Убаво ти пишала Мариз. Бебе ти е заштитено преку самото мајчино млеко си ги прима антителата. Немај гајле и не се плаши све ќе биде во ред. Слободно на фб еве ти два профила од лактациски консултанти. Њуман е најпознат во цел свет и no.1 за доењето и мајчиното млеко. Разлистај имаат често пишувано за новороденчињата и бебињата колку се заштитени со доењето. https://www.facebook.com/dojenje/ https://www.facebook.com/DrJackNewman/ Еве ти разлистај. Дој си го бебе активно кога сака и колку сака и не мисли на лоши сценарија. Мајчиното млеко е чудотворно верувај. Не постои нит ќе постои негова замена. Дур си го доиш бебе ќе си е заштитено и од вируси, настинки и све. Па и да фати настинка или вирус, ќе ја помине многу лесно па и незабележително. Ти кажувам од искуство 21мес доев и дете да чукнам во дрво и во контакт со виросано, настинато дете/возрасен да било во контакт или не префатил или ко од шала му поминало. Верувам си од памет извадена со толку мало бебе, ама немој опуштисе и мисли позитивно. Верувам сестра ти се осеќа многу полошо од тебе и виновно, а и жива ќе се изеде од мисла да не бебе фати сипаници. Да и се јавиш и да и дадеш до знаење дека све ќе биде во ред и да не се секира ни она.
Нема врска дали е доено или недоено. Може и доено да фати, а и недоено да не фати и обратно. Бебето нејзино за жал може да фати зашто било во контакт со заразено дете. Ризик постои. Само останува да чека.
@Black girl има врска поради антителата што ги добива новороденчето преку мајчиното млеко, особено на почеток.
Знам дека има врска, ама не мора да значи. На прва братучетка детето на два месеци фати варичела со спуштање на гради, а на доење, многу тешко помина. Затоа велам дека не е гаранција. На членката дај боже детето да не фати.
Мила сосема си во грешка. Мајчиното млеко е приспособливо на самите потреби на бебе. Во самиот момент на плунката на бебе кога ја допира брадавичката се добива “инфо” ( стручниот термин не паметам како беше ) и организмот преку мајчинито млеко ги лачи потребните антитела и материи. Не го измислив јас ова! За мајчиното млеко има толку многу истражувања и научни поткрепени старии во која од секоја од нив си стои дека секое доенче е заштитено со мајчиното млеко. Мајчиното млеко е жива материја и се приспособува према потребите и така се лачи. Значи може да е потечно, по мрсно, бело, крем па и жолта боја зависно од потребата на бебе. Ниедно АД никад не било нит ќе биде приближно до мајчиното. Ад млекото е направено врз основа на кравјо, а има и од козјо млеко во кое се додадени витамини. Доенчињата се 99% заштитени преку мајчиното млеко од секое надворешно влијание ( вируси, настинки итн ). Тука не го ставам фактот на генетиката, ако генетски е подложно на болести нема заштита, но ќе ја намали целокупната слика и ќе помине полесно. Еве да не се убедуваме беспотребно. Само оние кој дојат и доеле се добро запознаени со бенефитот од м.млеко. Мајчиното млеко е чудотворно - така го викаат ( не го кажувам јас тоа ) сите лактациски консултанти. Еве ти што све содржи мајчино млеко, а што АД : http://superbeba.com/2016/06/27/sastav-majcinog-mleka/ Дур бев трудна 9мес за мајчино млеко читав. Бев на јака терапија која на своја иницијатива ја прекинав во 34та недела само за да дојам. Бебе се роди во критична состојба и ко луда се одмолзував, стресови еден тон, правев све за да одржам лактација и да имам млеко. Бебе прв пат во раце го земав 7ми ден и прв пат мајчино млеко проба. Знаејќи кој е бенифитот од мајчино млеко направив све од невозможното да стане возможно и да го дојам. Затоа и тврдам дека секое доенче е заштитено преку мајчиното млеко. Нејќам погрешно да ме сфатиш сепак се знаеме. Верувам дека ми ја сфати поентата. И да не и правиме дополнителни стресови на и така избезуменава мајка со 10дена старо бебе. Поздравче до тебе и до твојата лепотица.
Останува да чекате да видите. Викаат дека до 6 месеци највеќе се заштитени бебињата преку мајчиното млеко. Но еве мојата имаше полни 7 месеци кога големата фати од градинка, и не се зарази. Инаку од доктор инфектолог кажано ми е дека варичелата е заразна 5 - 6 дена пред да излезе осипот и уште 5-6 дена после тоа. Значи била заразна секако. Инкубација е до 20 дена, значи толку ќе чекате.
Како што кажала @mariz и ние бевме случај каде поголемата дада имаше варичела а бебка (12 месеци имаше тогаш) не се зарази. Беа по цел ден заедно, скоро бев сигурна дека и беба ќе има сипаница оти баш нема некој силен имнитет, ама беба не прифати сипаници, претпоставувам дека заради тоа што цицаше! Ама познавам и случај каде бебе што цица било заразено од сипаници, така да не може да бидес сигурна дека нема да се сипа!
@S.J.Parker nie imavme vakva slucka koga bese bebe 7 meseci . So devojce sto sledniot den izbi sipanici. 21 den bev vo paranoja. Ne cicase i e predvreme roden i mi bese premnogu strav. No sepak ne fati ,iako imaa mnogu blizok kontakt .
@S.J.Parker ќе се повторам со ада. Имаа близок контакт со дете кое следниот ден се исипа. Бебе имаше 2 месеци и не фати сипаници. Цицаше.
@Kitten, @sofi2107 и @S.J.Parker толку мало бебе е заштитено од антителата што бебето ги добиле преку плацентата од мајката. Тоа е директна заштита со имуноглобулините од мајката што циркулираат во нејзината крв и бебето во утробата ги добива. Нивната заштита во принцип трае до 6 месеци,а потоа бебето почнува да си го гради својот имун систем. Ако мајката прележала варичела тогап бебето ќе биде заштитено од истата. Мајчиното млеко содржи многу мал процент на пасивна заштита која не е иста со антителата од плацентата. Може да помогне полесно да се преброди болеста и слично и ја зголемува заштитата за одреден процент, ама не многу во однос на антителата добиени од мајката. Правила секако нема и не се знае кое точно бебе ќе биде заштитено, а кое нема. Моето на скоро 6 месеци беше во контакт со дете кое по неколку дена доби сипаници и ова беше објаснување од педијатар. Ми рече шансите да фати му се 50/50 ако не цица и некаде околу 70/30 ако сеуште цица бидејќи веќе беше блиску до 6 месеци. Моето не доби сипаници тогаш.
Заштитено е ако има прележано мајката. Ако нема, големи се шансите и бебето и мајката да фатат. Избегавајте контакт со дечиња кои се мешаат со многу деца.
Да се апдејтувам, помина критичниот период и бебка која имаше 8 дена на денот на контактот не ми фати сипаници. Фала ви на сите за одговорите, и за споделените искуства
Здраво Гледам темава одамна не е активна.. Бебе 10 месеца пред недела ипол во контакт со дете на кое нареден ден му избија сипаници ( овчата ). Вчера приметив едно црвено брунче на стомак. Денес истото поцрвено, плус 2 на врат, едно на раче, едно на табан на ноџе и 2 во глава позади уво. На доктор викаат можно да е сипаница. Бебе цица уште. Некој искуство што да очекувам и како сте поминале??
Моево беше во контакт со дете пред 1 месец, баткото следниот ден развил сипаници. На доење е, баш тогаш почнав и со каши. Јас немам прележано морбили, ама сум вакцинирана. Бебе е 4ипол месеца и еве не ги фати. Со оглед на тоа што до сега немала никогаш температура или настинка, а многу ја мешам со луѓе, да се надеваме јак имунитет ќе има
Колку време од појавувањето на првото брунче дете смее да се врати во градинка, и второто прашање ми е дали воопшто треба или не треба да излегува надвор на свеж воздух откако ќе почнат да се сушат, после 10 тина дена отприлика? Фала ви на одговорите
Во градинка смее да се врати откако ќе се исушат брунчињата. Дете може да ја пренесе болеста над друг се додека брунчињата се полни со течност или тазе пукнати. Јас го чував дома додека не му паднаа крастичките. На свеж воздух смееш да го носиш во било кое време само да нема контакт со деца, значи само шетање.
Почекај нека ојача, зашто осетлив е имунитетот после сипаница. Нека помине цел месец, така ми беше и мене дадено совет. Ако нема температура и се осеќа добро, може слободно да излезете. Ќерка ми на 4ти ден од осипот ја пуштив со баба ѝ да прават Снешко
@Kitten @JoyJoy фала ви. За пријателка прашував, комшивка, она го затворила детето дома ни прозор не отвара. Внатре 30 степени имаат, претопло, ниту еднаш не го избањала во овие две недели, суви се брунчињата инаку (ми прати слика) и јас и реков да излезат, да го избања, да го прошета малиот 4 години е, одеше во градинка редовно и учено е да си излегува, нека го прави истото што и другите, веќе готово е. Детето повеќе може да зарази некој друг во неделата пред да се исипе со брунчиња отколку после кога се сушат. Ете велам за во градинка ќе прашаш матичен, нели треба и белешка да ти потпише за потполно здраво дете. Инаку слободно велам излези, одете надвор, ама веројатно она се плаши да не настине, а јас испаѓам понегрижжлива мајка. Такво чувство добив кога разговаравме, нејсе...
Леле, сирото дете. Нас ни препорачаа секој ден туширање, односно поливање со вода во која има растворено калиум хиперманган за да го олесни чувството на јадеж. Без користење шампони и хемикалии, и така десетина дена.