Изгледа нешто го каснало.болва мува или полазало.и на моето малото имаше такви пред некое време ама док.рече од болва го каснало.и можеш да го мачкаш од течната бела пудра ако имаш побрзо ќе му мине.мн им е нежна кожата и им се створе такви како топчиња и јас мислев на сипаница.
Го има нешто полазано, @Lolipop23, не е сипаница. Од сипаницата изгледаат како пликчиња полни со вода, а овие се црвени флеки, така што може некое пајаче да се прошетало под бодито... ако минува подлого време надвор на сонцево, ништо чудно. И моево деновиве има по некое вакво.
Ни мене не ми личи вака на сипаници, ако се надујат и имаат водичка сипаници би биле... зашто и кај мене беа прво само зацрвенети и после набабрија. Инаку консултација една направи со педијатар, дали може да му дадеш Летизен, ако изчезнат значи алергииче некое е..
Fala vi mnogu devojki, mozno e nesto da go ima iskasano, po cel den e nadvor vo treva i so zivotni, taka da sega otkako se stopli znam deka ke zakaca stalno nekoi zivotinki. Cekam da stane da vidam dali se mnozat, ako da, ke go odnesam do pedijatarkata da go vidi da ne mi e na misla deka praznici fakat.
Моментално спие. Вака е весел почна и да јаде си игра.. после сме на лекар втора е докторката. Осипот се повлекува само на ладно се појавува типично за морбили кога се во фаза на повлекување. Кожата му е цело време како мокра и се поти ептен ама и тоа е нормално. Интересна е реакцијата наша, моја и на повеќето мајки, како реагираме на морбили. Докторката беше у стање два шамари да ми удри демек опрај се не е толку страшно. Велам 3ца доктори ми велеа страшно е да фати мораш да вакцинираш. А еве откако фати ми велат не е страшно до толку. И навистина. Јас се чудам како поднесува се низ игра. Дур била инкубацијата беше крш. Млитав нерасположен без апетит уво ги болеше глава го болеше и сите велеа вирус. Зашто скроз исто е. Нека не ве лаже некој дека е различно и се препознава. Не се препознава се дур не исфрли. . И искрено ќе ви кажам иако скроз не е поминато но се надевам најлошото прошло. . не дозволувајте од памет да ве вадат. Да не го пројдев ова немаше никогаш да верувам..
Да, проага брзо откако ке избие осипот, всушност она "страшното'' е периодот на инкубација додека да избие осипот после е лесно. Мислам дека претерано не плашат со морбилите, а всушност и не се така страшни како што мислевме сите, јас периодов читав многу мајки од Србија кои исто така лесно поминале па од тоа и дојдов до заклучок дека децата лесно ги поминуваат за разлика од возрасните кај кои знаат да се јават компликации.
Брзо поминува откако ќе избијат. Секое дете различно ги поднесува. Сестра ми има прележано на 7 месеци и 6 дена откако избиле била со темп 40 и освен вода ништо друго не сакала. Мојот денес е со темп 37 се поти и игра јаде чоколадо. Се е до детето. Но дека е страшно колку што го прават и дека е смртно колку што го прават не е.
Дали имате дијагноза и епидемиолошки и лабараториски потврдени морбили ? Бидејки кога би имале сомнителни морбили би ве пратиле во епидемиолошката служба или инфективно да ги потврдат .Тоа е процедура која сите педијатри мора да ја спроведат.Секој случај се пријавува и деца се хоспитализираат или се под епидемиолошки надзор. Дали сте пратени кај епидемиолог или инфектолог? Во моментов во Скопје има фамилијарно поврзани морбили ,како вашиот случај не е пријавен? Да не се работи за тродневна грозница? Колку дена траеше осипот? И те молам ако не сте сигурни во дијагнозата воздржи се од коментари како болдираното бидејки не се засновани на ништо.
Чекај зашто муабетов ми звучи ко да ме набедуваш дека измислувам дијагнози на син ми? И зошто воопшто вакви работи ме прашуваш?
Погрешно ти звучи,не те набедувам. Прашувам,кога веке пишуваш,дали имате потврдена дијагноза и кажувам каква е процедурата при сомнителни морбили. Ако немате потврдени морбили , тогаш воопшто не е во ред да тврдиш и пишуваш нешто ко болдираното,односно дека не толку страшно или смртно.
А а каде пишува дека не се потврдени? Зашто вопшто мислиш не е пријавено? Од каде таа информација дека немам пријавено? Цел форум знае дека сум медицинско лице но не педијатар но вакви основни информации чим ти ги знаеш мене уште повеќе ми се јасни. Што ти е поентата не си ми јасна?
Па ти напиша дека ти рекле дека не е морбили,неколку страни пред оваа. Од тука логично прашање е дали се или не се потврдени. Ти како родител не пријавуваш никаде,туку педијатарот односно инфектологот.
Во врска со морбилите и рубеолата, мене најмногу ме плаши ако не ги прележи сега на помала возраст. Уште ја немам вакцинирано со ммр, од други здравствени причини, ама некако се надевам ќе ги фати во меѓувреме, ако не, ќе морам да ја вакцинирам. @LiliBoz ќе може да ми кажеш кои симптоми ги имавте пред да избие осипот и каква беше крвната слика, во смисол црп, леукоцити итн. Да знам кои параметри би укажале дека се работи за мали морбили.
Напротив,Леукоцитите кај морбили се ниски,во смален број и во пад па се јавува леукопенија со лимфоцитоза. Тоа се случува бидејки вирусот кога ке дојде во лимфоцитите ги уништува леукоцитите..затоа се ниски на крвна слика кај дијагноза морбили. 36 часа пред осип се јавуваат копликови флеки во слузокожата на устата ,а макулопапулозниот осип започнува зад ушите, од глава се се шири надолу , и ја менува бојата во виолетова при крај.