Колку време помина? Кај Китен знам повеќе поминато има. Ако се веќе 20+ денови поминато, не би требало да избие. Синчето изби на 24ти Август, а јас на 6,7ми Август, значи некои 18 денови по моето избивање. Инаку избив на одмор јас, вториот ден си тргнавме дома, таму бевме во ист смештај со мајка која нема прележано и девојче од 2ипол години, они па не фатија
Има и кај Снегулката повеќе време сигурно. Мислам фатија сипаници пред нас. Кај мојава се појавија на 5ти јануари, што значи била заразна во периодот 1-10 јануари, и рачунам уште 20 дена инкубација, а веќе помина 30ти така што спасени сме!
По вас сме @Kitten . Се сеќавам дека прво тебе те прочитав и одма помислив - леле и бебево сега ќе го фати. По кратко време и кај мојата покажа сипаница. 13 јануари беше првото брунче кај големата. Малата уште ништо нема. Мислиш има шанси допрва да покаже?!?! @mariz се сеќавам на вашиот случај! знам дека беше многу исплашена дека трудна со малата! Ама ете се супер заврши.
Заразно е пет дена пред да избие осипот и уште 5-6 откако ќе избие. Значи твојава била заразна до 18ти отприлика и на тоа додај уште 20 дена за да бидете во сигурна зона
Мојава изваде варичела вчера, префатено од Херпес зостер. Нема температура кренато,а еве уште вади нови брунчиња.Ја однесов на доктор, пудра и Пико Б комплекс ни даде, утре на контрола. Можно е допрва да крене температура или досега ако немала, нема ни да има?
И син ми минатиот месец имаше варичела и супер помина, немаше ни температура ни ништо се нормално како и пред тоа се однесуваше. Имаше премногу пликови со вода и му беа големи. Мене ми беше потешко да го гледам таков.
Се што може да се фати во градинка, си фати. Се по пропис. Незнам што е најдобро за мачкање. Лекар вика клинпокс, ама многу се чеша. И на јазик има, па и не јаде. Брзо и лесно да поминат само.
За сушење на брунките убаво е во последната вода на бањање да има растворено сосем малку калиум перманганат. Поксклин го фалат, ама има и доктори кои советуваат антихистаминик за чешањето. Лоратадин на пример. Сепак прашај си доктор, не на своја рака. Со лесно.
На синко му препишаа фенистил капки против чешањето. Незнам дали ги има МК. Јас само еднаш му дадов, не го чешаа многу.
Мачкавте ли нешто на сипаници во поминување? Некоја крема за регенерирање на кожичето? Пантенол? Ваљда нема дупки да останат....
Јас мачка Јекодерм, веднаш почнаа да бледеат местата каде што беа сипаниците. Добар е за епителизација.
Deteto na jatrvata prethodnata sabota izbilo sipanici (varicella). Denes bese vo kontakt so moeto. Mojata moze da izbie?Vekje mu bea pominati, osmi den mu e denes.
Lele se plasam.Taa bez nikakov oset ej. Ne mozam vekje. Mi ide u pm da ja oteram. Ne kazuva predvreme.