Дечки а јас како да знам освен со антитела дали имам прележано? Во обиди за второ сме, ќерка ми прележа во февруари, јас не фатив иако цело време бев со неа. Сега викендов бевме на свадба па 3 дена бев со внуката која вториот ден изби сипаници. Ама оди не ја гушкај еднаш годишно ја гледам. Јас се тешам дека штом не фатив од мојата, со сето мачкање и гушкање и бацување, ваљда нема ни сега...
Здраво, ме интересира дали некој има слично искуство. Бремена сум 20та недела и ми дојде на гости роднина чија ќерка има моментално сипаница (појавено пред 5 дена). Жената била прележана, но најголем проблем ми е што дојде со синчето нејзино кое уште не е прележано. Јас не знам што е со луѓево до толку да немаат осет, сега читав можни последици ако не дај боже се заразам во првите 20 недели и се испаничив. Инаку јас немам прележано до сега. Искуства?
Ако до 3 недели не појавиш симптоми,нема да имаш! Читам ќерката имала сипаници,а синчето не.сипаниците се пренесуваат по воздух.тоа е респираторно заболување ако си во контакт со ЗАБОЛЕНО лице има 95% веројатност да се зарази здраво непрележано лице.јас кога бев бремена ќерка ми имаше сипаници но јас не се заразив оти бев прележана.таа веќе 5 дена имала сипаници мислам и дека фазата на интубација е помината.
Бремена 36+5, кај и да е пред пораѓај. Вакцинирана сум и најверојатно затоа немам прележано сипаница, ни крупна ни ситна. Е сега, син ми од вчера ми е сипан. Немам како да се изолирам, сама сум, немам кому да го оставам...
Вакцина за варичела кај нас нема, вакцината што ја имаме примено е за рубела, морбили и заушки. Консултирај се со доктор за совет бидејќи си при крај на бременоста, можеш и антитела да испиташ да не имаш прележано ко мала со послаби симптоми. Со лесно.
Син ти бил заразен и 1,2 дена пред да му избијат, а особено денес и утре е заразен. Малата 5г ја однесов кај другарка која прв ден малата и избиваа и фати. Намерно ја однесов да фати. А јас трудна прележав со неа во 28ма. Провери антитела дали имаш, приватно во Авицена.. државно незнам дали има... И да фатиш, ако тераш до 40та, ќе ги прележиш без опасност за бебето...
Има опција да проверам на државно на имунологија, но таму ќе закачам уште нешто со сигурност, затоа ќе одам приватно да проверам. Но, што потоа? Бев на четири различни доктори, сите различни ставови и мислења: од многу е опасно на крај на бременоста вакво нешто, до ништо не е, до шо е тоа е, до тотална изолација од сега па и по пораѓај... значи стварно толку ли нема некоја со вакво искуство да каже шо како е...
Да си жива и здрава. Дај боже да не те фати. Нема како да се изолираш, инкубацијата е 2 недели. Ако не се изфрлиш за тоа време, нема да имаш.
Опасно е ако се породиш во моментот додека трае инкубација, да не префрлиш на бебето. Мене на инфективна тоа ми го објаснија. Друг ризик додека е бебе во стомакот, нема. Иначе на Имунологија ќе ставиш маска, ќе чекаш да те викнат и ќе влезеш. Ќе почекаш надвор, тоа е мала просторија и немаат чекална, одма од надвор влегуваш на боцкање. Поголема веројатност да закачиш нешто е во приватна лабараторија, него таму. Нема гужви, сум одела мн пати. Ќе кажеш дека си трудница уште на врата, ќе те примат одма. Ако си фатила, за 2 нед макс ќе избиеш. Ако се породиш додека избиваш (заразна си до 4-7 дена од избивање), има начини како бебе да го изолираат. Што и да биде, ќе ја најдат најбезбедната опција...
Благодарам, добра сум. Утре е точно две недели од првото исфрлено брунче на синот. Среќа, не сум фатила и јас (а немам ни прележано), се тестирав во Авицена, малиот ми е веќе подобар па здравје, може да си го чекаме и бебето веќе не мора да се "стискам"
Здраво девојки Бремена сум 14та недела и само што дознав дека пред 6 дена сум била во контакт со лице што по еден ден развило симптоми за варичела сипаници. Другар ми е, беше на гости околу 2 часа, без да знае дека имал кнтакт. Земав упат и утре ке одам во Авицена да се проверам бидејќи мајка ми мисли дека немам прележано во детство. Дали некоја имала слично искуство со Варичела, малце сум во паника вечерва
Испитај прво, па после ќе си се консултираш со гинеколози. Јас прележав бремена ама бев 28ма недела...
И јас сум бремена 23+ цела зима сме во изолација, заради сипаници, јас немам прележано никакви, докторите ме советуваа да се чувам до 3 тримесечие
Немам баш контакт со деца, не знаев ни дека има доста сипаници периодов. Направив тестирања, не сум имала прележано, ама и среќа што најверојатно не сум префатила (нема моментално знаци на инфекција според тестовите) Се надевам дека и вака ќе остане. Се на се, навистина стресна недела
Late update: и покрај направените анализи шо покажаа дека немам прележано и не е активен вирусот кај мене, крвна слика прекрасна и сè во нормални вредности, се исипав ден после пораѓај! Бев 21 ден изолирана од бебето, пиев скоро 30 апчиња дневно, инекции, инфузии... Не планирам да ве паничам или слично, само ќе ви кажам да си се пазите!!