Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl тоа се тие работи на кои ние жените секојдневно мислиме. Замисли, седнуваш назад во такси зашто напред ќе се чувствуваш загрозено. Мислиш во автобус кај да седнеш. Мислиш навечер од кај да поминеш. Секогаш ние жените сме со овие мисли, а и многу други. И пак сами сме си го барале ако имаме некаква случка.

    И во ред ли е ова? Во ред ли е вака да се чувствуваме, зашто знаеме дека некој и да не нападне нема кај да го пријавиме? Во ред ли е мажите да имаат толкава слобода кон нашите тела?
     
    На Alisa22, Annath, Joi и 14 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И тебе тоа ти е прифатливо? Тебе ти е ОК секогаш да бидеш со тие мисли и си се помирила дека мора да биде така до тој степен што си спремна да го прифатиш тоа однесување како нормално?
     
    На Annath, Joi, Tan4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  3. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено преку ден и тоа со мајка ми до мене( не бев сама) , ненормален лудак на велосипед толку силно ме удри, да јас паднав буквално. Планот му беше со голема брзина ( што побрзо ) да ме удри по задникот и да исчезне без последици, но наместо по задник јас добив толку силен удар во пределот кај бубрегот накај половината што навистина многу болеше. Јас вриснав од болка и додека се свестев што ме снајде, мајка ми почна да трча по лудакот, но што дека. Имаше луѓе( мажи) по улицата, видоа што се случи , а само сеир фаќаа. Таков народ сме, за жал.
    Се јавив кај инспектор во полиција( татко на другарка) му кажав што се случи и совет што да превземам натаму. Грешка направив што одма не пријавив, а добив информација од инспекторот дека знаат кој е и никому ништо.
    Друг случај, во близина каде живеев имаше перална и автонеханичар ( албанци) и еден од вработените штом ќе поминев покрај тротар следеа секакви вознемирувачки зборови и дофрлувања. Немав ни 18 години тогаш и идејќи еден ден од училиште налетав на работникот кој поправаше еден камион до сам тротоар и ми се обрати со коментари од сексуална природа и не можев да се воздржам му удрив шамар на што тој ми возврати и мене. Настана гужва и комшиите мои се смееја и не дојдоа да видат дали сум добра. Го повикав татко ми и чичко ми ,до тепачка ќе дојдеше. Значи и во право да си , ќе си испаднеш највиновна.
    Кога бевме некаде прва година средно во близина на една албанска кафана , лудаци албанци ги тераа помалите деца во групи да не удираат по задник,обично кога е темно и идевме од 7- ми час. Мајка ми и баба ми не пречекуваа од школо.

    За облеката читам и се чудам, што сакам ќе носам и тоа не значи дека некој треба да ме нападне на било кој начин. Да си ги отвориме очите, друго чаре нема. Постојат болни умови.
     
    Последна измена: 19 јуни 2018
    На Alisa22, Annath, Joi и 20 други им се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    @SummerGirl
    Еве јас седев во автобус сама, кога седнаа околу мене сите се преместив на друга страна. После 15 мин возење кога се ослободи место карши мене седнаа пак карши мене.
    За ова имам пишувано на првата страна од темава.
    И што требаше јас да направам?
    Се симнав да, одев пешки накај дома 20 минути, а тие што си се самозадоволуваа во автобус натаманети си се симнаа кај што требаше, и без никој збор да им каже.

    Може не требало ич да се качам во автобус, пешки требало дома да си идам.

    Ова е тоа барање вина во жртвата. :) И заради ова се случуваат овие работи.
     
    На Annath, blackwave, g8lQQk и 14 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Зошто на манијаците им се ќути? Има случаи каде што луѓето само гледаат и сеир фаќаат. А никој не доаѓа да ти помогне.
     
    На Јаневски, Luciferovog zlo♧, blackwave и 5 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Епа сама си го барала де, тоа е тоа
     
    На Annath, blackwave, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Гледаат сеир тие ликови зошто толку ум имаат во главата, а и совест.
    Проклет народ сме си, тоа е тоа.
     
    На Јаневски, Annath, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.012
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Па убаво напиша некоја од вас - не мора да седнеш на совозачко седиште за да „си го добиеш“ ако на дотичниот простак толку му сече паметот.

    Јас во такси секогаш седам назад, ама искрено не верувам дека тоа би ги спречило манијаците во намерата, ако ја имаат.
    Ми се случи пред извесно време, ме собира таксист од дома, ме носи до Железничка и ми збори некои глупави муабети, ми вика - гледам многу напната си, па да те опуштам. :^)
    Му реков нешто како не ми е до зборење, ме боли глава, и воглавно си молчев цело време.

    Може премногу читаат погрешно меѓу редови луѓево, или едноставно толкав им е капацитетот, па немаат осет дека преминуваат граници.
    Патов мене ми се виде ко да одев пешки до Велес. Не запре по отсечниот одговор, ептен се внесе како он многу често одел во некое казино близу зградава, па дали сум ја знаела таа кафана, он таму носел не знам кој, на ручеци, на што ти знам, а јас го игнорирам.
    И врвот беше кога рече дека добро би било да седнеме некогаш на ручек, па и макар само на кафе, ептен му годело друштво на млади убави „женски“, да сме се опуштеле малку па „отом потом“. :puke:
    Искрено не го ставив на крај памет од прва, ама фати црвено на семафот и овој посегна по мобилниот, да сум му кажела телефонски број, а он одма ќе ми ѕвонел да провери да не сум го за**ала. :x
    Срцето ми замина во петици, а он си продолжи дека многу убаво ќе сме се дружеле и некои такви прилично прости муабети.
    Мене ми доаѓаше да излезам низ врата, па макар и да се искршам целата.
    Среќа светна зелено, па продолжи напред ама беше цело време со телефонот в рака и очигледно не планираше да престане со замарањето.
    Ми пукна филмот, му се издрав нешто во стилот - како не ти се срам, можеш татко да ми бидеш, ќе те пријавам, мвр, дечко ми, глупости некои што ми паднаа на памет, му тутнав некои пари и додека чекаше на семафор си заминав, се пикнав во првиот маркет кој ми излезе пред нозе за да се соберам.

    Регистрација не запаметив, не се ни свртев наназад, добив паничен напад во моментот. Ама број на кола и компанија памтев и го пријавив идотот прво во централа.
    И пазете што рекоа - имало поплаки и од други за возачот, случајот им бил познат. Интерестинг.
    Се заканувавме со тужби некое време, искрено - ништо не упали. Го казниле парично, не знам што, некои такви санкции.
    Подоцна разбрав дека напуштил, дали го избркале или не не знам, но добро е што не вози повеќе.
    Некоја друга девојка или жена можеби ќе завршеше фатално.

    И не сфаќам како може жртвата некогаш „да си го бара“.
    Еве јас не сфаќам каде сум си го барала, за некој чиче кој очигледно бил длабоко навлезен во некоја средовечна криза, да бара начин да ми се упикува?!
    Стварно не знам колку треба да ти е капацитетот за да си го помислиш или да го кажеш тоа.
    Жртвата никогаш не може да биде крива, затоа и се нарекува жртва и не е тоа никаква игра на зборови или сарказам.
    И на крај - срамота е кога осудите доаѓаат пред сè од жени, запрашајте се малку со прстот вперен на глава, па и вие имате деца.
     
    На Alisa22, dfsa, manja666 и 27 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    И што ако е провокативно облечена? Значи овде правиме муабет за манијакално однесување, животни, а не мажи, говеда кои го демнат пленот и прават да се чувствува непријатно без причина.

    Жена која едноставно чекори по улица, а е облечена провокативно - не бара секс. Без никаква близина и без никаков повод, мажот не смее да ја допира.

    Да речеме дека свиркањето и погледите, кои иако се непријатни, се во некои 'нормални' граници, полесно е да се толерираат, да се направиш дека не си слушнала, ама напад? Стискање и триење во автобус, галење по колено???

    Дали си ти свесна дека според тебе жена која носи фустан над колена не бара никој да ја допре?
     
    На Lella, Annath, Joi и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас имав искуство со манијакон што пред некое време го пишуваа по фб, тој со точакот среќа не беше фатално, ама се нервирам само кога ќе ми текне :@
    Ова беше пред година дена, во строг центар, на плочник поточно.
    Зимно време, февруари или март негде, требаше со другарка да одиме во диско па пиевме некое вино да се загрееме.Таму обично доста има што се собираат ама за беља тогаш жив човек немаше.
    Доаѓа типов од нигде никаде и прашуваше нешто општо ваљда не ми ни текнува, ѕверев во телефон за тоа време и другаркава му вика иди си одма да се тргнеш.
    Среќа па што тоа упали и ми вика не ли го виде си го извади?
    Не знам дали беше среќа или несреќа што не го видов, мислам дека и со флаша и со се што ќе најдев при рака ќе го изнатрескав.
    Ова ми било најсериозно вакво искуство, дофрлања, свиркања и слични коментари не ме ни допираат т.е не ги ни перцепирам, едно ти е проста раја што женско не видела, ама нормален човек што не е психопат не силува.
    Во такви ситуации најбитното можеби е да не се покаже страв и да се одбраниме на било каков начин, затоа што нив ги задоволува доминацијата врз жртвата а не самиот акт (а никако пак "провокацијата")!!
    Јас да се прашувам ваквите би ги казнила со кастрација и доживотен затвор во самица.
     
    На Alisa22, Annath, Purelove92 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ќе пишам 3 случки од мал милион што ми се случиле.

    1.Седам сама во турско маало во друг град пијам пиво и лабавам, ми доаѓаат 4ца Албанци и почнуваме муабет ова она и момците беа скроз океј.Си разменивме Инста акаунти дури и ме испратија до таму каде што требаше.Без да ме допрат или навредат-ова е за почит!
    2.Се возам во 60ка и беше празно само ја и уште 2ца Албанци постари од мене година-2 можда.Ме зјапаа,ми се смешкаа дофрлуваа, се дур не се качи другар ми кај Симпо.После од предната врата пополека се преместуваа се додека не се залепија до мене и не ми ја мирисаше косата тој позади мене :envy: а седев на излез,среќа другар ми беше со мене.
    3.се возиме со другарка во 2ка накај. 23:30 и беше full house не се дишеше.И бидејќи бевме на прослава бевме подотерани ама ништо провокативно.Седи другаркава и еден пријател од брачава упорно ја зјапа одозгора и коментира со другар му на нивен јазик а јас ги капирам и ме гледа дека го гледам.Искачаме од бус јас ни 2 ни 3 го буткам во рачката за држење пцујам на нашки на алб на што стигнам искачам и уште типацот зачудено ме гледаше.Кој не му даде тогаш колено меѓу нозе вол еден.
     
    На Alisa22, Lolo5 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Нема потреба да нагласувате националност, и да е во добар контекст и во лош. Манијаци и фини луѓе има во сите нации.

    Гледам многу има случаи со плескање по задник и допирање во основно школо. Значи исто како кога јас бев основец на крајот на 80тите и почетокот на 90тите... штета што сеуште постои. Ќерка ми се нема пожалено до сега, ама ако се пожали, има да дигнам галама, цело школо и цел град да се распали.
     
    На Lella, Lolipop23, sparklie и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Во врска со седењето во такси, правилно е, според бон тон, да се седи позади возачкото седиште. Некогаш седам таму, некогаш напред, без никаков страв. Како што и претходно напишав, никогаш не ми паѓа на памет дека некој би можел нешто да ми направи и никаде не одам со таква мисла. Треба секој слободно да живее, тоа е човеково право.
     
    На senjorita-v, Petra777, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    И јас секогаш назад седам во такси :)
     
    На Petra777, candy.cane, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    17.725
    Бррееј што се се изначитав :x

    Ај вака, од мое лично искуство на темава сама си го барала, не била долично облечена...

    Во средно имаше еден професор кој во 2ра година ме додаде на ФБ. Нормално не го прифатив па поради тоа ме избрка од сред тест, за ич ништо и ми стави 1 во дневник. Доообро, јас како јас, баш ми е гајле за 1цот. Наредниот ден ми пишува порака на ФБ, доколку сум заинтересирана за да си го поправам 1цот, да го прифатам за пријател 8-| нормално не го прифаќам.
    Изреволтиран од мојата незаинтересираност ме остава на полагање а притоа постојано ми пишува какви ти не пораки (многу сум била секси, сликите на ФБ ми биле поттик за неговите ноќни фантазии итн...).
    За целото тоа време јас не го регистрирам и не се замарам со него, неговите пораки а ни па ме вознемирува фактот дека сум на полагање... Се до моментот на самото полагање.
    Бевме 5-6 души кои требаше да полагаме. Си дремеме така во ходник и чекаме да не повика, излегува од канцеларија и ги вика само нив 5 души а мене ми вика јад да почекам надвор :|
    Завршуваат они со полагање и влегувам јас.
    Професорот (33-34 годишен) уште од врата ми тргна накај мене да ме бакне, самоуверен мислиш јас едвај го чекам тоа.
    После мојата мушкоданеста бурна реакција и давање до знаење дека ќе биде пријавен, со сила ми ја стави раката на уста за да ме заќути и низ заби ми се закани дека ќе ме уништи ако зуцнам односно нема никогаш да го завршам средното. А додека со едната рака ми ја држи устата и ми се заканува, со другата рака ме задрапува за г*з.
    На сила се оттргнав од него давајќи му до знаење дека јас сум таа која ќе го уништи него, а не он мене и со трчање излегов од канцеларијата, потоа и од школото.
    Изреволтирана прво се најдов со екипата за да им кажам што се случило и размислам кој потег прво да го направам.
    Потоа се вратив во школото и право кај директорката отидов.
    Ме прими во нејзината канцеларија, фино лепо и објаснив се што се случувало наназад месеци, што се случило на полагањето и ја замолив да ми го отстапи компјутерот за да се логирам на ФБ, да и ги покажам пораките ( во тоа време немавме смарт телефони, јас немав). Жената само ми преврте со очите и ми рече да не измислувам глупости и да си дојдам во август на повторно полагање.
    Од таму отидов во станица за да го пријавам. На кучето кое ме пречека му раскажав се, ме одмерка од глава до пети, ми се насмеа и ми рече да не му го трошам времето.

    А, заборавив да опишам како јас изгледав тој период, односно како сама сум си го барала...
    Имав кратка коса (шишана со машинка на 4ка), постојано бев во шалвари чие седло е спуштено до глуждови, задолжително марама околу вратот (ни вратот не ми се гледал а не па цицките кои не ги ни имав), шминка беше непознат поим за мене, а однесувањето ми беше крајно мушкаданесто.
    Поимот "секси" немаше како да се поврзе со мене.

    Да се вратам на темата, на полагањето во август не ме ни прими, ме пушти без испрашување 8-|

    Започна 3тата година, во која почна да се шушка дека почнал и на други девојчиња да ми досаѓа. Имаше муабет дека една од нив излегувала со него.

    Класната, директорката, полицијата... Сите беа глуви.

    Две години одкако завршив средно, од девојчиња кои се помали од мене и учеа во истото школо, слушнав дека го избркале од работа затоа што бројот на пријави против него значително се зголемил.

    Толку....
    Толку? 8-|
    Зарем со толку треба да заврши се тоа?

    Ај сега нека ми каже некој како јас си го барав од професорот?
     
    На Alisa22, dfsa, candy.cane и 31 други им се допаѓа ова.
  16. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Го знам професорот. Јас учев таму во раните 2000-ти години. Иста гнаса беше, истата изрека со стрелецот. Среќа мене не ми предаваше, ама мои другарки ми имаа кажувано како им кажува дека им е убава маицата, дека тесните фармерки убаво им го оцртувале задникот, на една другарка што носеше отворено деколте уште од тоа време и даваше комплименти на „ланчињата“ кои впрочем и беа на гради....

    Инаку, кој се возел во 5ка, 15ка, 3ка... накај Ново Лисиче околу 1999 го знае стариот манијак што се триеше од сите девојчиња. Јас долго време не сфаќав што всушност прави тој, бидејќи најчесто се случуваше во гужва и помислував дека се бутка поради тоа.
    Но еднаш кога се враќав дома од школо, сите мои другарки се симнаа и останав јас и веќе полу празен автобус и тој. Имаше уште 2-3 станици до мојата, ама застанав на врата од порано. И тогаш го почувствував дека го прави истото буквало се бутка во мене и се трие. Се зачудив зошто се бутка кога има место. Се свртев кондругите патници, зјапаа во мене, ама ништо не кажаа. Мала бев, не сфатив што конкретно прави, но знаев дека не е во ред и се подисплашив. Се симнав импулсивно на следната станица што дојде, и отпосле се сетив дека и тој може да се симне. Но за среќа продолжи да се вози.
    Од тогаш, многу пати во истите автобуси го среќававме со другарките, и гледавме да го одбегнуваме.
     
    На Alisa22, Lella, Lolo5 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Си замислив како го туркам низ врата кога ќе застане автобусот на станица.
     
    На Lolo5, Hellobeautiful, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.918
    Допаѓања:
    177.340
    Пол:
    Женски
    Не постои такво нешто како сама си го барала. Никој не бара да биде злоставуван на овој или оној начин. Никој не бара да биде пипкан, ниту бара некој да се трие од него, ниту да гледа лајф порн на соседно седиште во автобус.
    До каде со тие стереотипи?

    Верувам дека секое женско дете задолжително треба да посетува часови по самоодбрана. Не да научи да се бори, (освен ако сака, нели) ама да знае некој потег, доволно да го собори напаѓачот, колку да има време да избега и да извика помош.
    Домашното воспитување е многу битно. Треба да им се објасни дека во школо, било какво пипкање од страна на другарчињата, не е дозволено ниту нормално, ниту е срамота да се разговара за истото. И со машките деца треба да се разговара, да се прашаат дали има такво недолично однесување во класот, дали тие самите учевствуваат во истото и да се објасни дека тоа не е дозволено, ниту прифатливо и да им се укаже дека е погрешно.

    Во средно имавме професор по биологија, сега веќе во пензија и којзнае дали е уште жив, кој повеќе ги “сакаше” машките деца и тоа знаеше да го каже и на глас. Честопати знаеше да ги погали по глава, да си прават муабет за обетки, да ги пофали како изгледаат и да си потседне на клупа кај нив додека раскажува лекција. Да ги допре по раме или колено, и да ги прегрне со раката додека е наведнат над нив и им прегледува во тетратка. А се слушаа и озборувања за непристојни понуди во кабинетот по биологија.
    И посебно оти живееме во хомофобично општество и сите другари од средно тоа време се чувствуваа згрозено и многу непријатно.

    За машките никој никогаш не рече оти “сами си го бараат”, ама затоа со проферот по физика, кој очигледно повеќе претпочиташе девојчиња, секогаш “тие си го бараа”. Ова колку за паралела, дека машките секогаш беа жртви, а девојчињата “мора сами да си го барале”.

    Што сеуште се случува по школите и универзитетите е страшно.
     
    На Alisa22, Milobebence, tirkenbal и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Девојки, жени ако сакате и голи шетајте надвор - никој нема право ни прст на вас да стави ако вие не го сакате тоа. Во 21 век сеуште постојат стереотипи околу облеката, а со какви други сериозни проблематики се соочуваме. Страшна работа.

    Заби би му искршила на вакви манијаци какви што ги опишувате. Не ми се случило ништо вакво (за моја среќа), но гледам има доста девојки кои го искусиле тоа на своја кожа, за жал не само за нив туку и за цел женски род.

    Заклучувајќи дека директорите во училиштата, полицијата, па дури и соседите не реагираат соодветно на ваквите случувања и не преземаат ништо, слободно сама би ги презела работите во свои раце и добро ќе му пресудам богами.
    Не знам конкретно за себе како би реагирала во така замислена ситуација, ама татко ми или дечко ми би го убиле на лице место. А пак да видам дека на било кој начин се малтретира некоја девојка пред мене, има да го поминам низ нозе манијакот.
     
    На Alisa22, cresa-jagoda, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    А ти пуста засрамена од сите дома седиш зашто така тие се облекуваат :rofl:
    Ах беее... зборите ко да немате деца и внуци. Потивко судете да не ви тропне на врата кармата. Па да видиме после како си го барале тие ..
     
    На Alisa22, Nigredo Odor, cresa-jagoda и 21 други им се допаѓа ова.