Што па и ќутиш ти. Само се нервираш тука, а пред неа си ќутиш. Не верувам дека може да префати. Арно во инкубација дур била не сте се дружеле.
Ако не се исушени брунките, заразно е детето. Без разлика колку време поминало од појавата на последните брунки, ако не се суви, болниот е заразен.
Оф, како бе? Леле колку се нервирам сега.Имаше на грбот неколку, не знам дали се исушени, а ме убедуваа со свекрвата дека е поминато. Срам да им е. А роденден ќе спремаме крај на месецот, уште тоа фали сега. Значи ми е преку таквото од неа веќе, знае дека не сакам да ја мешам со болни и еве што прави. Ако фати мојата, ќе раскрстам со неа дефинитвно. Многу сум изреволтирани од несовесни луѓе.
Кукла, ме фаќаат во тесно, не кажуваат предвреме и јас ако бегам од детето одма ќе ме направат лоша, намќор. Они тврдат дека се поминати, ама еве сега прочитав дека имало врска дали се исушени или не. А не знам дали се.
А по раце и лице немаше детето? Синко кога го фати, дали таква му беше кожата многу споро му заздравија, едно две па ако не и три недели беа бели од пудрата и не се миеше тоа, се додека не падна корупката он имаше бели точки насекаде. Ми беше незгодно да шетаме зашто некој кога ке види така дете, мисли дека сеуште е детето заразно. Инаку најзаразни се пред да избијат и 3,4 дена од избивањето, нас суви ни беа веќе 4ти,5ти ден. Синко изби 25ти, 26ти Август, а јас 7ми Август. 18,19 дена од моето избивање.
Дур се полни со течност внатре се заразни. Мала е веројатноста на 8ми ден да не се суви. Знам дека ќе паничиш, па и не ти ни пишав вака. Не би требало да префати.
Во понеделникот и јатрвата се исипала, немала прележано, а тогаш тврдеше дека имала. Кога да очекувам јас за моево доколку фати? Уф, се нервирам многу, во недела ни е закажан роденденот, се е организирано, пукам од нервоза
Обично температура, малаксаност, губење апетит, после неколку дена осип. Но не мора да значи. Може осипот да се појави директно.
Јас и синчето немавме никакви симптоми предходно. Инаку кога ми избија не знаевме што е, бевме на море во Грција со пар со 2г дете во ист апартман. Вториот ден веќе добив поголем осип и тогаш во амбуланта таму ми заклучија дека се сипаници. Трет ден сабајлето тргнавме накај Скопје, веќе лом бев. Мајката и девојчето од 2г немаа прележано и очекуваа да фатат, ама не фатија ни двете. А тие денови се заедно бевме, во иста кујна јадевме, само кога спиевме не бевме заедно. 5 дена заедно бевме и не фатија.
Во групата во градинка кај ќерка ми имало 2 деца со варичела. Ќерка ми не е исфрлана но во понеделник одиме на одмор. Дајте совет што да спремам и што да правам ако се исфрла таму, освен што ќе треба да бега од деца... смее ли да се бања во море? Смее на сонце да се појави?
Јас избив на море, кренав и темп (а трудна бев), па затоа одма се вративме дома. Таму совет во амбулантата добив ако не си одиме да не влегувам во море, додека избиваат не смее да се мокри и да седам под чадор. Инаку мое дете да избие јас не би го мешала со други, не би го носела на плажа 3,4,5 дена додека избива зашто тогаш е најзаразно.
Kaj nas vo gradinka izbi nekade vo mart. I uste ja ima... mislam nema dete sto ne dobi sipanica. Prvata izbi pred mesec ipol, vtorata tocno po 2 nedeli a tretata tocno 2 ned pd vtorata. I taka celo leto si imame sipanici... me cudi sto dvete ne fatija zaedno a sekogas se zaedno i se bile vo isto vreme vo kontakt so zabolenoto dete. Близначки се. А третата пак не фати од првата, а нпн стоп беа заедно. Како и да е поминавме со по 5 дена тт и мноогу осип... А за заразни се 2 дена пред да избие и се додека не е исушена и последната брунка. Еве мојата и е 10ти ден па уште има неколку со водичка. Важно малку е мачнп, ама имајќи предвид дека кога тогаш сите факаат варичела, подобро порано да им помине редот
Мајки пред 9 дена малиот фати сипаници, варичела, веќе пукнати му се сите, има само уште едно на прстето од ногата. Ме интересира дали знаете до кога може да пренесува, кога можам да си го земам дома. Јас сум прележана, ама имам бебе од една недела, па да не ризикувам
после колку време од избивање пративте дете во градинка? знам кај сек8ј е различно од сушење до губење на брукичките колкав период помина?