ништо дали ќе носам широко или нешто што ми прилега.

    Поради вакви подли мислења самодовербата ми беше толку уништена, што кога другар (кој ми е како брат) првпат ме виде во фустан и прокоментира, најневино и искрено: зошто се криеш себеси? - бидејќи знае какво мислење имам за себе - наместо тоа да ме утеши, јас се почувствував вознемирено. Јасно ми беше дека беше кажано со најдобра намера, па сепак бев толку навикната да женското тело биде мета.

    Детски игри биле. Да, ќе сметате дека се детски игри, кога такви како вас не си ги учат децата како да се однесуваат како пристојни човечки суштества. Ама кога вие лично, или некоја женска особа вам многу блиска, ќе стане мета на такви „игри“, ќе разговараме пак. Само, тогаш ќе ги свиете опашите и нема да имате образ да проговорите, а сега ќе се силите и ќе навредувате наоколу, пумпајќи си го со тоа бедното его.

    Не сте ни за срам.
    За жалење сте.
     
    На Nigredo Odor, sparklie, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    38.471
    Пол:
    Женски
    @baba Rada синдромот е во наводници. Еднаш засекогаш треба да се искорени таквото размислување како твоето, дека некоја сама си го барала поради начин на облекување, однесување, возење во кола со познати мажи.. Уште и ти се правда членката што сподели.
     
    На Annath, blackwave, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Практикувам да викам такси по телефон. И кога ќе влезам, одма гледам низ прозор. А во автобус никогаш не седнувам до машко. Од кај да знам. Може ќе му текне да си го д*ка. Имаше една таква случка пред 2 години, во еден автобус на ЈСП. Постар господин си го д*каше. Некоја што седела до него го снимила со телефон и снимката беше објавена на интернет. Имаше коментари од мажи (очигледно манијаци) од типот - Штом го снимала, сигурно убаво и било. (facepalm)
     
    На WildMk и Lolo5 им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Така е, јас истото го посакувам.