Па и луѓево без осет. Знам дека не ти мислеле лошо, ама некогаш треба 2 пати да се размисли пред нешто да се направи. Сепак, чим има некој заразен во фамилија логично и друг може да има.
Дечки, се чуствувам должна да напишам коментар и овде. Моите гости беа најавени за денес, тетката + неболното братче. Конечно успеав да ги добијам да им кажам да не идат, и ми потврдија дека нема да дојдат. Имаат причина Плус. И Не болното братче ги покажал првите симптоми на сипаница. Заклучок: Период на инкубација 2 до 3 недели секако.
На крај добро се излезе. И немој да се устручаваш да си кажеш дека во некој момент не можеш некого да примиш, ти си поважна од другите. По толку борба и мака не ти требаат дополнителни грижи.
Дефинитивно @kukla21, мноооогу си во право. Веке од старт на сите ќе ги вракам. Подобро да си лежам и да гледам во една точка страдејќи од досада, отколку преплавена во тешки мисли.
Женски, сакам да ве прашам, пред некој ден бев во контакт со детенце кое после два три дена фати сипаници варичела, јас сум бремена 26 недела и имам прележано варичела на 9 години, дали има некаков ризик за бебето и за мене доколку имам прележано варичела, поззз
Јас прележав сега во бременоста, во 29та нед, 39+ сум бебето супер си напредуваше и нема никави проблеми. Го имам сеуште стравот додека не се роди и да знам дека нема 100% последици. Викаат лошо е да се фатат на почеток до 12та и на крајот. Но ти ги имаш и прележано, па немаш гајле
@mariz Ti blagodaram, bas sabajle i go prasav ginekologot i mi kaza deka sum imuna i jas i bebeto bidejki gi imam prelezano. Se nadevam se ke bide vo red so tvoeto bebence, i nema da ima nikakva posledica od sipanicata, sekoja idna majka saka na svet da donese zdravo i zivo bebence.
8ма недела сум. Сега детето на една комшивка го гледам измачкано со пудра целото, и велам што и е? Вели бевме на лекар ни докторката не знае дали е сипаница или алергија, го погледнав детето, не ми изгледаше како сипаница. Не го допрев воопшто само ја погледнав. Јас имам прележано сипаница, но сега страв ме фати вака... Дали доколку не сум била во допир со детето може да се случи нешто?
Без гајле. Ко ќе избијат сипаниците не се страшни. Страшно е да си била во контакт дур не избијат т.е. дур трае период на инкубација.
Ти благодарам Annath! Се изначитав по интернет дека може нешто да му се случи на плодот, па отидов и до рубеола (ги имам примено вакцините инаку), се извезумив од секакви информации, а детето беше до мене 10 секунди, пак ќе кажам без допир...
Значи на моите нервози им нема крај. Пред неколку дена внука ми ми беше на поседок и сега сестра ми се јавува дека и избиле сипаници. Биле на др и рекле дека се варичела. Сестрами вика дека 1 ги имала прележано порано, ама на др рекле дека во ретки случаи може да излезат пак. Јас ги имам прележано, ама од ум се извадив што ако ме поноват. Аман вејќе. И за морбиливе, јас сум вакцинирана, но гледам пак има епидемија и ми е страв да не фатам пак.
Немаш потреби за грижи, јас на почеток на бременост исто така се извадив од памет зошто внука ми извади сипаници а со мене беше претходниот период нон стоп. Ги имам како дете прележано но сепак паника дигнаа и домашните. Се консултирав со неколку лекари ми рекоа никаква опасност нема за бебето, мојот организам има антитела на тој вирус доживотно
Јас се загрижив затоа што внука ми ја повторуваат по 2 пат. И демек др и рекла ретко е, ама може да повторат. Ама јас мислам дека првиот пат и било некоја алергија зошто имала многу малку и и поминале за 4-5 дена. Јас знам скоро 2 недели ги имав.
Ne se sekiraj ako ednas imas prelezano ne e varicelata strasna. Vo toj slucaj jas vo gradinka so 150 deca vo kontakt sto se moze da se sluci. Treba od prv den doma uzivaj vo bremenosta i samo pozitivno
Дали е ова алергија сабајле ми се појавија? Од комарци сум искасана по нозеве ама не се вакви мозолките.
Да не е сипаница тие се слични, на алергија не ми изгледа ама тркни да те ѕирнат сепак си бременка не оставај на случајност.Секое добро
Мислам дека имам кажано на темава,јас прележав сипаници во 33 недела бременост. Ни мене ни на бебето ни беше нешто.Секако страв,паника,многу тежина,но помина. А како се сигурни дека е варичела кај внуката? Прв пат слушам дека по втор пат излагале. Се испитува преку крв,појдете на доктор ќе ви кажат каде и како.
Само тука ми се појавија, а сипаници имам прележано и мали и големи, можно е пак? Нема дерматолог во моето гратче во итна да одам