Овој синдром е релативно чест меѓу луѓето. Многу од нас го живеат својот живот по тој синдром. Само за да се одбегне некоја критика или пак озборување, многу луѓе и да замислиле нешто да направат, кога ќе размислат што би помислиле другите и ја менуваат својата одлука. Со тоа ние не живееме по своја волја, туку на начин што не го сакаме, само за да им удоволиме на другите. Сепак што и да правиме, секогаш ќе се најде некој да го искритикува тоа или да не му се допадне едноставно. Многу често луѓето ке кажат : "Што ми е гајле што ќе кажат другите за моите постапки" , а потоа почнат да размислуваат за тоа... Дали кај вас е присутен овој синдром? Дали живеете со своите одлуки без да ви биде битно нечие мислење, или сепак барем малку ви е битно?
Па реално, има некои луѓе на кои би сакала да им оставам добар впечаток. Тоа прави да имаме контрола врз своето однесување и своите постапки, инаку кај би бил крајот на хаосот. Што се однесува до моите планови, она што мене ми е важно и што сакам да го правам (и го правам) тука апсолутно не ме интересира кој што ќе каже. Луѓето секогаш наоѓаат маани, секогаш имаат забелешки, завидуваат, понижуваат и што уште не, но нивните зборови не се никаков фактор врз било кој живот. Мојот живот си е моја работа, моите одлуки се само мои и тоа е тоа.
И то ме заболе да ме ивините.Моите имаат попримено малце од овој синдром и мака мачам со нив. Не пуши на тераса комшиите те гледаат. Не искачај по пижами/бањарка на тераса комшиите гледаат. Не фрлај пикавци на улица комшиите гледаат. Не носи предиколтирани маици што ќе каже народот. А мене многу ми е гајле, не живеам да угодувам на НИКОГО дури ни на моите.Еден живот имам ќе си го живеам јас како сакам секако во граница на нормалата. А луѓето секогаш збореле и ќе зборат секогаш наоѓале мани и ќе наоѓаат. Во едно сум сигурна а тоа е дека НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН.
Нема канта на мојава улица.Од прозор секако дека не фрлам ама ако сум на улица каде?Нит сум прва нит последна. Извинето
Искрено, извинете за изразов ама ме заболе. Секогаш ќе има некои кои ќе не оговараат и без некоја причина. Воопшто не ми гајле и не се замарам, поучена од себе. Истото и на моите им го имам кажано "Не живеам за народот". Колку си подобар спрема нив, толку повеќе ќе измислуваат. Живејте си го животот без вакви глупави зборови "Што ќе кажел народот" Нормално, не до степен на недолични работи, ама пак за тоа што не си вмешан во нешто лошо или слично, не треба да те засега. Народ си е народ, само оговарања позади тебе и нема да го смениш тоа. Колку и да си добар пак не чиниш, што навистина е така. Гледајте си ваши животи и не се замарајте за други, и онака вашите проблеми не можете да ги решите, ќе одговарате други... * Се извинувам ако бев многу недолична, ама оваа тема навистина ме ваѓа од такт.
Не би сакал да кажам дека ми е битно што ќе кажат другите, ама на некој начин ми е. Не сметам дека се во право, туку тоа што ќе го кажат влијае на моето расположение, а јас не сакам да се чувствувам лошо. Мислам дека сѐ уште не сум толку емоционално зрел, за да можам муабетите на луѓето да не си ги ставам при срце.
Јас воопшто не се замарам што ќе кажале другите за мене ако мене ми е чиста совеста. Може се илјада пати полоши од мене, па решиле да го опишуваат туѓото за да го покријат своето. Е сега, на мајка ми и е многу битно за другите и често се расправаме околу тоа и илјада пати и имам кажано да си го живее животот и воопшто да не се замара што ќе било и што ќе кажале. На крајот на краиштата кој што сака нека кажува, на луѓето за жал не можеш да им ги затвориш устите.
Не се замарам луѓето што ќе кажат бидејќи јас ништо лошо или пак срамно не правам за да мислам што ќе кажат луѓето дали нешто добро или лошо за мене, тие секако пак ќе зборуваат што и да правиш. Така доколку мене ми е добро тоа што го правам и ме прави среќна за другите ич не ми е гајле, секој со својот живот.
" Што ќе кажат луѓето " ... Is this a joke or a trick question ? - Бидејќи ако сериозни мислите да го живеете животот за други луѓе, тогаш подобро немојте воопшто ни да живеете - и онака тој живот веќе не е ваш, туку туѓ... За мене е абсурдно воопшто да помислам дека човечките суштества за кои не ми е грижа дали се живи или скапуваат под земја, го заслужуваат моето внимание, енергија и скапоцено време. Зошто некогаш би ми влијаело мислењето на некоја залудно потрошена ДНК за кого не ме интересира фактот за неговото постоење на оваа планета, или пак престанокот на истиот? Јас не сум роб на денешното општество и никогаш нема да бидам бидејќи го живеам животот како што јас сакам и најмалку не е важно што мислат останатите луѓе за мене, сепак, и јас воопшто не се интересирам за нивниот живот.
Најжесток облик на ограниченост според мене е синдромот ' Што ќе речат другите ' . Реченица која има има потенцијал да руши соништа и да демотивира поготово кога доаѓа од луѓе чие едино мислење ти е битно. Јас од кога знам за себе, мислам дека сум имуна на овој синдром. Никогаш не ми импонирало некому да му е битно јас што мислам и не сакам ни други да си земаат за право да ме калапат и модифицираат за да се прилагодам на нивниот критериум за добро и исправно, да ми делат совети и мудрувања во форма на сопствено мислење. Не ми е гајле што мисли масата, битно ми е мислењето на ептен блиските особи, и тоа пак со придржување до некоја си граница.
При некои постапки може само да се грижам како ќе се почувствуваат тесен круг на мои навистина блиски луѓе. И тоа знае да мачи и ограничува многу, посебно кога станува збор за постарите со поинакви сфаќања и помалку разбирање - ама од емоционална поврзаност не се бега, семејството не се бира, а и такви закоравени ставови на постари години тешко се менуваат. А тоа „што ќе кажат луѓето (т.е. општо околината, комшиите, рандом познаници склони на осудување и сл.)“ - сум го надминала и на сите им го советувам да го надминат. Неодобрувањето од тие малограѓански умови, чие евентуално мислење (односно осуда) за туѓ живот загрижува некого - е знак дека си на добар пат во животот.
Мене најжално од се и најнехумано ми е кога ќе слушнам низ темиве како керките не можат да си ги вратат назад односно да им дозволат да се вратат назад бидејки луѓето ќе рекле.. И што ако речат? Не ми е јасно навистина.. Уста на никого не можеш да затвориш ама да не си примам назад свое чедо што извинете вака сум се чепела да си го родам и што сум се тресела и се тресам над него и што сум го израснала во човек да го оставам на улица заради народот што ќе речел за мене не е нормално односно е неродителски и овие родители јас не можам да ги наречам родители. Со кој памет не знам ама стварно не ми е јасно што е тоа толку што боли повеќе од свое чедо. Јас ако требав да се водам по мотото што ќе рекле луѓето до сега не теебаше со прстот да мрднам оти сум правела радикални промени во животов па имаше такви што крекаа чиниш дома сум и отишла и ги подјадувам Ненормална работа. Ич ама ич не ме интересира што ќе зборат ова искрено уво не ми чуе така на сите кажувам што сакам ќе си правам од животот ако тие сакаат да зборат и ако се осекаат рака подобро онда нека крекаат до 101 и назад ич не ме боли ама ич и никогаш не ме болело кога сум слушнала што рекле туку само се смеам и ми е смешно бидејки е за смеење или жалење нивната не култура и степен на образование.
Фино звучи, ама не, не може тотално да не ви е битно. Околината како што знае да задуши, така и поттикнува одредено однесување кон кое ако не се прилагодиме, остануваме на маргини некаде. Многу работи кои ги правиме, несвесно ги правиме поттикнати од други, па и за други. Ретки се вистински индивидуалци и обично имиџ имаат на малку налудничави. Останатите се трудиме рушејќи стари навики и обичаи од баби и прабаби, ама не е тоа -тоа, далеку сме од целосно живеење живот само за себе.
Општество во кое владее синдромот I don’t give a fuck доведува до тоа млади дебели Британки да серат на сред Сплит на некој фестивал меѓу куп туристи и да се обраќаат што кур сте зинале. Ќе серам кај сакам. Ајм фриии ти текнуе? Shaming културата е од исклучителна важност во едно општество, затоа што одржува каков таков квалитет.
Порано си дозволував да дојдам до тој степен да живеам и да се водам по сечие мислење..дозволував сечие мислење без разлика дали е добро или лошо да ме повреди. Поради луѓето бев анксиозна многу често.. И пред да направам био каковчекор во животот прво што ми се вртеше низ глава беше ‘што ќе речат луѓето‘...Но тие времиња се веќе одамна зад мене фала му на Бога. А сега се водам само исклучиво по мое мислење и мојата интуиција..ако мене ми е убаво во своја кожа. И не ме интересира ничие мислење дури ни на моите најблиски. Можеби звучи себично, но сепак мојот живот е само мој и сметам дека јас треба да го бирам вистинското за мене и да правам тоа што ме прави среќна и ме исполнува.
^^ Аууу, какви измешани лончиња... лошо. Од кога негирање на „што ќе кажат луѓето/другите/комшиите“ е еднакво на непочитување основни културни манири? Дали тоа значи дека културата и манирите ги почитувате заради сликата што ќе ја создадете кај другите и само за да спречите да ве осудуваат? Па и shaming било позитивна појава... Само колку да се каже нешто контра „популарното“ мислење, па за што и да се однесува. (И за овој синдром мислам е потребна тема. ) Сешто...
Кога ќе подразмислам оваа реченица “што ќе кажат луѓето” ме има одвратено од многу глупости што ми поминале низ глава
Ич не се замарам со ова. Кој што сака нека збори. Дали на тераса излегувам гола, дали имам швалер, дали им се дерам на децата, и др., тоа е лично моја работа. А другите што сакаат нека зборат и мислат. Маж ми многу се замара што ќе речат другите и затоа често се расправам со него.