Од кога ке се засушат веќе не е заразен, обично до кај 5тиот ден. Инаку и пред да избиваат се заразни некои 2,3 дена, но ако цица бебе не би требало да фати. Доста знам што поголемите им фатија, а малите што цицаат не прележаа. Ако му се исушени убаво, не е веќе заразен.
Да суви му се, веќе почнуваат и да му се лупат. Малата цица, а се немаат видено сеуште, дента кога се породив фати сипаници и пред да дојдеме дома со малата тој кај баба му замина. Ќе си го земам денес, па што биде нека биде.
Здраво, знам дека е лоша сликава ама веќе го намачкав со пудра немам поубава. Личи ли на сипаница? Прво на челото му излегоа неколку, па почнаа сега и на рачињата и нозете, на мешето и на грбот нема ништо. Црвени се го чешаат и имаат како мало бело врвче. Температура немаше дирекно се исипа. Абе марфи кога се разболува мора да е петок вечер, да неможам да го однесам на матичен. Незнам што да правам дали да го носам на дежурен сега или да чекам до утре да видам како ке се одвива.
обично е на понежни места, но нема правило... мене на гради едно ми излезе и доле на интима прво, на сестра ми на рамења мислам прво, а на син ми на челото првите 3...
Фала ви девојки, на син ми на дланка денес приметив едно брунче, не ми личи на сипаница, ама бидејќи сум во исчекување да фати оти има кај нив во градинка, само го проверувам. Не за друго, утре славиме роденден, не би сакала да го откажеме, наредната недела нека избива ако сака не ми е страв.
Исто. На еден саат ја проверувам да не има нешто. Пола од децата не одат во градинка од нејзина група, со сипаници се. Со лесно да е само.
Обично на топлите места на телото, ама еве кај секое дете е различно. Моето имаше под мишка ,на препони и позади уши.
Кај мене малата имаше 2 на лицето, две на градите 1 на грбот 2 на ножето и 7-8 на дланките и толку. Не ја осетивме сипаницата
Сигурна си дека тоа беше варичела сипаници? Ти потврди некој? Зашто те читам и во др тема пред 1 нед викаш и излегле, а веќе поминати. Кај мене (сите 3ца фативме пред 2г), сестра ми и синчето 3 недели требаше за да заздрават брунчињата. Те прашувам зашто и дете на познаничка изби нешто и ај као сипаници беа, ама по некоја година фати стварно сипаници, тоа првото не биле сипаници. И на другарките децата сите што фатија исто поминуваа, осип низ цело телце, како пликови со вода, па им треба време за да се засушат. А ти викаш и помина сипаницата, а пред 1 нед изби?
И мора да се заведе кај матичен педијатар дека е прележано. Големиот го однесов кога му избија брунките, иако знаев дека е варичела, немаше температура, ама сепак го однесов да заведат дека има прележано.
Па кога избија др рече личи на сипаници ама нем мн за да видиме за сигурно и после тоа излезија уште и со вода се наполнија. Се познаваше дека е сипаница
И моето помина со многу малку брунчиња. Имаше едно дваесетина и толку. Тројца лекари го прегледаа меѓу кои и еден инфектолози во пензија и сите рекоа варичела е. Битно беше да има барем едно во косата (а он имаше баш само едно). Побитно беше како изгледаат брунчињата, а не колку ги има.
Абе океј и сестра ми со 10 помина ама не и поминаа за една недела. Пак и на тие време треба за да се засушат.