Да. Лесно се преносливи и до два часа во затворена просторија живее вирусот. Ова зборам за морбили. Инкубацијата е мак.14 дена, првите симптоми може да се јават и порано.
Контакт да си заедно со некој,да допирате исти предмети, и слично. Но колку што сум читала овој вирус се пренесува и преку воздух.
Зависи од организмот кога имаше сестра ми сипаници јас се сеќавам дека спиевме заедно за да ме фатат и мене ама не ме фатија јас ги прележав на 18 години
Овде бремена одделенска наставничка како да се заштитам од 20тина ученици,можни преносители на сипаници? Овие неколку дена бевме заедно 2 одделенија во училна, веќе почна грло да ме гребе( 3-4 се жалеа на грло)
Имам премногу страв од епидемијава на сипаници двете деца ми се вакцинирани и двете ми имаат прележано.Но нели едното иде во градинка другото во школо а јас еве што се вика крава 27 год уште немам прележано и се плашам да не фатам сега пред крај 34+2 сум. Избегнувам да се изложувам многу,повеќе сум дома затворена(може и затоа побудалувам).Ајде може и овој пат нема да фатам,но многу се плашам и за бебето после. @Sofi.ja воопшто не е срамота да носиш заштитна маска штом ти е таква работата.
Zdravo devojki, ve molam za iskustvo jas sum bremena 21+3dena fativ sipanici varicela, dali e stetno za plodot nesto dali imate nekoe iskustvo? Ubav den
Здраво, бев во контакт со дете со варичела, баш во моментот кога било најзаразно. Имам прележано како дете, а сум 12 недела. Дали имам некаков ризик?
Здраво, со маж ми сме во обид за второ дете, од вчера син ми ги исипа сипаница, според каживање на мајками како мала имам прележано сипаници, малку сум во паника што ако овој месец останам бремена дали постои некоја опасност, или опасноста е доколку се заразиш со сипаници , а доколку не се заразиш нема опасност, Ве молам за одговор
Според мајками имам прележано , прашањето ми беше , дали е опасно кога мајката би се заразила односи и се појават симптоми, и дали е исто опасно да се биде во контакт но да не развие симптоми на болеста?
Добро напиша членката. Ако немаш прележано опасно е. Ќерка ми фати кога јас бев 5 месец но за срека го имам прележано и поминав без никакви последици.
Дали може да се испита igM за морбили пред појава на симптоми? И колку би биле веродостојни? Конкретно, известени сме дека се појавиле кај девојче во градинка, па ми е страв да не ги префатила и малата. Вакцинирани сме двете, јас сум бремена 8-ми месец.