леле вчера бев кај сестрами на гости внукми има 8 месеци и не беше добар имаше температура кога станал сабајле цел се нафрлил и сестрами го носела на лекар и рекле дека има сипаници ама не се сигурни мислите ли дека и ќерками ке фати она има 11 месеци додуша и син ми немал сипаници има 5 годинки сипаниците се пренесуваат со крвно сродство или нема везе? кога ќе се појават плускавци црвени како изгореници позади ушите и грбот не по цело тело тоа сипаницилисе што вид на сипаници се тоа?ако има некој да ми каже???
Сипаниците се заразни за деца и возрасни кои не прележале сипаници. Тука нема крвно сродство. Ако малиот почнал да се исфрла, и ако е дефинитивно сипаници, постои можност и твоите деца да добијат сипаници, ама подоцна, бидејќи треба да помине одреден период на инкубација (10-14 дена). Но не мора да значи дека децата ќе добијат сипаници. Би ти рекла, немој да паничиш, децата полесно ги прележуваат сипаниците. Спојлер Инаку, вака изгледа
И кај нас беше исто, ни беа на гости 2 и пол часа, утредента сипаници добил и ќерка ми на 15-тиот ден по тоа доби сипаници, а бебево сеуште нема знаци... Во период од 10-18 дена ќе се појават (ако се појават) Што помали деца, тоа подобро велат
сепак фала ама денес дознав дека имал вирусна инфекција а не сипаници да знам дека помалите деца полесно поминуваат ама ете ме фати паника здравје и ако фатат дај боже сите деца лесно да поминат.поздрав...
И малиов доби сипаници, цел е исфрлан, докторката вели само мачкање, а друг ми вели да го мијам со раствор од хиперманган, ќе се исушеле побргу.. Имал некој вакво искуство?
горде јасмоите и двете ги тусирав со раствор од хиперманган ама на телото само не на лице и после плакни само со чиста вода без шампони и хемикалии ем имаш дезинфекција ем побргу ги суши земи си бела пудра со анестезин да неги чеша многу јас поминави со двете прво момата а на 15 ден и машкото ама готово позади нас е
Здраво, во недела бев во контакт со бебе, за кое родителите денес (петок) дознале дека има бебешки сипаници. Јас сум во 17тата недела од бременоста. Не знам дали ги имам прележано овие сипаници. Утре ќе одам обавезно на лекар, ама ептен се успаничив, што би можело да се случи ако и јас заболам од бебешки сипаници?
Веќе поминале 3 дена од контактот и ако не си исипана по тело не паничи ама сепак консултирај се со гинеколог. Да не ти вадам памет ама ризично е првите 3 месеци од бременоста а ти веќе си 4-та.
Матичната докторка ми е на конгрес, не е тука. А јас викендов ќе одам во друг град, дали може таму да одам на доктор? Поминати се цели 4 дена.
Можеш, на приватно со плаќање, само пази кај кој доктор, обично со закажување е нели. Олеснителна околност е да се консултираш и со матичен општ лекар во крајна варијанта, и тие имаат некои познавања
Сега дознав дека болеста на бебето е Егзантема субитум (6та болест), Бе 08.2. Што значи сега ова, мали се или големи?
Не е сипаница. Exanthema subtum е т.н тридневна треска која се карактерзира со осип сличен како кај мали сипаници или морбили. Мслам дека немаш причина за грижа ама не е лошо да се консултираш со гинеколог.
Zdravo mamicki, imam eden problem. MMaleckate dva dena mi e naflana so sitni crveni tockicinja pa se plasam dan e se sipanici. Inaku stara e tri meseci. Vo vtornikot i se pojavija na stapalata pa eve deneska e celata nafrlana. Skoro mesec ipol imame problem so kozickata .na pocetokot i se pojavi crvenilo kaj gusiceto, pa posle toa malecki lisajcinja koi pocnaja da i se lupat kako i celata koza i se lupese i sega uste ova ni falese. Ja banjam so mustela, ja mackame so krema mustela- stalatopia dva dena zaradi suvosta na kozata pa eve sega uste ova ne snajde...... kako da otkrijam dali se sipanici ili nesto drugo ???? P.S Prostete za fontot nemam podrska od mk.
^ Не верувам дека се сипаници ако се само црвени точки како што кажуваш. Инаку мојов кога доби сипаници јас го однесов веднаш кај педијатарот да ми потврди, она веднаш почна да му бара пликчиња под косата на главата. Не сум 100% сигурна ама мислам дека ако нема пликови на скалпот не би требало да е сипаници..
Имам едно прашање за вас женски... На јатрва ми детето денеска исфрли сипаници(варичела) а со мојава последен пат имаа контакт во средата,колкави се шансите и мојава да се зарази? И според вас треба ли да ја пуштам со девојчево што има сипаници за да ги прележи и мојава додека е мала има 3,5 год...или да не си ставам здрава нога во трн? совет
Има шанси и тоа големи, уште и пред да се појават првите знаци,вирусот носителот може да ја пренесе болеста.Мислам нема место за паника доколку и твоето дете се зарази..подобро е додека е помалечко,мислам.Но,секогаш има исклучоци не значи дека сигурно дека и тоа ќе добие сипаници.Ете јас не фатив и после толку контакти со луѓе што имаат сипаници,а сакав да прележам.
Колку е помала кога ќе ги фати сипаниците толку подобро. Кај возрасни луѓе сипаниците можат да доведат до многу компликации. Јас мислам дека треба да ја пуштиш да ги прележи,ама за најсигурно јави се кај матичната,прашај.
Kerka mi ne prefati sipanici iako brat i gi preleza, a i vo gradinka koga celi grupi prelezuvaa, taa ne se zarazi. Nema pravilo
Стварно незнам што да правам,знам дека додека е помала полесно ке ги прележи ама некако страв ми е Ама што е тука е,по мое гарант ке ја фати и мојава зошто во средата двете гризаа од исто јаболко
сипаници варичела Имам бебце од година и седум месеци и пред 6дена поцна да кашла да му цеди носето,после два дена почна да се исфрла не стомачето ми качи и температура му дадов сирупче амоксицилин посро др ни реце ако ни се влоши ситуација да земеме антибиотик...другиот ден се нафрли детево и на раце и на нозе и почнав да мислам дека му се сипаници пошто внучињата и двете ги фати,одам на доктор ми вика дека е алергија не ни дава никаква превентива за алергија ни вика ке се видиме за два дена на контрола снаа ми е докторка ми вика сипаници се посто му ја отвори устата и на внатрешниот дел на устата во делот на образите како две топцинја имасе и со сигурност ми вика дека се сипаници а нема на главата ништо на рацете и нозете мн малце а 5 дали наликуваат на сипаници викаат дека од ден на ден ке се исипува а уствари него му се поднамалуваат и многу сум загрижена ако е сипаница раат ке бидам ке знам што е ама ако не е