1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаници кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 19 декември 2011.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    И мене ми кажаа да не и ја мијам косата. И не ја миевме сигурно едно 10 дена (facepalm) :x
    Ние користевме течна пудра со анестезин (не се сеќавам која марка беше) и прилично лесно го поминавме тој дел со чешањето. Ама затоа по сипаниците имунитетот е многу опаднат. Нас ни требаа 6 месеци да се опоравиме од сипаниците.
     
    Последна измена: 7 ноември 2017
  2. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Точно е за имунитетот. Проверка на крвна слика обавезно по месец два. А додека се сипаниците давајте многу вит. ц б комплекс, овошје, цедени сокчиња.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Убаво објаснила @joy1, косата не се мие при сипаници, оти долго време стои влажна, добра подлога за бактериски инфекции, особено ако децата се чешаат (а се чешаат) иможе да ги разранат брунките. И со фен не е препорачливо сушење, оти полошо прави. Неколку дена се во прашање, брзо ќе поминат.
    Пудрата кај големиов немаше ефект, само хиперманганот при туширањето. И синко прилично лесно ги помина, ама после тоа имунитетот..... само надолу и надолу, се отру дете од антибиотици.
     
  4. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Само со пената на цело тело,црвенилото веднаш го смируваше.Три-четири пати на ден.А воедно и ја бајнав само со вода,без да ја измијам косата,дека така ми рече докторката.Скапа е пената ама многу сум задоволна.Кога избија,ја мачкав со пудрата,дете збудале од чешање.Ја земав вториот ден пенава и дете се смири,а имаше милион брунки насекаде.
     
    На Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    После колку денови од излегувањето на сипаниците смее да се искапи малото? Мојава е 2 год и 2 месеци во понеделникот почна да се нафрла долу на интима и по нозе,а веќе во вторникот беше целата. На лице има 4-5 околу устата а во косата нема. Сакав денес да ја искапам ама си мислам да не е рано за и главата да и ја измијам па денес само туширање косата ко ќе ги снема целосно?
    Едит: Сипаниците се веќе исушени,некои сами и паѓаат а другите вчера почна сама да си ги корни на нозе и на раце.Да не и останат лузни?
     
  6. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    Здраво , пред 2 дена бевме во контакт со девојче што другиот ден избило сипаници . Ние сме многу мали , на 16ти, 7 месеци ќе прави . Многу сум преплашена , да ми кажете искуства за сипаница кај бебе.
    Се јавив во avicena , морало 2 недели да има поминато од контактот за да покаже .
    @joy1 @Annath како поискусни ако може некој совет . Незнам како ќе ги издражам овие 2 недели ;(
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    обично помалите велат подобро поднесуваат.Од друга страна и немора да значи дека ке фатите.Има доста избор на пудри што ке се мачкате(ако фатите) и тоа е тоа.Евентуално ако качи Т ,мн мн ретко сипаница да даде некоја компликација.Го намалува имунитетот,во случај да фатите ке работите после малце повеќе на јакнење на имунитет
     
    На LiliBoz, ada21 и Annath им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.890
    Допаѓања:
    31.322
    Пол:
    Женски
    Кога малиот имаше 6 месеци бевме во контакт со дете што се исфрли со спианици по неколку дена.
    Педијатарот ми кажа дека нема што многу да се прави и само треба да се чека. Инкубацијата е две недели. Само што ми кажа ако немало мнгоу гушкање и бацување не е толку страшно и веројатно нема да префати. Плус и ако сеуште цица има малку од малку заштита (до 6 има повеќе заради антителаа што ги примило од плацента).
    Се надевам нема да префатите сипаници толку мали.
     
    На ada21 и Annath им се допаѓа ова.
  9. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @joy1 фала ти на утеха . Што е тоа е , ќе чекаме 2 недели . Се надевам дека не е заразен .
    @JoyJoy вие се заразивте ли? И мене така ми кажа педијатар да чекаме .
    Инаку не се ни допреа , немаше близок контакт .

    За жал не цица на ад млеко е . Му давам вит ц капки и сега педијатар ме советуваше за голема доза на бејби вит капки 3 недели за секој случај.
    Овој месец ќе сме во изолација во случај да префатил да не дојде и до некој друг вирус поради паднат имунитет .
     
    Последна измена: 8 февруари 2018
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    @ada21 сестра ми е сипана, јас не.
    А мали двете стално заедно, сме мешале шишиња и цуцли. Заедно спиевме.
    Нема правила. :)

    И да се сипа, не е толку страшно. Ќе си извадите редот.
     
    На ada21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.890
    Допаѓања:
    31.322
    Пол:
    Женски
    Не се зарази. Само тие две недели сирото дете само го гледав дали има нешто. Точка да му се појавеше со лупа ја гледав.
    Ако немало близок контакт веројатно ништо нема да се случи.
     
    На ada21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @duffi @JoyJoy мене ми е страв дека е многу мал :( ама здравје , се надевам нема да има ништо.
    Фала ви:hug:
     
  13. Bellissa

    Bellissa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Ќере има 4год, вчера приметив неколку брунчиња. Се сомневам во сипаница, всушност сигурна сум дека е тоа бидејќи денес има уште неколку нови брунчиња такви ко со течност но нема повеќе од 9,10.
    Претходниве денови имаше симптоми како покачена тт, течење нос и црвено грлце.
    Утре одиме на доктор да ни потврди сипаници.
    Сега мене друго ме мачи. За 7 дена имаме уплатено зимување. Незнам што да правам. Незнам дали смеам да ја носам...
    Ве молам за искуства.
    Поздрав
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Види лекарот што ќе ти каже. Со лесно да ги поминете!
     
  15. Bellissa

    Bellissa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    ^ ти благодарам Анат ❤️
    Бевме на др и ни кажа слободно да одиме на планина само многу да не ја мешаме со луѓе.
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Zenski mozno li da e sipanica ova? Sinoka imase 2 vakvi na vratceto mislev nesto go kasnalo i sega od sabajle mu gi primetiv ovie na grbceto. :worried:
    20180405_111051.jpg
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Има зад ушите и на главчето нешто? Препоните исто. Провери го убаво. Ако има таму и ако се полнат со вода, најверојатно се сипаници, а ако не, тогаш може нешто да го полазало. Не е јасна сликата, не се гледа ништо.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Nadolu nema nisto, samo ovie na grbot, 2 na vratot i 1 na obravceto. Kako fleki se crveni, ne se polni so voda. Toa ne znam dali prvo se takvi pa se ispaknuvaat ko meurcinja ili od odma se ispaknati?
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    А дланките? има на дланки и стапала?
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Nema sega za sega. :?: