Сипаници кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 19 декември 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    Малите сипаници се акутно инфективно и многу заразно заболување од вирусно потекло кое се карактеризира со макулопапулозен осип (црвени меурчиња на кожата кои се полни со вода).

    Етиологија

    Предизвикувач на малите сипаници е вирус од групата на миксовируси со големина од околу 140 милимикрони. Вирусот е антиген кој создава антитела во организмот, кои што се користат за создавање на вакцина против истата.

    Епидемиологија


    Малите сипаници претставуваат космополитско заболување (го има во сите делови на земјината топка) во сите населени места, без разлика на тоа дали е град или село. Се јавува во најголем процент кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (меѓутоа тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Извор на инфекцијата е заболена личност кој го носи во себе и го пренесува, го шири заболувањето на други лица исклучиво по каплична инфекција (кашлање, кивање, секрет од нос, очи, уши, итн).

    Преносливоста е многу голема, дури и 100%, па почесто добива и епидемиски размери, меѓутоа со воведување на вакцината за морбили, епидемијата може да се повтори на 5-10 години.

    Клиничка слика

    Малите сипаници просечно траат од 15-20 дена чија што претходна инкубација (влегување на вирусот во организмот до појава на први симптоми) трае 10-12 дена.

    Стадиуми на болеста се:

    1. Инфективен стадиум со телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.

    2. Катарален стадиум. Детето не може да поднесе светло, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.

    3. Во третиот стадиум, во усната шуплина се појавуваат посебни белузлави наслаги кои се нарекуваат копликови флеки кои се задржуваат два до три дена. После појавувањето на флеките, по еден до два дена се јавува осип на кожата, температурата е висока, од 38 до 40 степени и карактеристично е што првиот осип (макули) се јавува навечер на косматиот дел од главата (косата). По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае три до шест дена и по тој период осипот почнува да бледнее и по три до седум дена истиот се губи. Децата кои што прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет кој што ги штити во текот на целиот живот (повторно не се заболува од мали сипаници).

    Клиничките форми на болеста можат да се јават како лесна и тешка клиничка слика.
    Во тешките форми на заболувањето може да се добие: бронхопневмонија, вирусна бронхопневмонија, бронхиолитис, ларингитис или бактериска пневмонија како дополнување на основната болест. Во потешки форми, можат да се јават и отитис (воспаление на увото), синузитис (воспаление на синусите) и енцефалитис (воспаление на мозочните обвивки).

    Дијагноза

    Дијагнозата се поставува по однос на клиничката слика, копликовите флеки, епидемиските податоци и евентуалните лабораториски испитувања.

    Прогноза

    Прогнозата на заболувањето во голем процент е добра и завршува со излекување.

    Лекување

    Најважно е болното дете во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови на амбиентална температура од 24 степени, да зема течности и чаеви и витаминска терапија. Ако температурата е многу висока, се даваат лекови за намалување на истата (антипиретици).

    Превенција

    Заштитата се спроведува со вакцина која се состои од мртви вируси од типот на Едмонсон која дава помалку процентуални вакцинални реакции, меѓутоа, постои и вакцина со живи вируси кои што нормално предизвикуваат реакција на антиген антитело и дава доживотна заштита.

    Заклучок

    Малите сипаници се болест која што неминовно во 99% од случаите завршува со добар исход и остава траен имунитет.

    Автор: За Здравје

    Да споделеме искуства со нашите бебиња во прележувањето сипаници.
    Јас во петокот имав контакт со дете заразено од сипаници. Колкави се шансите моето бебе да фати? Инаку детето кај кое што бевме, вчера се појавиле првите знаци на сипаници, ама сепак кога во петокот бевме таму, вирусот таа веќе го имала фатено.
     
  2. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Има шанси да сте се заразиле и тоа големи , затоа што уште пред да се појават првите знаци на вирусот носителот може да ја пренесе болеста , и е затразен се додека не се засушат сите пликчиња. Но и немора да сте ги префатиле , зависи од моменталниот имунитет кај вас ,во периодот кога сте биле во контакт со заразеното лице. Син ми ги прележа летово ,ги префативме на одмор од внуката од јатрвами .
    Сепак биди претпазлива и следи симптоми , може да почне да ти поткашлува , да му тече носето,симптомите се исти како кај настинка , па може и дури да ти крене температура ,обично околу 37 со 3,4. И не е препорачливо деца под 1 година да ги прележат сипаниците засто нестекнуваат доволно имунитет па подоцна може пак да ги префатат (така ми кажа матичната ).
    Поздрав ,се надевам дека не сте ги префатиле :* :)
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.542
    Незачи дека и твоето бебе ќе фати еве на пример кога братучед ми имаше сипаници тетка ми намерно двете деца ги ставаше заедно да спијат за и другото да фати, ама тоа не фати :) Инаку вируот се шири и е најјак уште пред да се појават брумчињата по телото. Многу е тешко со мало бебе со сипаници мајка ми мака мачела со мене со сестра ми во исто време сме сипаници а јас сум била само 9 месеци.
     
  4. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    100
    Керка ми имаше сипаници кога син ми бесе бебе од само 20 дена,штом забелезав ја изолирав од бебето(ја однесов кај свекрва ми)и мислев дека на малото нема да му е нисто но попусто после 15-16 дена му се појавија 2-3 пликцинја но остана само со толку ,ипројде без температура за разлика од сестра му.
     
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    157
    Не ми се верува да се сипаници, ама ај да прашам. И се појавија ситни црвени и розови точкички на рамнецата, на двете и на тилот (ама тие мислам се потпароци). Дали се работи за алергиска реакција (јадеше претходно прв пат кашичка со вишни) или потпароци (ама тие досега кога ги имаше се појавуваа и губеа, овие не се губат еве 3-4 дена) или пак се работи за спианици :worried: :sweat:
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Ако се сипаници до сега требало да биде цела нафрлана затоа што тие избиваат одеднаш .Може да е некоја блага форма на алергија и можеби најдобро е да појдете на педијатар. А чисто информативно колкаво е детето и кашичката купечка е или домашна?
     
  7. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    157
    8 месеци има, а кашичката купечка беше. многу малку изеде, дека прв пат вишни и дадов само 2-3 лажички. а и на кашичката мислам пишуваше за над 6 месеци. па и над 8 да пишувало, па спаѓа во таа категорија :)
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас на син ми дури после 1 година му давав вишни,цреши. Искрено мислам дека е многу мала земајќи во предвид дека ако до 6 месеци цицала овие два месеци би требала да пробува јаболко,морков и компир (ова е мое мислење од моето искуство). Би ти дала еден најдобронамерен совет, се што ќе внесуваш ново во исхраната ,внесувај го полека ,а тоа значи биди трпелива и цела недела давај по едно до две лажички.Така ќе имаш можност убаво да видиш како малата ја прифаќа новината ,а и ќе и дадеш време и нејзе и на нејзиниот организам да се адаптира.
     
  9. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    157
    Во право си, а и избрзав. Имам книга за исхраната кај бебињата и ме зачуди во неа кога видов колку рано пишува дека се почнува со вишни, малини, капини, јагоди...А инаку во принцип се ново и давам по 2-3 лажички и чекам 2-3 дена да не има реакција.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    Колку дена трае инкубацијата на вирусот? Знае некоја ? :?:
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    2 недели (а во контакт со заразено лице ако не избијат за 3 дена тогаш не си заразен)
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    За овчи односно крупни сипаници може и до 3 недели (се зависи од тоа во која фаза од болеста бил условно речено болниот ,а и од тоа во каква здравствена состојба е здравиот ).
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    Син ми на 16ти месецов имаше контакт со заразено лице ( но тогаш заразеното лице немаше сеуште исфрлано, исфрли по два дена од крупната сипаница). Еве 12ти ден, сеуште нема кај него ништо. Има место за паника сеуште?
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Не. Незнам колку месеци ти е бебушот али ако не се лажам некаде на 4-5-6 месеци ги вакцинираат бебињата од сипаници и затоа многууу ретко бебиња фаќаат сипаници (иако не мора да значи, можеби вакцината кај некого не реагира или слаб имунитет...)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.971
    Допаѓања:
    134.709
    Пол:
    Женски
    Вакцина за сипаници даваат подоцна, после година, пред тоа не. И тоа за морбили, друго не.
    Ама јас исто мислам дека нема место за паника повеќе. И да фати, полесно ќе помине од поголемо дете ;)
     
  16. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    10
    мислам дека вакцината и не мора да знаци дека нема да фати сипаница,керка ми фати на 14 месеци и помина лесно траесе 2 недели,првите денови се нафрла на три пати и после веке не искацаат треба да се сусат,се мацкавме со бела пудра и нисто друго,аако некој биде во близина на дете сто има сипаница мозе да фати после 2 недели а и не мора да знаци дека ке фати.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
    Јас па имам слушнато дека кога веќе ќе станат видливи, другите не можат да се заразат.... :?:
    Е и уште една дубиоза имам, некој ако сака да ми ја разјасни: што со оние кои како мали не прележале сипаници? Дали е точно дека потешко се прележуваат доколку „фатат“ како повозрасни?
     
  18. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    10
    да тоцно е јас фатив сега на 23 години сипаница бас во октомври фатив ама се мацкав поцесто со тецна пудра и поцнаа да се сусат ама имав многу големи бубулици за разлика од керками која има 18 месеци теско поминуваат и не треба да се лупат да не останат белези
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    97
    здраво девојки :hai:
    како поминувате овој период,слушам имало вирус на сипаници :tmi:
    моето дете има три и пол годинки и нема прележано сипаници :x
    ме фаќа страв :worried:
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од страв затоа што не е ништо страшно. Добро е децата да ги прележат сипаниците додека се мали ,затоа што многу полесно ги изджуваат,за разлика од возрасен . Па не за џабе се викаат детски болести. Мојот син кога имаше сипаници јас го миев со многу благ раствор на хиперманган и потоа го мачкав со пудра и за една недела се му помина,ама затоа кога мм фати сипаници цела една недела беше со температура не помала од 38,5 ,и му требаа добри 3 недели за да здраво застане на нозе.