1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдромот на „сама си го барала“ и искуства со сексуално вознемирување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    За жал, вакво размислувања како @baba Rada имаат повеќето жени во зрело доба, и нивниот број баш и не е мал. Да не споменувам и оние кои се од помали места, така се воспитани - ако се облечеш малку поразголенко, за срамота е, недолично е и провоцираш мажи.
     
    На cresa-jagoda, 1209, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ве читав и знаете што прочитав дека генерално жениве треба да се бранат, да се објаснуваат, да даваат причини и описи како, зашто се нашле во некоја непријатна доста често болна ситуација и накрај дури да се правдаат пред другите. Само мене не ми е јасно зашто и како тоа јас како жена треба да се правдам пред и објаснувам со жена. Катастрофа... Сама си го барала? Ма немој... Фрустрациите ради некои други работи лечете си ги во соодветните теми, а не на тема поврзана со сексуално вознемирување. Ниту јас со цел мој интимен простор, ниту било кој дел од моево тело е даден на тацна за некој да помисли дека може да се послужи. И згора на тоа затоа што скоро никој не сноси одговорност, јас треба да сум таа што ќе развивам стратегии за да избегнам некоја будала ако и текне да се послужи... Па каде е одговорноста... Секоја случка погоре опишана е поврзана со јавен простор: школо, улица, парк, такси, автобус, јас најсвежо на старото работно место... ( и знаете зашто старо, од истите причини што многу од вас ги наведоа: “ам, знаеме..“, “ам, чудо големо...“, “ам, не му можеш ништо, тој е...“, “ам, сега ќе се замараш со пријави, судови итн.“ и затоа пак ќе прашам каде е одговорноста и тоа не само личната, каде е колективната одговорност??? А, да во првиот момент кога јас изреагирав: ало, ова Е сексуално вознемирување... од драгите КОЛЕШКИ добив: е, чудо големо, не ќе ти се срони бисерот ако му се насмевнеш...Му се насмевнав со отказ и накрај ем вознемирувана, ем без работа и тоа не ради моја неодговорност, туку нивна, баш таа погоре што ја спомнав колективната...)
    Малу е подолг постов и се од причина да не сум груба... накрај девојки, жени изгледа треба да сме како Трансформерс, а осетиш дека нешто не штима тоа карате, спрејови, спринт (бегање на долги патеки), а да и обавезно покривање од глава до пети, зошто нели, сами си го бараме... аха, да...
    Поздрав... Вие - преживеаните сте јаки, моќни и големи...
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, RainBow и 18 други им се допаѓа ова.
  3. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    @КикиМаус се извинувам што го користам твојот пост особено кога знам колку е осетлива темава но мислам дека најдобро ја опишува ситуацијата во училиштава.

    Сакам да им се обратам на сите основки и средношколки.
    Девојки, вакво нешто не се крие. Уште од првиот пат кога ќе приметите вакво однесување кај наставник/професор кажувајте. Прво дома. Затоа се тие, да ве заштитат.

    Родители и за вас истото. Бидете повеќе заинтересирани за тоа што се случува во животот на вашето дете. Посавете се пријателски и дадете му до знаење дека секогаш стоите зад него.
     
    На cresa-jagoda, Annath, Lolo5 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.621
    Screenshot_20180619-130023_Instagram.jpg
    Нека трепка!!!
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, 1209 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Во контекст на ова демек сама си го барала да кажам само дека постојат два типа луѓе:
    - психички здрав и стабилен човек што не би допрел девојка без дозвола и гола да му излезе
    - психички болен манијак што би вознемирувал и би нападнал девојка дури и во бурка облечена
    И оние што дофрлуваат, се лепат до вас, ве допираат или плескаат, безобразно ви се додворуваат имаат потенцијал на силувачи и спаѓаат во вториве. Барем за нормални не би рекла дека се.
     
    На Alisa22, Јаневски, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  6. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    Нема проблем
    Лично За мене не е осетлива тема затоа што ако треба ќе го убијам (тој некој) ама нема да дозволам да ме сексуално злоупотреби. Фала Богу физички сум спремна за да соборам маж.
    Ама има многу кои не се ....

    А што се однесува до кажувањето дома, не секогаш е паметна идеја.
    Еве на пример кога мене тоа ми се случуваше, татко ми беше срцев болесник а мајка ми во болница ради рак
    И што ќе направев ако им кажев?
    Беља
    Ништо повеќе
     
    На Indiegurl, cresa-jagoda, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.139
    Пол:
    Женски
    Се сетив на уште една случка. Имав 14 години. Седев со другарки пред влезот од зградата во која живеам. Помина еден дечко (околу 30 години). Помисливме дека ќе оди кај некој од комшиите. Само што влезе, го извади и почна да си го д*ка. Ние одма избегавме. Кога се вративме, него го немаше. Кажавме на родителите. Ништо не можеше да се направи, затоа што не знаевме кој е.

    Како не им е срам на таквите? (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    јас пред 6 години во скопје на рекорд на постојка на пладне доживеав ваква непријатна глетка. Плус бев бремена. Поужасно нешто нема. Ми се има случено на пладне истта година есен беше. Ја бремена 7ми месец иде до мене еден .... Не би можела да го опишам со зборови. Погнасен дали постои. И ме гледа ми намигнува ја криви устата праќа бакнежи се држи долу.... Добро бе ај некој да ми објасни како бремена со тренерки и долг капут сум го испровоцирала? Ама не јас сум спремна да нападнам макар и да одговарам јас. Ионака сама виновна барем да има зошто. Но во тој момент единствено што можев да направам е да застанаѓ да земам телефон и да пријавам. Ни секунда не помина човекот избега.
     
    На Јаневски, lovestoneddd, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Се додека не се воведе некој строг најстрог закон ќе се случуваат вакви работи за жал, ама знаете како е, кога било што некој ќе направи а со глупиве закони никој ништо не превзема или ќе речат го привеле болниот психички човек и после три саати ќе го пуштат, зашто мислите дека нема да продолжат, тие гледаат дека никој не се замара и немаме строги казни па им се може, до тогаш ќе си патиме и ќе се снаоѓаме секој со своја судбина што е жално во 21век некој да има трауми поради вакви манијаци.
     
    На lovestoneddd, Lolo5, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.139
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа силувачите да бидат осудени на доживотна робија, а нивните ликови, имиња и презимиња да бидат објавени на интернет. Да се знае кои се.
     
    На Dr.Zzz, Rose96, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Имаше едно време некој наш сајт со слики и информации од педофили распоредени по општини. Не знам што се случи со него.
     
    На Rose96, theowndemon, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.139
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека имаше, ама како да прочитав некаде дека не било етички да се објавуваат личните податоци. А етички е да се силува?
     
    На Rose96, cresa-jagoda, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.268

    Одамна го имам гледано видеово, па решив да го поставам тука.

    Жени-борци, навистина ми е жал што сте морале да поминете низ грозни искуства проследени со трауми. Цревата ми се испревртеа додека читав, се надевам дека еден ден ќе ги стигне кармата сите тие мршојадци. Ќе се согласам со останатите: воспитајте си ги синовите бидејќи ниту една ќерка не е виновна.

    До кога ќе мора да излегуваме од дома со страв?

    Живеам во „мешана“ населба и гледам облеката да не биде причина некое говедо да не може да си ги задржи хормоните. Лето-зиме се шетам со фармерки и затворени маички, бидејќи ако ми се случи нешто јас ќе бидам таа виновната. Не тој или тие. Ме имаат воспитано секогаш грешката да ја барам прво кај мене, така што ако некогаш дојде до ваква случка автоматски ќе значи дека сум си го барала (и добила).

    Сегашни и идни родители, научете ги ќерките дека не се само парче месо и предмет за иживување. Научете ги дека имаат достоинство и дека не се должни никого да трпат.
     
    На Dream-Girl, simonka93, theowndemon и 20 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не е само до законот. Овој што го има не се почитува, од полиција, обвинителство и судови како прво.
    Мислам дека треба поголема медиумска покриеност на ваквите случаи. Никогаш вакво нешто не е ударна вест. Се' некаде на последна страна во весник, мал текст, или на крај на вести една минута на брзински во црна хроника.
     
    На lovestoneddd, theowndemon, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.139
    Пол:
    Женски
    Очигледно тоа не е толку битно за нашата полиција. Побитна е политиката. Затоа нема да не биде. Не знам во другите држави како е во однос на ова прашање.
     
    На Lolo5 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Зависи во која. Оние во Европа, ама нагоре Европа имаат за мерак закони и нивно спроведување. Затоа има и толку случаи кои се пријавуваат. Имам слушано муабети: абе за грев се, види колку случаи на сексуално насилство има кај нив. Нема кај нив повеќе отколку кај нас, разликата е што таму пријавуваат 70%-80%, кај нас 2%-3%
     
    На lovestoneddd, theowndemon, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  17. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    А зошто толку мал процент пријавуваат?
    Затоа што никој нема да и помогне на жртвата а сторителот "со врски" ќе го извлече г*зот и ќе дознае кој го пријавил и после тешко неа...
    Тоа е таа сурова реалност кај нас
    За жал
     
    На dayla, simonka93, lovestoneddd и 13 други им се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Постои уште.
     
    На makedonkamak, SummerGirl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Кај мене во маало еден тинејџер силуваше девојче, а татко му судија. Нормално се извади. Девојчето ја напушти државата поради стрес. Нон-стоп го гледам копилето. Гадна фаца маме му ебам болесно.
     
    На Alisa22, Milobebence, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ако е психички болен т.е непресметлив нема да го казнат.
    Ако не те допре пак нема да го казнат без разлика од траумата што си ја доживеала.
    Само за полови дејствија (без силување) казната е до 5 години максимум.
    При тоа жртвата мора да дава отпор до крај на чинот за да постои делото, инаку ќе се смета за дополнителна согласност.
    За жал ваков е законот, затоа и толку ретко се казнуваат за разлика од амерички правен систем каде жртвата е максимално заштитена и за свиркање може робија да се лежи.
     
    На Amellie13, dayla, Плавуша123 и 8 други им се допаѓа ова.