Што мислите за синхронизација на Македонски јазик? Според мене, подобро е титлување на преводот отколку синхронизација. Stend up со Сашко Коцев за синхронизацијата. http://www.youtube.com/watch?v=KpkMAdgxlsw http://www.youtube.com/watch?v=kgMMubVmSX4
добро е за старите луѓе што не можат да читаат-носе едни исти гласови па можат да зимат од училиштата,факултетите... инакуу не ми се допаѓа за младите-ниту јазик ќе научиш,ниту ќе научиш брзо да читаш хахах.....
Ми текнува на времето колку лошо ми изгледаше кога вртејќи на сателитските канали ќе начекав некој филм синхронизиран најчесто на германски, едно мрдаат со уста, друго звучат. На почеток и овие нашиве беа чудни, ама некако се навикнавме. Среќа што не гледам турски серии, не гледам ни телевизија веќе, па синоним за синхронизација на македонски ми е Раскажувачот, многу ми е мака што не можам да ја најдам серијата синхронизирана на македонски.
А бе добро што синхронизираат, ама да се потрудеа барем тајмингот на зборување да е во ред. А не како на Др. Оз што прават- два гласа заедно зборат, па ништо не се разбира... Или кога ќе почнат да плачат/викаат/пеат итн. звучи како мачки да се парат! Лошо, лошо....
За старите лица кец на десетка е синхронизацијата за нас помладите,не е добредојдена бидејќи сакаме да го слушаме оригиналниот јазик,за да си го учиме,се сеќавам на времето го научивме шпанскиот од сериите,го владееме ко втор мајчин јазик сега на ред ни е турскиот не сте фер па оставете не раат да си учиме
Значи со ова синхронизацијава сето ми е глупости . Оти? Па затоа што цело време на сите филмови се истите гласови (досадно ) , а то дека за старите е убо, убо е, бидејќи не можат да читаат, вака барем че разберат поубо кое е дејството на филмот. А, за нас сепак поарно е да има превод одколку вака.