Сипаници во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 16 јануари 2017.

  1. Кронди

    Кронди Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    170
    И кај моето дете имаше во градинка додека бев пред пораѓај но не се зарази а сите скоро дечиња прележаа.Така да немора да значи дека сте префатиле..Ќе видиш,но ништо страшно не би требало да биде.
     
    На Bluemoon1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bluemoon1111

    Bluemoon1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Јас и да не фатам, син ми е 20м он беше повеќе во контакт си играа, па автоматски и од него можам после тоа да фатам а сигурно би било со оглед на тоа дека немам прележано. Знаев дека ќе дојде до овој момент ама па не мораше баш сега.. ама тоа е
    Така да ништо не преостанува освен да се чека и дс се биде во неизвесност:wasntme:
     
    На Кронди му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Кронди

    Кронди Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    170
    Не се секирај,ќе биде се добро ..
     
    На Bluemoon1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ангелМ

    ангелМ Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    А зошто е опасно пред пораѓај.
    Јас денес бев да купувам нешто за големиот син. Во продавницата имаше детенце што беше на метро-два од мене и како стана на едниот образ имаше ко раничка со бела пудра намачкано. Не приметив на друго место да е намачкано.
    Ама премн се исплашив да не има сипаници.
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.835
    Допаѓања:
    77.228
    Пол:
    Женски
    Да не му било каснато од нешто друго... А може и веќе поминати му биле, тие заразни се првите денови...

    Инаку опасно е на крајот дека може да се пренесе на новороденчето... тоа мало, кревко, нежно.. Доколку избијат пример 37,38, а се истера до 40та бременоста, не би било страшно. Страшно е ако меѓувреме се породиш, а си заразна..
     
  6. ангелМ

    ангелМ Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Син ми е убеден дека било големо како квадрат, не како кругче. Во целава ситуација тој ме теши мене :)
    Јас сум 37ма недела и мислам дека последниов месец со се сум оптеретена и од се исплашена. Имам правено и torch тест. На се покажа антитела
     
  7. TweetyBird

    TweetyBird Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Дали доколку мајката има прележано варичела, има ризик за неа и плодот доколку е во контакт со варичела? Дали има ризик за реинфекција?

    А како оди за морбили? Дали и после вакцинација се случува да заболи некој?

    Во зградата се симнуваме со моите и комшиите ги начекуваме, и се поздравуваме со збор, и како им велам како сте, и мајката вели па еве со сипаници сме..буквално се здрвив...незнам за каква сипаница станува збор, само пребегавме..
    Што мислите, какви се ризиците без директен контакт за пренос?
    Тоа беше случајност на начекување, беа со книшка во рака, но сведок сум на неодговорни родители кои ги шетаат децата секаде, па и ворасни..


    Каде се прави torch тест? Која е цената? За кои се вируси се прави? Благодарам.
     
  8. ангелМ

    ангелМ Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Јас правев во Авицена, 4000ден.
    Се испитуваат антитела за токсоплазма, цитомегалоцирус, херпес и рубеола.

    Се консултирав и со мојот општ матичен доктор, таа ви вика нема опасност, варичелата не е опасна во бременост.

    Исто се консултирав и со гинекологот, кој ми посочи да не се грижам, зш во мојот случај дури и да биле сипаници неможе така да се пренесат. Мора контакт кожа на кожа или секрет од заболен.
     
    На TweetyBird му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    225
    Јас незнам како може да шетаат со децата со сипаници по родендени ги носат на игралишта нели малку е неетички нели се без осет, сеа да секое дете ќе фати кога тогаш ама па има трудници треба малку осет да се има
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    1.259
    Пол:
    Женски
    Ги шетаат не можеле да седат дома, досадно им било… (facepalm)
    Колку стресни ситуации имав додека бев бремена од вакви неодговорни родители.
     
    На minni_z му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    225
    Исто и јас замисли на роденден не викаат и се лутат дека не доаѓаме ајде тоа помина одиме на роденден после месец дена кај друго дете таму гледам две деца со сипаници стрес невиден срамота се почести се такви неодговорни родители
     
    На minni_z и Elliana им се допаѓа ова.