Ја отварам оваа тема бидејќи е се поизвесно дека во нашата држава единствената вакцина со која ќе имаме можност да се вакцинираме ние помладата генерација е вакцината од Синовак. Според Хаџеттепе универзитетот кој ја спроведе трета фаза од испитувањето на оваа вакцина. Според тоа ефикасноста на оваа вакцина е околу 83% а процентот на заштита од хоспитализација 100% . За време на испитувањата не е забележан смртен случај и кај лицата што биле вакцинирани со вистинска вакцина и кај лицата со пласебо( празна,лажна, вакцина). Нуспојави кои што се забележани кај оваа вакцина се 9,8% замор, 7,6% главоболка, 3,8% болки во мускулите, 2,5% температура, 2,4% треска, Додека од локалните нуспојави кај оваа вакцина е 1,6% од лицата кои учествувале во истражувањето пријавиле болки на местото на инектирање. Што вие мислите за оваа вакцина и дали би се вакцинирале со неа?
Јас веќе сум вакцинирана со Синофарм. Но искрено би прифатила со било која вакцина. За синовак прво имаше шпекулации дека не е доволно ефикасна итн. Јас би се вакцинирала со било што само да заврши ова лудило..
Ист тип на вакцина се, потполно. Синовак е тестирана на помалку луѓе од Синофарм, но на повеќе континенти. Можеби и затоа има помала ефикасност официјално, т.е. 52%. Во реален свет како што гледам се покажува како одлична вакцина. Исто, во дозирањето, односно, втората доза Синофарм се аплицира по 21 ден, а од Синовак по 14 или 28 дена.
Синофарм е во соработка со институтот од Вухан Не знам дали е тоа добро или лошо Тврдат двете се класични- инактивиран вирус.
Синофарм од пекинг во соработка со институтот од Вухан. За Синовак видов некоја таблица дека најефикасно од сите спречува развој на сериозна состојба, некое истражување од Флорида, ама не можам оригиналот да го најдам ...и така, рекла казала
После два месеци од ревакцинацијата со Синовак се создава целосен имунитет. Дали тој процент на 58% ефикасност е после два месеци од кога е создаден имунитетот или пак во текот ма тие два месеци кога сеуште се развивал имунитетот?
Тие 52% ефикасност на Синовак се од клиничките студии, и се мерени, ако не се лажам, 2-3 недели по втората доза
Па со оглед на тоа дека ситуацијава кај нас е моментално смирена, Синовак не е лоша опција. Таман до есен ќе мине време ќе развиеме некој солиден колективен имунитет, порано покасно, од сите вакцини ќе се развијат антитела.
Помладите баш со Фајзер кај нас ги вакцинираат. Мислам дека внимаваат на помлади да им дадат Фајзер ако може. Кај мене сите во маало што се вакцинираа со Фајзер ги вакцинираа. Инаку и Синовак е слична со Синофарм. Читај во темата за вакцина пишував дека во Србија иако не развиваат постарите антитела сепак се заштитени од тешка клиничка слика. Одобрена е до СЗО вакцината така што био требало да е во ред.
Имало тема за вакцината Синовак. Јас вчера се вакцинирав со неа и досега освен ептен мала болка во раката при движење немам друго ништо. Се плашев дека со најслаб процент на зашита ама пак јас веќе го имам помминато вирусот во ноември така да можи и подобро. Дали можи некои реакции да се случат по некој ден?
И да го немаш прележано вирусот, вакцината е ефикасна посебно по примање и на втората доза, Синовак и Синофарм се на ист принцип правени. Тоа што ефикасноста покажало помалце за Синовак е лабараториско истражување и е различно во секоја земја, пример во Турција истражувањето покажа дека Синовак е високо ефикасна. Синофарм е дел од државниот институт, додека Синовак се води како целосна приватна компанија. Успешна вакцинација!
Nekoj ima li iskustvo so Sinovak? Dali bi mozela da predizvika ovaa vakcina smrt kaj licata so visok krven pritisok?
Здраво, дали ревакцината со Синовак е на 3 недели како и останатите вакцини? Некаде погоре прочитав нешто 14 или 28 дена