1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синома диета

Дискусија во 'Диети' започната од taj, 7 април 2013.

  1. taj

    taj Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки.Пред некој ден најдов едана дета на интернет па сакав да ја споделам со вас.
    Диетата се темели на калифорниската исхрана која е синоним за медитеранската, која, пак, се темели на зеленчук, овошје, житарки, оревести плодови и семки, маслиново масло, немасна риба и вино. Оваа диета нема детален план и точно избројани и измерени оброци, туку само три фази кон кои треба да се придржувате.

    1. ФАЗА
    Трае првите 10 дена. Во текот на овој период, лицето треба да се ослободи од лошите навики на јадење калорична храна. Допуштено е да се јаде зеленчук, морски плодови, немасно месо, маслиново масло, а во ограничени количини смее да се јадат млечни производи, житарки, оревести плодови, кафе и чај. Зачините можете да ги користите неограничено.
    Првата фаза е најекстремна бидејќи се јаде нискокалорична храна. Бидејќи 10 дена не се јаде овошје, се препорачува земање на дополнителни количини на витамини. Во оваа фаза се губат помеѓу 1 и 2,5 кг :lol: .

    2. ФАЗА
    Ова е најважната фаза која трае се до постигнувањето на саканата телесна маса. Губењето на телесната тежина е побавно отколку кај првата фаза, но е поконтинуирано, па со тоа и посигурно дека изгубените килограми нема да се вратат.
    Се јаде како во првата фаза, но со додаток на овошје. Исто така допуштено е конзумирање на малку вино, парче црна чоколада, мед и слатки без шеќер :D .
    3. ФАЗА
    Третата фаза е фаза на одржување, а почнува по постигнување на саканата тежина. Во оваа фаза се усвојуваат навиките на здрав начин на исхрана, се јаде многу овошје и зеленчук, а повремено се допуштени и ,,мали гревови" во облик на грицки или десерт.
    Посебна важност се придава на комбинирањето на поедина храна со квалитетно вино. Поради делотворните својства врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, авторката на оваа диета смета дека тоа треба да се конзумира секојдневно, во умерени количини :yawn: .
    Што се однесува до мене не е мног тешка.Ако ја има некој дрзано нека пише
     
    На glorijaMKD му/ѝ се допаѓа ова.