Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Сипаници кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од maweja, 12 јули 2014.

  1. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    324
    Што мислите дали е подобро да го однесете детето кај некој што веќе има сипаници за да ги прележи како мал или избегнувате луѓе што знаете дека веќе ги имаат од страв дека ќе фати и вашето дете?Доколку вашето дете ја прележало споделете искуства и ваше мислење.
     
  2. LovedGirl

    LovedGirl Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Имам јас одлежано сипаници...ништо страшно,ќе го мачкате со течна пудра, и појдете на доктор секако!!
     
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.886
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам двете сипаници прележано и се сеќавам дека мајка ми намерно го носеше брат ми во мојата соба за и тој да прифати, знам дека кажуваше дека поубаво е како мал да се исипиш.
    Јас сум била мирна, не сум се чешала и немам лузни од тоа, брат ми има на лицето 2-3 затоа што ептен беше немирен и постојано плачеше.
     
  4. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    174
    Подобро е сипаниците да се прележат додека е мало детето,јас и двете ги имам прележано како мала.Знам дека јас,брат ми и братучед ми ги прележавме во исто време. Другарка ми ги имаше на 16-17 години,ги машкаше со пудрата и се,ама и останаа некои белези. Сега на некои места каде што имала сипаници и остана како бела лузна .
     
  5. Stefani999

    Stefani999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    594
    Ја еве 14 год сум ама немам ни еден вид прележано.Искрено баш сакам,додека уште не сум возрасна.
     
  6. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.382
    Пол:
    Женски
    Мaјки мoже ли мaлo бебенце и синчетo (2гoд) сипaници дa фaтaт сaмo aкo се рaзминaт ептен блискo сo дете кoе имa сипaници ???

    Вчерa oтидoвме дo пaркчетo кaј нaс и нa лизгaлкaтa синчетo (2гoд) сaкaше дa се лизне нaдoле , a у тoј мoмент другo дете дoтрчувa и се кaчувa oд дoле - нaгoре , кoгa гo видив целo сo сипaници , сaмo се прoјдoa еднo сo другo , јaс oдмa гo тргнaв и си oтидoвме , a истo и бебенцетo беше вo тaa близинa.
     
  7. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    162
    Ne
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.497
    Допаѓања:
    21.117
    @Pcelka94
    Јас пак мислам дека може, со оглед на тоа дека сипаницата се пренесува и преку дишење, поточно преку воздухот, а тие велиш се разминале. Но и не мора да значи, може и да не се пренеси.
    Следи ги малите тие две недели, и ако случајно се пренела сипаницата не паничи, децата лесно ја минуваат за разлика од возрасните. А и велиш детето било цело нафрлено брунки, што може да значи дека веќе сипаницата е во фаза на одминување и самото дете не е пренесител на вирусот.
    Ако ми е погрешно мислењето се надевам некој ќе ме исправи и упати точно како и кога се пренесува сипаницата,бидејќи ќе ни требаат познавања за таа заразна болест, и нашите деца низ тоа ќе минуваат!
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.382
    Пол:
    Женски
    И јaс јa имaм фaтенo сипaницaтa сличнo нa oвoј случaј и тoa не директнo oд дететo туку oд мaјкaтa сaмo штo искoчи oд нејзинaтa сoбa , a oвa беше oд пред 15 гoд. и сегa се исплaшив нaјвеќе зaрaди бебетo 4 месеци имa , a првoтo детенце е 2 гoд. рaзбирaм декa кoгa тoгaш и сипaници ќе прележaт aмa ете стрaв ме фaти зaтoa штo и времетo се зaвруќи немa дa смеaм ни дa ги бaњaм , aмa штo е тoa е ќе видиме вo текoт нa oвие денoви.

    Ти блaгoдaрaм нa oдгoвoрoт :)
     
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    9.560
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе помогнам, ама ете го моето искуство... јас фатив сипаници релативно доцна (варичела), во 5то одделение, а никој околу мене немаше... значи сум ги добила од некој со кој веројатно само сум се разминала...

    Но не се секирајте, не е правило. Се зависи од имунтитетот на детето.
    Кога сум била помала, сестра ми ги прележала, а јас покрај неа не. Мајка ми ме носела и кај деца кои имале за да ги прележам, ама ете... не сум се заразила и покрај огромен контакт со нив..
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    16.574
    Пол:
    Женски
    Еве и мој случај. Внуκ ми,имаше сипаници,го однесов и синκо,се гушκаа,се баκнуваа,си игρаа и се си мислев деκа ќе фати и син ми,но не. Ниκој не се пρефати,ни дρугиот внуκ,ни снаа ми(не е пρележана).
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    13.645
    Пол:
    Женски
    Jas nemam prelezhano, koga bev petto oddelenie se pojavi zaraza, pola shkolo otsustvuvashe i jas namerno posetuvav deca so sipanici za da gi fatam, ama nishto, ne mi uspea planot. Do den denes se prashuvam zoshto.
     
  13. edajagmur

    edajagmur Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Моето детенце е 5 години и еве веќе 7-ми ден е со сипаница...во меѓувреме јас се породив..и до сега бебето со сестрата не биле во контакт...дали после 7-ми ден бебето може да префати сипаница??ве молам за мислење или искуство
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.073
    Допаѓања:
    16.559
    Пол:
    Женски
    Ако во рок од две недели нема осип по телото, нема да префати. Поголемиот син прв доби сипаници и после две недели префати помалиот. Подобро да прележат сипаници додека се помали.
     
  15. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    63.885
    Пол:
    Женски
    Sin mi se isfrli id cetvrtokot, tocno 2 nedeli otkako komsiceto bese kaj nas i za 2 dena izvadi sipanici. Sega ja cekam malava kojznae i ona dali ke fati. Da fatese od konsiceto moze do sega ke imase a sega ako fatila od brat i za nekoi 2 nedeli da ocekuvam?
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.073
    Допаѓања:
    16.559
    Пол:
    Женски
    Ако за две недели не се исфрли, после тоа нема ни да се исфрли.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    63.885
    Пол:
    Женски
    Точно по 2 недели исфели и она. Добра е сега за сега ама бидејќи синко помина мн лошо со пневмонија инфузии... се плашам многу за малово сега. Колку време не ги вадите надвор со сипаници? Др мерки за заштита од доразболување? Пие вит ц се трудам колку можам повеќе ов8шје и цедени сокови. Еве големиот иште 1 недела ионака нема да оди во школо па не би требало да и довлечка некој вирус а пак ми е страв
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.964
    Во Грција до сега не сум слушнала некое дете да има прележано сипаници, се вакцинираат до 15 месеци против сипаници.
     
  19. LoveHope

    LoveHope Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    Каква е таа вакцина по состав?
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.964
    Varivax е вакцината, ако можеш пребарај на гугл и види што состав е. Сега не се сеќавам пред 3 год.кога го вакцинираа син ми да видам состав.....
    Инаку од 12-18 месеци се прима 1 доза и од 4-6 години 2 доза.
    Сега син ми втората доза треба да ја прими. А ќерка ми првата.