Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаници во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 16 јануари 2017.

  1. Sandzesss

    Sandzesss Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Здраво бремена сум 14 недела и фатив варичела сега докторите ми велат да ги абортирам бидејќи можело да наштети на бебињата некој да ми кажи совет
     
  2. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Побарај и 2, 3 мислење. Братучетка ми имаше фати една недела пред да роди. Беше царски и немаше каде да ја сечат од што беше цела ишарена. Роди здраво право дете.
     
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.240
    Допаѓања:
    112.226
    Пол:
    Женски
    Навистина ми е многу жал :(
    Побарај и друго мислење, ама за жал шансите за деформитети се огромни, поради тоа што варичелата е добиена на почеток на бременоста.
    Оф бе душо како ги закачи :(:hug:
     
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Јас прележав 28ма недела, родив здраво детенце. До 12та викаат дека е опасно.. ама и 14та е многу блиску. Најубаво консултација со добар гинеколог...
     
  5. minni_z

    minni_z Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Денеска бев во контакт со детенце што изгледа има сипаница, имаше брунчиња што личат на сипаница, мајката не е сигурна не се биле исте на лекар, мене ми е страв да не добијам не сум имала сипаници. Инаку бремена сум 38 недела.
    Ве молам за мислење. Благодарам
     
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.413
    Допаѓања:
    38.373
    Пол:
    Женски
    Имаш прележано варичела?

    Инаку мајката од излегувањето на прво такво меурче (ако личат на сипаница), треба да се јави на доктор, да го изолира детето до поминување на сите сипаници и да пријави на училиште или градинка. Се чудам какви неодговорни луѓе постојат.
     
    На Antebellum, butterfly6223, nice-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. minni_z

    minni_z Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Немам прележано
    Не се јавила на лекар суште, незнам зошто, но требаше да ме извести, се изнервирав многу зошто не ми напомени дека се сомнева
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.223
    Допаѓања:
    170.148
    Штом немаш прележано голема е веројатноста да ги фатиш
    Ама не сега некаде 14 до 21 ден од контактот
    За бебе не е страшно ама за тебе е
    Пресно породена крварење болки рана доење плус сипаница
    А и бебето ке ги прифати пошто нема антитела од тебе
    Дај боже да не фатиш или да фатиш а да не си породена
    Неодговорна госпоЖа ич не и било гајле за тебе да се тресеш сеа 21 ден
     
    На Antebellum, nice-girl, Лалина и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.413
    Допаѓања:
    38.373
    Пол:
    Женски
    Консултирај се со гинеколог штом немаш прележано. Најважо е да немаш при пораѓај.
    Бидејќи е на почеток од инкубациски период, а си во последните недели може ќе одлучат да те породат сега.
    Мораш да се консултираш.
    И прашај ја мајката што им кажале на преглед, се надевам веќе го има однесено детето за да потврдат.
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.767
    Допаѓања:
    175.650
    Пол:
    Женски
    Колку е опасно да се фати варичела во 22ра недела? Мислам најголемиот страв ми се остварува.
    Ги најавија кај ќерка во градинка во група дека има детенце. Таа сеуште нема симптоми ама била во контакт. Многу се плашам, јас немам прележано.
     
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.240
    Допаѓања:
    112.226
    Пол:
    Женски
    Скоро па ич.
    Ти сега си 22 ама ќерче за две недели ќе се исипе (АКО префати).
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.223
    Допаѓања:
    170.148
    Ако покаже ќерка ти тоа ке биде за 2-3недели
    Ти си тогаш 24 25гн
    Па и ти да префатиш пак ке минат 2 3 недели и ке бидеш 26 27гн
    Нема никаков ризик по беба
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.767
    Допаѓања:
    175.650
    Пол:
    Женски
    Не знам кога точно бил контактот. Минатата недела. Значи веќе може да е помината и една недела, или сеуште не, ако бил во петокот. Ладна пот ме обливаше со саати. Сипаници ми се еден од најголемите стравови и нетрудна да фатам, а тек трудна. Како и да е, не ме држеше место видов дека гинекологот ми работи денеска и попладне, па бев да се консултирам и со него и тој исто ми рече, над 20та недела немам простор за паника. Ама си пукнав денеска од грижи ништо не завршив што требаше.
     
    На fana и Antebellum им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.223
    Допаѓања:
    170.148
    Опушти се
    Немаш место за паника
     
    На fana и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.240
    Допаѓања:
    112.226
    Пол:
    Женски
    Убаво ти вика алиса. Немаш простор за грижа тек 25-6 ќе бидеш тогаш АКО фатите.
    @mariz тој период прележа со второто дете, здрава права ќеркичка роди женска голема е веќе :hug:
     
    На Yowannty и mariz им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Да јас 28ма избив... и бев СТРАШНО осипана. Пиев и Ацикловир, по препорака од инфективно. Опасно е до 12та нед за плодот, а и на крај пред пораѓај ако се фатат. Знам имаше тука мајка која префати на крај... @Љута Чушка беше. Мислам рече доста време одвоена од бебе била...
     
    На Yowannty и fana им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.767
    Допаѓања:
    175.650
    Пол:
    Женски
    А со бебето се било во ред?
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Да да никакви компликации, здрава женска од 7год е веќе :) а на @Љута Чушка 20тина дена одвоено одма од неа за да не фати најверојатно од неа. Незнам дали е активна да каже дали и бебе фатило..
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. .tamara.

    .tamara. Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Да го споделам и моето искуство, можеби ќе помогне некому да не лута од доктор на доктор како мене. Во 35 недела имав контакт со дете со Варичела ден пред да и излезе осип. Јас немам прележано Варичела, и добро што тука прочитав дека прво што треба да се направи е да се испитаат IgG антитела за Варичела затоа што сите доктори прво тоа ми побараа. Во случајов е многу важно да се реагира на време. Фатија празници, неработни денови па морав да се консултирам највеќе по телефон. Кога ќе заврши инкубацијата ќе бидам 38 недела кога се можни компликации, да пројавам симптоми деновите пред и после пораѓај, кога е најризично и за мајката и за бебето. А до тогаш не можам да знам дали сум се заразила или не.

    Се консултирав со многу доктори, од гинеколози, инфектолози, епидемиолози, педијатри од тука па дури и од странство и она што можам да го заклучам е дека гинеколозите и не се многу упатени (можеби затоа што е редок случај во пракса) затоа што никој од нив не ме советуваше веднаш да одам на инфективно или да примам терапија. На Гинекологија дури и не најдоа потреба да се симне дежурен доктор гинеколог и да ме советува или прегледа, туку специјализантот или кој и да беше по телефонска консултација со докторот ме испрати со итниот упат дома без преглед и извештај. Не знам како е можно, но добив многу различни и спротивни информации, од тоа дека не е ништо страшно и не треба ништо да се презема пред да се појават симптоми, до такви дека може да биде многу сериозно и треба да се прима терапија превентивно. И среќа што ги прочитав вашите искуства овде, особено на @Љута Чушка која се нашла во ситауција да се осипе после пораѓај и самоиницијативно продолжив да се распрашувам подетално, затоа што ќе останев без никаква терапија што може и целосно да ја спречи болеста, а во најлош случај барем да се ублажат симптомите.

    На крај излезе дека непрележани трудници во случај на експозиција со Варичела (во зависност од периодот на бременоста, при крај на бременост сигурно, не сум сигурна но мислам дека може дури и во прв триместар за да се спречи развивање на болеста кога исто така е многу опасно за плодот) треба да примат терапија ПРЕД да се појават симптоми, во периодот на инкубација, кога и терапијата има поголем ефект. И многу сум и благодарна на докторката од инфективно која во неработен ден веднаш ме прими и ми препиша терапија иако сите ме советуваа да седам дома и да си чекам да пројавам симптоми. Да се чека на симптоми и тешки последици кои може да се спречат во вакви ризични ситуации за мене нема логика, особено кога се работи за бебе. Препорачаните лекови не се воопшто штетни и немаат контраиндикации во бременост, а може многу да помогнат. Прво разбрав дека се давале специфични зостер имуно глобулини, односно антитела за варичела кои ќе се изборат со вирусот. Треба да се примат што поскоро од контактот, најдобро првите 3-4 дена, максимум до 10 дена од контакт, но проблемот е што кај нас ги нема (или не ги даваат на секој, не знам веќе што да помислам) затоа што се доста скапи, ни на клиника ниту приватно и треба секој како знае да си ги набавува од странство, а времето во кое треба да се примат е многу кратко. Истите се даваат и на новороденче во случај мајката да развие симптоми на Варичела 5 дена пред и 2 дена после пораѓај. Не знам дали барем за бебиња го имаат обезбедено во нашава државичка или како и за се друго се оставени на случајност и среќа. Јас не успеав да го најдам на време, се работи за болнички лек и не се продава во аптеки ни во странство, но има и друга терапија која ми ја препиша инфектологот, која се дава паралелно и се прима од 7-14 ден по контакт. Се работи за обичен Ацикловир кој го има во секоја аптека и е исто така доста ефективен може дури и да ја спречи болеста, а добив и информација дека според новата доктрина од 2024 кај трудници доволна е терапија првенствено со ацикловир.

    Сега ми останува само да чекам да помине инкубацијата, но барем знам дека сум преземала се што е можно. Се надевам нема да развијам симптоми и се ќе биде во ред со бебето. Се надевам и дека ќе му се најдат овие информации на некого, некогаш лекот е пет пари ама треба сам да го најдеш.
     
    На Калатеа, st-el, Lady Maria и 6 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Јас го пиев Ацикловирот затоа што бев страшно многу осипана и дигнав и температура (28ма нед од бременоста). Го почнав тогаш 3тиот ден од осипање за да спречиме уште осипање (немаше кај немам точка, дури на очи имав, на табани, секаде баш, а и многу воспалени ми беа точките, ми гореше телото мислам...). Бебе никаква компликација, женска од 7 год е веќе :)
     
    На .tamara. и Lady Maria им се допаѓа ова.