Еј девојки, брат ми фати сипаници. Има 7 години и денес му излегоа.. Е сега, да ве прашам- Кога се има сипаници не смее да се бања и да се топи со вода воопшто или?
Смее да се тушира ,но да не се кисне во водата долго време,се додека не престане да се исфрла и не се засушат пликчињата ,после може нормално да се бања.
Јас кога имав сипаници ми рекоа воопшто да не се бањам, никаков допир со вода. Две недели збеснав особено со косата маки си мачев. Две недели неизмиена На лицето уште првите два-три дена ставив вода и само малку ги поминав со влажни марамчиња и ден денеска имам мали лузни. Особено нека гледа да не ги откорне струпчињата кога ќе му се направат. Може лузни да му останат.
Смее да се бања.Моите две деца лани зимата фатија сипаници и си ги бањав најнормално.Е сега не ги триев,ама убаво ги миев.Поготово газето и таму доле.Подобро е да се бања,бидејки така се намалува можност од инфекција(сега имунитетот на организмот е намален,па посебно треба да се внимава). А сега е топло,слободно бањајте си го детето.
Охх... смее-несмее.. Ништо, сепак ке и кажам на мајка ми да оди да ја праша докторката, блиску ни е и онака
Ќерка ми зимава имаше сипаници и д-рката ми рече да не ја бањам една недела, а после 7 дена да ја избањам и потоа и да ја исплакнам со растворен во вода (мислам дека се викаше) калиум хиперманган. Само ја мачкав со бела течна пудра 3 пати на ден, а на интимните делови со бекутан заштитен детски крем со цинк оксид.
Јас мислам дека и треба да се бањаат, нормално не да си играат во када и да киснат пола саат ама чисто набрзинка туширање со не многу топла вода. Прво толку чешаат, па уште недела-две без туширање е ужасноо. Јас имав како мала и не ме бањаше мајка ми уште го памтам тоа лудило колку одвратно чувство беше, цел се осеќаш како да се лепиш и те чеша ти иде да се откорнеш. И лузните не настануваат од бањање туку ако ги откорнеш, јас имам една мн малечка над усната затоа што си ја откорнав со чешање..
А сипаници кај 2 месечно бебе? Пред 2 дена МОЖЕ сме дошле во контакт со дете со сипаници (вчера се исфлало, ама во понеделник ќе знаеме), сега се плашам ако е така, што ќе им правам на моиве деца? Ќерка ми има скоро 3 години, ај како така, ама бебево? Ми доаѓа да вриштам!
мислам дека немаш причина за нервоза пошто ако паметам инкубацијата на сипаниците трае 14 дена значи во тиа 14 дена ако дојде во контакт со заболен може да се разболиш и ти а откако ке се исипи веке е завршена работа а од една страна и нема врска јас сакав да се исипат моите и двете наеднаш додека се бар помали ама не одеа во градинка во епидемија со сипаници кога имаше и ништо не ги фати инаку ако приметиш брунчиња на препоните под мишки под вратчето повишена температура тогаш најверојатно е сипаници
Значи во рок од 2 недели ќе знам дал да скубам коси или не... Ама навистина сме баксузи, па детето изгледаше ОК, а потоа се исфрлало и качило температура и сега јас во исчекување следните 12-14 дена за да знам дали ќерка ми ќе префати, па и бебево од неа после...
Горда ич да не се секираш за бебето,тоа најлесно ќе ги помине.Кога син ми имаше ,во група со него имаше и девојче чие сестриче немаше ни 40 дена и од она што го кажуваше мајката подобро поминала со бебето отколку со поголемкото.Бебето ќе го намачкала со пудра и не се чешало ,ама затоа поголемото ем се чешало ,ем не сакало да го мачкаат.Јас со син ми исто си видов мака зошто цел беше исфрлан ,па дури и на стапалата и цела недела само лежеше и седеше,па изигравав глупи август само за да не му биде досадно.Инаку ако ти фатат децата ,прашај си го педијатарот за бањање со раствор од хиперманган,јас го користев последните два-три дена и одма му ги исуши(тогаш ми кажаа,да знаев порано сигурно полесно ќе поминевме)
Мојата деветмесечна ќеркичка тукушто ја прележа варичелата. Одеше во градинка се на се 2 недели, па ми дигна температура, па кашлаше, носето и течеше... и крвната слика покажа инфекција. Тамам помисливме дека се излечивме (траеше долго-2 недели) се иссипа на главчето и на газето. И другиот ден веќе со температура преку ноќта од 39-40 се иссипа целата... Душичка... Многу ми беше тешко да ја гледам кај што се измачува, посебно дека и јас сум слушнала дека децата под една година можно е да не створат имунитет и пак да префатат во одредена етапа од животот... Како и да е, нашето траеше се на се една недела. Но си ја бањав секој ден и тоа два пати денот, насабајле и навечер кратко, буквално само замивање со истечна вода малку и после со благ растовор од калиум перманганат (хиперманган). И после тоа мачкање со течна пудра со аналгезин, неверојатно помагаат овие две "финти". Навечер пред спиење ОБАВЕЗНО и давав сирупче ефералган за да не дига температура и против болки (брунките болат освен што чешаат). Првите два дена беше најтешко, нема спиење. После тоа брзо почнаа да се сушат. Под пелената најтешко поминуваат, и затоа обавезно после секое менување на пелената ја замивав само со чиста вода. Тоа со небањањето искрено ми е нелогично. Мене и специјалист од детско ми рече со хиперманган да ја мијам. Помага против чешање. И така... Сега останува да се провери она што го прочитав во Дневник за некоја бактерија стрептокока која напаѓала по градинките... доста опасно изгледа според описот... Немам кој да ми го чува бебево, морам да ја пуштам пак во градинка... А не знам психички дали ќе издржам пак да ми се разболи... Многу е тажно да си го гледаш бебенцето болничко...
еве да се *пофалам* и керка ми со 5,5 години денес се исипа односно почна да се фрла бруки ја земав од грсдинка и она веке на вратот позади ушите и низ целото тело имаше брукички со водичка внатре ни дадоја само бела течност да се мачкаме 2-3 пати дневно и да не испагаме 10 дена затоа што и во овие 10дена можело да зарази а јас пак мислев дека откако ке се исипе со брунки веке немже да заразува немаме температура дај боже и да нема знае некој дали секое дете качува температура или индивидуално е за секое дете тоа?
е супер белки и ние ке поминеме така јас многу се плашам од температура бидејки брат ми како мал од температура вискока 40 степени од сипаници му се искривија црнките на очите и доби страбизам
^^Голема е ќека ти не се плаши, и да качи температура ќе и` дадеш сируп, апче, чепче, не се секирај. Мене ме плашела температурата кога 'ќерка ми беше мала, сега веќе немам гајле, апчето, туш и како нова е.
знам дека сум досадна со ова со сипанициве али ај пак ке си прашам децата ги вакцинираат од мали или големи сипаници? керка ми има и големи брунчиња со вода внатре и ситни црвени е сега коа се мислев да бањем да не бањам и ја прашав докторката ми рече може па затоа ја полив така со вода и во неа ставив некое зрнце хиперманган и мачам со бела пудра 3-4 пати на ден сега ме премисли тетками која е медицинска сестра вика грешка шо си ја истуширала е ај сега немаме нови брунчиња и немаме температура само ја чешаат сега ке поставам едно прашање кое навидум изгледа глупаво али ја искрено незнам од кога ке избањам со хиперманган да плакнам со чиста вода или да си остане така?
Вака сега, да разграничиме со сипаниците. Има вариола, варичела и морбили. Вариолата (кравја сипаница) е искоренета. Варичела (овча сипаница) или она што најголем дел од децата го прележуваат во детството е типична детска болест од градинките, за неа нема вакцина. Морбили се мали сипаници, и за нив има вакцина која се прима на годинка - МРП вакцина, и ревакцина кога детето има околу 3 или 4 години. После не ми текнува дали има. Варичела Спојлер Осип кај морбили (ова е екстремна форма, ама сликава е само да ја видите разликата) Спојлер
Кога ке слушнам за сипаници ептен се плашам. Големиов има 5 години а ги нема прележано. А пострашно е што ги немам прележано ни јас. Како малечка сум била во контакт со деца кои имале сипаници ама не ме префатиа. Прашањево ми е дали е можно сега да ме фатат?
Може, секогаш постои можност, иако не мора да значи дека ќе се појават. Зборуваме за варичела - колку е повозрасен човек, толку потешко ги прележува, факт е. Кај мало бебе и дете полесно и побрзо поминуваат.