Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаници во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 16 јануари 2017.

  1. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Па така и рекла матичната. Макар што првиот пат многу малку се исфрлала и и поминале за 3 4 дена. Ама дека имала и температура и рекле дека е сипаници. Овој пат е убаво исфрлана и висока температура. На лик исто сипаници, убаво ги памтам на 11 г ги лежев. Ќе одам понеделник секако на лекар.
     
  2. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Дотогаш пиј витамини, овошје,течности за секој случај.Но,сепак мислам дека не би требало пак и тебе да те фатат.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.979
    Пол:
    Женски
    @lackygirl мене ова не ми личи на сипаница
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2018
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    @lackygirl Не верувам да се сипаници, тие прво се јавуваат на темето во косата и се шират на секаде. Сигурно е алергија или полазено. Плус ќе имаше и температура.

    Таа ја имаше скршено раката пред 1 м. Сега читав на нет дека може да ги понови лица со слаб имунитет. А таа баш пред 2 /3 недели ги има закачено. Плус првиот пат ги поминала како низ шега. Нз стравот е голем. Да имав поминаго барем 20 недела. После тоа не биле мн опасни. Макар читам варичелата во ретки случаи кај 1 -2 % предизвикува компликации кај плодот.

    Вака само на едно место може и од болва да е. Јас бев вака пред еден месец ама на стомакот. Сепак да те види лекар.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2018
    На lackygirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Не се секирај,затоа ти велам јачај имунитет.Јас од син ми префатив,но немав прележано, но лесно поминавме благодарение на добаримунитет.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Немора да значи дека таму прво избиваат... Мене прво на гради ми избија, па на интима и после нареден ден одеднаш по цело тело. На синчето на на мешето и челото прво.. мислам на понежните места избиваат прво... + немавме температура кога избиваа. Само јас качив, но третиот ден кога бев веќе од глава по пети лом.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски

    Нема шанси да било сипаница првиот пат. Дури и во најлесната форма не поминуваат толку брзо. Син ми прилично лесно помина и не беше многу нафрлан, ама осипот му се исчисти целосно после две недели.
    Ова сега што го има е варичела. А штом имаш прележано, не се секирај. Ништо нема да ти биде ни тебе ни на бебето.
     
    На NarCis@ и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  8. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Добро утро...Да ја активирам темава,моментално сум во лека паника,ќеркичката која е 8 год.од вчера почна да омалаксува,губи апетит,а попладне качи малце температура..Се пожали на чешањњ,гледам засега има 4-5 брунчиња на стомак и грб...Пред 2 недели бевме во контакт со дете ден пред да избие сипаница :worried:..Мислев чим досега не фативме добро е,но сега ме фаќа страв...Јас сум бремена 30 недела,имам прележано како мала од таа ситната,а мм и ќеркичката не,иако како мала е вакцинирана од морбили..Планирам до после да одиме на доктор да ни потврди со сигурност...(facepalm)
     
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Не се плаши. Чим имаш примено вакцина имаш антитела. Би те повторила ако имунилошки не стоиш добро.

    Ако е малата вакцинирана од морбили исто така нема потреба да се плашиш.

    Е мажот ти треба да се плаши и да се вакцинира воедно против морбили ако нема.

    Не знам дали на почеток на бременост ве проверуваат на што имате антитела во мкд? Овде на прв преглед кога се констатира бременост се проверува на што имаш антитела за да те вакцинираат зошто во бременоста може да биде ризик.
     
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.414
    Допаѓања:
    38.375
    Пол:
    Женски

    Каква сипаница имаше детето што бевте во контакт? Можеби варичела е.
     
  11. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Јас немам прележано никакви сипаници.... Кога правев ТОРЧ докторката ме праша дали во скоро време сум прележала, и реков дека воопшто немам, ми вика значи дека преку вакцина си стекнала траен имунитет... Сепак избегнувам движење периодов меѓу луѓето, зашто не знам кое дете е во периодот на инкубација ...
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Имаш вакцина примено за морбили, така?
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Зимно време најчесто има налет на Варичела, за нив не сме вакцинирани така што пазете се од нив ако немате прележано, баш е непријатно трудница да ги фати.

    Зборував со доктор од инфективно. Варичелата има период на инкубација 14-20 дена НО заразна е 4 дена пред да избие осипот И УШТЕ 5-6 дена откако ќе избие. Значи отприлика 10 дена се заразни.
     
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    @mariz
     
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Сумљате во морбили или варичела? Ако се наполнат како со водичка тие нафрланите, варичела е. Јас прележав варичела трудна 28ма нед...
    Еве како изгледаа првите две кај синчето, после пораснаа и беа внатре со водичка.
     

    Прикачени фајлови:

    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Да да, за морбили зборувам, а за Варичела немаме вакцина, како и да е седам дома повеќе, без многу дружби... Уште малку, можеби со бебе ќе прележам заедно.... Иако мајка ми ме тераше да се дружиме со другарки/другари кои имаа сипаници.... Нити јас нити брат ми прележавме....
     
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Јас знаев дека ке си прележам со децата мои, но ни на крај памет дека трудна ке фатам. Прво јас фатив (поима немам од каде, во сред лето.. никој близок немаше сипаници, нит слушнав дека некој има) па му пренесов и на синчето 2г он беше. Среќа 28ма нед. Не било убаво на почеток пред 12та да се фати и на крај пред пораѓај.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Се вративме од лекар,да варичела е..Засега немаме јаки температури,има нафрлано само неколку такви со водичка на вратот(на сликата),зад уво 2-3 и на стомачето само неколку поситни..дали тек ќе избива ќе видиме,општа малаксаност,бледило,немање апетит..засега тоа е.Се надевам ќе поминеме со полесни симптоми без јаки температури..Девојчето на другарката која беше преносителот фактички,имала 3 дена висока температура и исфрлана буквално по цело тело..(исто варичела)Можно е имунитетот да игра улога,кај секој различно..Мене би требало да ме одмине,дека имам прележано,а мм е на мета:)
    Тнх на сите за советите,имајте си убав ден:inlove::f::sun:
     

    Прикачени фајлови:

    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Добро е чим морбили ти е примена. А варичела би требало лекар да ве советува пред забременување дека треба да се вакцинирате. Тоа е пракса секаде, зошто си носи свој ризик во бременоста.

    И моите внуци од мали ги мешавме со сите намерно за варичела и до ден денес ниту едното ниту другото доби. Големиот е веќе 18 год.

    Седи сега последниве недели понастрана зошто е сезона. Чувај се.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Кај нас мислам нема вакцина за варичела. Јас на одмор избив во Грција и кога бев до амбуланта тој се чудеше, кај нив и варичелата ретко ја има (скоро и да ја нема) дека имале редовна вакцина за истата и ме праша дали сум вакцинирана.

    Исто и јас и сестра ми се машавме како мали намерно да фатиме, ама и двете не фативме. Па намерно пак не дружеше да фати и она (23год), за да не ја снајде како мене трудна, па си фати и она.
     
    На Ladyyyy567* му/ѝ се допаѓа ова.