Сипаници во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 16 јануари 2017.

  1. .tamara.

    .tamara. Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Знам, сите ве прочитав :D Мило ми е што немало последици за детето тоа е најбитно. Среќа во несреќа па сте ги закачиле во период од бременост кога ризикот е помал за плодот, но сепак има ризици и жал ми е што си поминала тешка форма, сигурно не е воопшто пријатно за трудница да претрпи такви симптоми во бременост. Ме чуди зошто не ти дале ацикловир пред да пројавиш симптоми, трет ден од осип вирусот е веќе во голема прогресија и ете што се случило… да не зборам за ризици од развивање пневмонија кај трудни… Можеби затоа што во 28 недела нема ризик по бебе, а вака добило од тебе антитела, но сепак мислам дека кога веќе има лек подобро е да се спречи него да се лечи…еве има членки што се заразиле до 12-та недела па ги советуваат на абортус и во некои случаи треба да се реагира со време и посериозно пред да биде доцна, не е само оди дома и чекај симптоми, може не си се заразила… :^) Не знам што прават кај нас ама секаде препораките на здравствените организации се кај непрележани трудници да се даде терапија после контакт, пред симптоми.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.635
    Допаѓања:
    76.869
    Пол:
    Женски
    Да знаевме дека сум имала контакт ќе ми дале, ама ја избив неочекувано на одмор во Грција. Контакт немав близок, некој во маркет најверојатно се прошетал заразен. Никој близок тој период немаше сипаници... Првото детенце 2г беше, он изби после 2 недели од мене, од мене ги фати... Поима немаме како сум се заразила. Тој период во маркет, Веро Џамбо имав шетано и толку... Првиот ден не бев свесна што е, неколку точки доле на интима и една на града. Сабајлето отидовме (таму во Грција), во амбуланта и чекајќи во чекална се фатив на глава и си допрев точки.. и тогаш ме удри шлог и сфатив дека се сипаници. Ми потврдија и таму... Беа зачудени дека они вакцина имале, па немале случаи со сипаници Варичела. Докторот прв пат во животот како да гледаше во живо :D И веќе Скопје кога се вративме, јас избив страшно многу и отидовме и на Инфективна каде ми го дадоа Ацикловирот...

    Антитела не добила. Фати сипаници на 5г :D
     
    На .tamara. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. .tamara.

    .tamara. Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Значи нема правило, некои со многу блиски контакти не префаќаат, а еве можело и од продавница да фатиш без да знаеш…

    Јас преку роднини се консултирав со педијатар од Грција и он исто се чудеше зошто не сум вакцинирана. Ама и покрај тоа што се вакцинирани ете кај нив ги има тие имуно глобулини за не дај боже, но само за нивни државјани. Затоа може не виделе сипаници :smirk: Тој по некоја случајност имал специјализирано за Варичела и рече дека во својата кариера немал потреба на никого да ги даде, но дека во мојот случај треба да се дадат, покрај ацикловирот, и тогаш опасноста е минимална. Но што е тоа е.

    Јас жива ќе се изедам како не сум знаела до сега дека и кај нас има вакцина, не сум се распрашала никогаш. Сега ќе си ги јадам стресовите две недели, место да се спремам за пораѓај ама тоа е…
     
    Последна измена: 7 јануари 2025
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    5.111
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Дали некоја мајка знае дали е можно мајката да има прележано сипаници, да фати или не (не ја знам точната ситуација) она што како случај ми е спимнат дека се случил е дека плодот ги фатил сипаниците, или постоел некој голем ризик, и во 5ти месец од бременоста жената го изгубила плодот. Може ли некој да појасни во кои случаеви сипаницата е опасна за плодот ете да мора да се дојде до најлошо сценарио.
    И за да испитам антитела кој ден е најсоодветно? Односно после колку дена од осипот на малиот. Он прв пат почна да се исипува во петокот, денес му е 5ти ден.
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Ако имаш прележано нема ризик.
     
  6. .tamara.

    .tamara. Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Опасни се само за непрележани трудници, најопасно е ако се фатат до 20 недела и пред пораѓај.

    Ако не сте сигурни дали сте прележале се испитуваат IgG антитела за да се утврди дали имаш прележано порано, може да се испитаат било кога.

    Додека IgM антитела се испитуваат за да се утврди неодамнешна или моментална инфекција и колку што знам може да покажат позитивен резултат дури неколку дена по појава на осип кај лицето кое испитува.

    Ако мајката има прележано и има позитивен IgG резултат, во бременост бебето не може да се зарази.
     
    На Lady*Bug и Ladyme им се допаѓа ова.
  7. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    5.111
    Пол:
    Женски
    Мајка ми тврди 100% ги имам поминато.
    На малиот денес му е 7ми ден од симптоми и исфрленост, сигурно и пред симптоми да појави бил заразен.
    Ваш совет ако сакам нешто да испитам што и кој ден?
     
  8. .tamara.

    .tamara. Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Штом е 100% сигурна дека сте прележале, нема никаква опасност имате имунитет и ти и бебето што го носиш. Која недела си?
     
  9. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    5.111
    Пол:
    Женски
    24+5
    Фала ти
     
  10. S.kiki

    S.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Кај син ми во класот има појава на сипаници Варичела. Тој не е прележан така да голема е веројатноста да се зарази. Но, јас сум во 9 недела од бременоста и како дете сум ги прележала. Дали сега постои ризик за плодот ? Би ве замолила за совети
     
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Нема ризик штом имаш прележано.
     
    На S.kiki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bluemoon1111

    Bluemoon1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ме интересира дали некоја има искуство во врска со сипаници во бременост
    Другарка само што ми пиша дека на синчето му избиле сипаници синоќа с ние пред тој ден бевме заедно
    Ја сум 26+4 моментално.. вакцинирана но немам прележано воопшто до сега
    Матичниот го контактирав но бидејќи е викенд не добив никаква информација
    На интернет се иначитав се, и под голем стрес сум моментално колку ли е ризично во оваа половина од бременоста па и воопшто ..
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.354
    Допаѓања:
    179.427
    Вакцинирана си за варичела?
    Оти кај нас нема вакцини за варичела има за морбили.
    По бебето нема ризик а ти ако фатиш ке ги поминеш
    Провери си антитела утре
     
    На Bluemoon1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bluemoon1111

    Bluemoon1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Не, само за морбили што сме ги примале ко мали имам 27г и до сега немам прележано ни морбили ни варичела
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.354
    Допаѓања:
    179.427
    Е па значи не си вакцинирана не си прележана и може за едно 14 дена ке видиш дали ке се изсипеш
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.635
    Допаѓања:
    76.869
    Пол:
    Женски
    Вакцина за Варичела кај нас нема, има во околниве држави... ама кај нас не. Јас прележав во 28-29 недела. Избив во Грција на одмор 2ри ден и во Амбуланта се чудеше докторот, дека кај нив скоро и искоренети се и тие сипаници дека имаат вакцина... :)
    Доколку не си прележала, многу е голема веројатноста да фатиш. Јас тогаш и на сестра ми и пренесов... и она возрасна. Како деца двете немавме прележано...

    Инаку опасност е до 12та нед и на крај пред пораѓај да се фатат. Во оваа недела нема да има никакви последици на плодот. Јас имам здраво живо девојче кое сега има 7год. Бев страшно осипана од глава до пети, ден два и температура... Не поминав лесно, пиев и Ацикловир, ама на Инфективна и гинеколози рекоа дека е безбедно бебето.. Не лежев во болница, само бев на контрола и прегледи на Инфективна и кај матичен..
     
    На Bluemoon1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bluemoon1111

    Bluemoon1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот, сепак многу значи кога ќе слушнеш и искуство од некој што веќе го поминал не мора да значи дека ќе е исто ама нели пак…
    Мило ми е што завршило се во ред на крајот кај тебе :l:
    Јас досега немам прележано и на интернет прочитав буквално свашта доволно да се створи паника ..
     
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.066
    Допаѓања:
    117.782
    Пол:
    Женски
    Ќе фатиш и ти. Биди спремна на тоa, варичелата е екстремно заразна особено 2-3 дена пред симптомите. Нема со плодот да има ништо.
     
    На Bluemoon1111 и mariz им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.635
    Допаѓања:
    76.869
    Пол:
    Женски
    Да не си читала за морбили...
    Не читај веќе, ќе си прашаш гинеколог... Мене дури и во Грција одма ми кажаа дека не е страшно. Бебе има се развиено во таа недела, безбедно си е. Опасно е до 12та, кога се се развива... и опасно е на крај да не се породиш и да пренесеш на толку мало бебче... Дај боже и да не си фатила, но ако си фатила.. само лесно нека поминат :l: Инаку мораш да чекаш... Да не се излажеш да одиш сега да испитуваш антитела. Дека една трудница тука така во контакт беше, испита одма дали фатила (демек не и кажаа резултатите), а на крај изби сипаници... Така да само мора да си чекаш сега 14 дена..
     
    На Bluemoon1111 и fana им се допаѓа ова.
  20. Bluemoon1111

    Bluemoon1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Секако ми преостанува да чекам и да се надевам до последно дека можеби и нема да фатам.. а што не верувам со оглед дека немам прележано па не верувам дека ќе ме прескокне.. мене ми беше највеќе за плодот колку е ризично, што како.. ептен си створив паника бидејќи сета бременост ми е во стрес, мајка ми почина и како тоа да не беше доволно па сега и ова..
    ама што е тоа е …
    Во секој случај ви благодарам на сите за одговорите :*
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.