1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сипаници кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од maweja, 12 јули 2014.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    @danichap еве еден мој пост со скриншот од приорикс вакцината на глаксо. Тука пишува дека нема евидентирани случаи. А за крајниците првпат слушам. Ќе пробам да побарам пак, ако најдам ќе постирам.

     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Текстот не се однесува на штотуку вакцинирано лице.
    Туку веќе, предходно, вакцинирано лице, кое повторно ќе дојде во контакт со вирусот. Дека телото се бори, дека најчесто(овој збор ми бидеше во очи) се изборува, и дека дури неколку дена во крвта ќе се покаже вирусот(додека се бори телото ваљда).
    Е тука стоеше дека најчесто е успешно и антителата од вакцинита делуваат. Освен доколку отиде на крајник, па лицето не е болно но може да го пренесе.
    Ако најдеш сподели.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Вирусот на варичела ДОЖИВОТНО останува во организмот на оној што го прележал. Живее во завршетоците не нервните ганглии на 'рбетниот мозок. Во текот на животот МОЖЕ повторно да се активира, и тогаш болеста се манифестира како херпес зостер.
    За вирусот на морбили нема ваков податок, општо за вирусите за разлика од бактериите не е толку застапено здраво клицоносителство, ама не е исклучено. А штом двојно вакцинирани можат да заболат, тоа доволно кажува за ефикасноста на вакцините.

    Инаку, и моиве ја примија вакцината пред скоро две недели. Големиов ревакцина, помина засега без симптоми, малото помина со тридневна константна температура, постојани нагони за повраќање и тотално губење на апетитот. Јас сакав да ја одложам до полни три години како што ме советуваа, ама ете, морав да го направам тоа сега. Да можам да се вратам назад, не би вакцинирала.
     
    На Kitten, M&M, katte82 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Дани, најдов само податоци каде пишува дека кај одреден процент на вакцинирани (во сите статии процентот беше различен), вакцината не е целосно успешна, односно имуниот систем не реагира. Па така го прележуваат вирусот секако, но и го пренесуваат. Може текстот го има само на германски, јас на англиски не можев да најдам.

    Инаку, најдов статија со убаво објаснување за сите вакцини како делуваат. Се спомнува и пренесување на болеста од вакцинирани, па кој има време, нека читне.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Анатх, има вирус со симптомите што ги кажа. Големата беше во контакт со внук ми со истите симптоми, па сега чекаме да видиме дали и таа го префати вирусот. Може да се поклопиле вакцината со вирусот.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Нема од каде. Тотално е изолиран, никаде не сум го носела. Е сега, ако јас или мм сме го донеле дома тој вирус, тогаш според логиката од претходнава дискусија каде што тврдите дека вирус не се пренесува ако заболениот/преносителот нема симптоми, тогаш е реакција од вакцината.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Јас зборев конкретно за некој што прележал варичела, дека не може да биде носител на вирусот, односно нема такви податоци. А варичела и стомачен вирус, или бронхитичен, или не знам уште каков има, не е исто. Не мислев ништо лошо, само ти кажав дека моментално има таков вирус, што не значи дека не е реакција на вакцината.
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Зошто? Па и мојава два дена навечер качуваше Т 39° и апетитот сеуште не и е вратен, па не мислам дека сум згрешила со вакцинирањето. Тоа се чести контраиндикации, го знаеш тоа.
    Во врска со ефикасноста на вакцините доволен е фактот дека 90% невакцинирани ќе заболат, додека кај вакцинираните е само 10%. Тоа ги прави и тоа како ефикасни. Ти како медицинско лице би требало да знаеш дека било која медицинска процедура, лек или еве вакцина нема 100% сигурност.

    @azelea најверојатно родителите на девојчето се родени пред 1993, кога (ако добро помнам) е воведена втора доза ммр. Сите што се родени пред 1993 се нецелосно вакцинирани и како такви може да заболат, иако симптомите би биле поблаги (најчесто) Имаше апел, ако не се лажам, дека сите постари од 1993 до 68 годишна возраст може да се вакцинираат. Јас планирам да се распрашам дали е ова точно и ако е, да се вакцинирам.
     
    На JoyJoy и azelea им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Моево имаше константна температура што варираше од 37.4 до 38.5. Многу беше омалаксан, ништо не јадеше, само вода пиеше, а од секое јадење добиваше нагони за повраќање само штом ќе го видеше. Сега е подобар, фала му на Бога.
    Препораката од матичниот доктор беше да се почека до три полни. За сите вакцини се советувам со неа, ми ги знае децата. Со причина ми препорача подоцна. И ти подоцна од препорачаната возраст по календар вакцинираш, зошто? Зошто не си ја вакцинирала на 13 месеци?

    @NarCis@ секој што прележал варичела е вирусоносител. Оти вирусот останува во човечкиот организам доживотно. Ова ми е учено на факултет, не го измислив, се знае точна локација. И може пак да се активира и кај лицето што еднаш прележало варичела, да предизвика херпес зостер. Не се исклучува можноста лица кои прележале одредени вируси да ги пренесуваат истите.
    Секако дека не се исти вирусите на сипаници, стомачните и респираторните... Имаше доста случаи на детска клиника хоспитализирани токму од стомачен вирус. Ама стомачните вируси генерално не поштедуваат никого, симптоматологија има кај сите кои биле во контакт. Некој полесна, некој потешка. Никој дома кај нас немаше никаков симптом, затоа мислам дека сето тоа е реакција од вакцината.
     
    Последна измена: 23 јануари 2019
    На Kitten, azelea, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    @Annath читав нешто за овој вирус, херпесов.
    Дека лице заболено од варичела не може да заболи повторно, ни може да се активира овој вирус?
    Но како што сфатив и дека лице, со активиран овој вирус, може да биде преносител на варичела.
    Има нешто вакво?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Според микробиолошките книги од кои учев, може. Вирусот сите го имаме. А се активира со драстичен пад на имунитетот. Тогаш се јавува втората варијанта на болеста, херпес зостер кој е прилично болен, има исти пликови како кај варичелата, со таа разлика што се јавуваат главно на торзото, еднострано.
    И да, лице болно од херпес зостер може да го пренесе вирусот кај лица кои не прележале варичела.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Значи сепак мора да има симптоми, како осип? Не може да го пренесе вирусот, а да нема никаков симптом.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Зетот мој имаше ова пред 2 години. Внуката фати сипаници, а се чуделе што е со таткото кога прележал сипаници.

    @Sexybaby86 мислам ти имаше пишано дека во систина лежи другарка ти со морбилите. Бев деновиве и баш се распрашував бидејќи ми беше страв за детето. Ми кажаа не смееле да примаат пациенти со морбили. Одма на клиника се праќале. Само 2 случаи имале да дојдат заболени. Одма на клиника ги пратиле. Истиов муабет на 3 места го проверив. На педијатрија, ургентно и лабораторија.
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Имаше бурна алергиска реакција некаде на 14 месеци. Додека направивме испитувања за да откриеме дали е алергична на јајце поминаа 3-4 месеци. Потоа тргна во градинка, па варичела фати :( Во меѓувреме антивакс кампањата беше прилично агресивна, па и тоа имаше голем удел за да одложувам... Се додека самите антиваксери не ме убедија да вакцинирам :) Требаше летово, ама несериозно си ја сфатив работата :(
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Пошто каша-попара направивме со мислењата :|
    Screenshot_20190123-223159.png
    Значи сепак мора да има симптоми, за да се пренесе вирусот, односно според напишаното, преку осипот. Не може само да е носител и да го пренесува. Така да, @AngelOfArh нека нема грижа на совест маж ти. Ако немал симптоми, односно осип, не го пренел вирусот.
     
    На Sexybaby86 и duffi им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Факт е дека генерално треба да има симптоми да се пренесе. Ама никогаш, никогаш не е исклучена можноста некој што прележал, да пренесе активен вирус добиен од заболено лице. Небитно за кој вирус се работи. Ама бидејќи не е докажано научно, не се зема предвид. Јас верувам дека може да се пренесе. Кога некој ќе прележе некоја болест, не значи дека не може да фати активен вирус од заболен. Организмот ќе го препознае поради memory cells што сите ги имаме, а се создаваат кога се прележува болеста, и нема да се појават симптоми. Ама вирусот нема да се исфрли веднаш, или да избега, останува во организмот додека не биде уништен од имуниот систем. Затоа верувам дека може да се пренесе.
    Фактот што човекот е резервоар/домаќин на варичела зостер вирусот е причина што има постојано случаи на варичела, во текот на цела година.
     
    На Lolipop23 и mariz им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.483
    Пол:
    Женски
    И мојата ги имаше симптомите, т.е. само висока температура точно 3 дена и почна на 8ми ден од вакцина. Баш како што ми кажаа да очекувам, и ми нагласија ако престанат симптомите дека се од вакцина а ако продолжат да одам на доктор за да провериме да не закачила нешто друго.
    Јас ја вакцинирав летоска и сега во ситуацијава викам фала богу што ме разубедија да ја вакцинирам тогаш, не бев против туку мислев прво да и ставам дтпр втората доза или стрептокока, ама ме убедија дека со оглед на тоа што не била некое време болна, со оглед на возраста дека е прав момент. Јас имам многу лошо ускуство после варичела со децава, па си викам камо да имаше вакцина и за варичела.
     
    На azelea и NarCis@ им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Не, не реков дека не е од вакцината, ама според симптомите има и таков вирус, кој ќерка ми, да не остане покусо, го закачи. Втор ден со температура, а од вакцина сигурно не е.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Префати ли беба варичела кај вас?
    Мојата беба не, а дадата веќе ја мина! Можеби дека помалата уште цица, ама баш се изненадив дека стварно цело време беа во контакт, уствари заедно цел ден, се гушкат, па и од иста чаша се имаат напиено... Сепак помалата немаше сипаници!
    Кај вас?
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ни нашата беба не :) :party:
    Ептен сум среќна.
    А исто како и кај вас, ја бацува малата, бришат раце од ист пешкир и слично.